Контакт

концерти

Концерт на „Дактили“ вечерва во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ (сала „Фросина“), ќе се одржи концерт на бендот „Дактили“.

Kонцертот може да се следи и во живо, но ќе биде пренесуван и преку социјалните мрежи.

Настанот е организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор, што значи дека бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан, а задолжително е седење на позицијата означена на билетот.

Билетите по цена од 100 денари се достапни на билетарницата во МКЦ.

Бендот „Дактили“ е оформен 2018 година во Струмица од страна на Ставре Ангелаков, Столе Велков и Душко Манушев. Најпрвин почнува да дејствува како инструментален (авторски) бенд и како таков настапува на повеќе локали во југоистокот на Македонија. Во таа прва етапа од приказната на „Дактили“ е снимено едно парче музика (EP) со наслов Ventana de Passillo, кое е всушност снимка од нивниот настап на „Лузерфест“. Набргу, пред самиот крај на 2018 година, кон составот се приклучува и вокалистот Милан Анастасов. Таа четворка (Ставре, Столе, Душко, Милан) во 2019 година настапува на фестивали (Strumica Open-Fest, „Синестетика“, „Сирова култура“, „Д-фест“, „Слободна зона“ итн.) и го снима првиот студиски албум „Рандом дестинација“ во студиото „Ал-Шар“ во Скопје. Во почетокот на 2020 година „Дактили“ настапува на „Земјотрес“ и го објавува албумот како самоиздание на повеќе интернет-платформи. Во август 2020 година на тапанарското столче седнува Љубен Маџиров и во тој состав „Дактили“ успева да направи концертна промоција на албумот во амфитеатарот во Струмица.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Гала оперски концерт во рамки на „Есенски музички свечености“

Објавено пред

На 4 ноември со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт, настанот кој е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020.

Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт мајстор е Јане Бакевски, а хор мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт со виртуозната Алина Баева

Објавено пред

Филхармонијата в четврток во 20 часот ќе одржи концерт на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите виолинистки на светската музичка сцена – Алена Баева од Русија. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во Д-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата број 4 од Л. В. Бетовен.
Концертот за виолина и оркестар во Д-мол, оп. 23, е единствениот што го напишал германскиот романтичар Роберт Шуман (1810 – 1856). Концертот останал неоткриен речиси 80 години по неговото создавање. Делото има три става и во него поеќе се чувствува класичниот манир на неговата подоцнежна музика сублимирана во „Рајнска симфонија“ отколку поетскиот и страстен стил во неговите рани дела.

Многу често маргинализирана, Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен (1770 – 1827), живее во сенка на подинамичките Трета и Петта симфонија. Напишана по монументалната „Ероика“, хронолошки, но не и во силот, Симфонија бр. 4 е многу поблиска до класичниот стил на првите две симфонии отколку романтичарскиот и подраматичен контекст на подоцнежните оркестарски дела на Бетовен. Иако со векови живее потисната меѓу две симфониски ремек-дела, Четвртата симфонија совршено го рефлектира раниот класичарски дух на Бетовен, неговата јасна и прецизна мисла и префинето чувство за креирање боја и оркестарски колорит.

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент, кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен ја стекнал својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и во Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што добил наградата за својот придонес во културата во јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин диригент и со оркестрите на добропознатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург. Во изминатите години многубројни оркестри во светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и во Мексико.

Алена Баева бргу се етаблира како една од водечките виолинисти на својата генерација, со веќе завидна кариера зад себе и настапи со најдобрите светски оркестри и диригенти. На шеснаесетгодишна возраст Баева е добитничка на Гран при на 12. натпревар „Хенрик Виењавски“ во Полска (2001), како и награда за најдобра изведба на современо дело. Подоцна, таа е добитничка и на Гран при на натпреварот „Николо Паганини“ во Русија (2004), вклучувајќи ја и специјалната награда со која ѝ се дозволува да настапува една година со виолината „виењавски“, изработена од Страдивариус во 1723 година. Баева исто така е добитничка на златниот медал и наградата од публиката на натпреварот „Сендаи“ во Јапонија (2007). Репертоарот на Алена Баева опфаќа повеќе од 40 концерти за виолина и оркестар. Покрај честите телевизиски и радиопреноси на нејзините настапи во Европа, Азија и во Северна Америка, исто така таа има и завидна дискографија, која содржи дела од Брух, Шостакович, Шимановски, Дебиси, Пуланк, Прокофјев итн.

Алена Баева настапува со диригенти, како што се: Владимир Федосејев, Пабло Ерас-Касадо, Кшиштоф Пендерецки, Сакари Орамо, Томас Зандерлинг, а особено долга соработка има со Валериј Гергиев и Владимир Јуровски. Нејзините партнери за камерна музика ги вклучуваат: Марта Аргерич, Јури Башмет, Стивен Исерлис, Николај Лугански и Миша Мајски, а редовен партнер ѝ е пијанистот Вадим Холоденко…

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на кваретот „Куарем“ во малата сала на Филхармонијата

Објавено пред

Квартетот „Куарем“ (Франција, Аргентина, Куба и Реунион) на 21 октомври (среда), во 20 часот, ќе одржи концерт во малата сала на Филхармонијата.

Квартетот „Куарем“ е невообичаен гудачки квартет формиран од виолинистите Родриго Бауса и Федерико Натан, виолистот Оливие Самуилан и виолончелистот Гијом Латил. Четворицата музичари имаат различна музичка заднина и искуство и како изведувачи и како композитори.

Родриго Бауса и Фредерико Натан се запознаваат уште како студенти во Уругвај во 2002 година и остануваат во контакт иако по студиите се селат во разни градови во Европа. Двајцата делат интерес кон класичната и кон популарната музика. По запознавањето со францускиот челист Гијом Латил и виолистот Оливие Самуилан, во 2013 година го формираа квартетот „Куарем“.

За овој невообичаен ансамбл, диверзитетот на секого од четворицата музичари е неисцрпен извор на инспирација во контекст на композицијата, импровизацијата, ритамот и експресијата. Во новиот проект Danzas квартетот „Куарем“ создава целосно оригинален репертоар инспириран од традиционалната музика за танц од Аргентина, Франција, Реунион и од Куба. Елоквентноста на квартетот, како и неговата исклучителна техника на импровизација, потхранета од јазикот на џезот, се среќаваат на едно место и создаваат универзално музичко наследство. Секоја од композиците ги инспирира членовите на квартетот да нурнат во сосема нова област за истражување.

Во овој проект на квартетот „Куарем“ им се приклучува и извонредната перкусионистка Наташа Роџерс.

Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на телефонскиот број 02/3238 182 и да се купат онлајн на нашата интернет-странцата на Филхармонијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Советот за безбедност заседава во Вилата Водно за ситуацијата со Ковид-19

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ започна деветтата седница на Советот за безбедност на којашто се разговара за актуелната ситуација...

Економија50 минути

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија1 час

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет1 час

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија4 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет4 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија4 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа14 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија15 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија15 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет18 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија22 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие