Култура
Концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“

Во понеделник на 4 април во фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ под диригентската палка на маестро Борјан Цанев ќе ги изведе делата АДАЃО за гудачки оркестар од Кирил Македонски, ЦИКЛУС за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски, ПОЕМА за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, ЗАПИСИ за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, КОНЧЕРТИНО за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и КАЛЕШ АНЃО за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
По 11 успешни детски театарски претстави Скопје Сити Мол и Синеплекс најавуваат продолжување на Мој театар – Сити театар наесен

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го организираше во партнерство со Синеплекс.
Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс киното можеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо. Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар – Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.
„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар – Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања – сѐ што сакаат“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.
Повеќе информации и фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.
За Скопје Сити Мол
Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето веќе препознаен како обележје на модерно Скопје.
Освен модните брендови, понудата на Скопје Сити Мол ги опфаќа и сите сервисни услуги, потреби за домаќинство, козметика и убавина, книжарници, детски катчиња со забавен и едукативен карактер, тематски и
семејни ресторани, брза храна, кафулиња, кино, играчница и многу други содржини кои заедно придонесуваат купувањето и дружењето да станат вистинска, врвна забава. Оваa година Скопје Сити Мол го слави 10-от роденден. www.skopjecitymall.mk
(пр)
Култура
„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”

Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое го загатнува најважното за секој човек – животот. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Симона Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање на секој човек.
Петреска преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање, благосостојба… Преку своите лични искуства и анализи таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.
Авторката си поставила цел со книгата да му помогне на читателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен, поосмислен живот, менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.
Нејзината цел е остварлива, секако, ако читателот се нурне во напишаните редови. Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови што допираат до сечие срце.
„Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија“, вели мотиваторката Петреска.
Инаку, книгата можете да ја најдете во сите книжарници на „Три“ и на „Книга.мк“.
ПР
Култура
Откажани двете претстави на Драган Маринковиќ-Маца во Скопје и во Битола

Двете претстави на познатиот комичар Драган Маринковиќ-Маца, во Скопје и во Битола, кои требаше да се одржат на 27 и на 28 мај, се откажани поради болест на актерот.
Маца во Македонија требаше да ја игра хит-претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“, која го освои регионот и досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе.
На сите оние што ги купиле билетите средствата ќе им бидат вратени на местата на кои ги купиле.