Контакт

концерти

Концерт на Лиза Џерард на 8 октомври во Македонската филхармонија

Објавено пред

Австралиската пејачка Лиза Џерард на 8 октомври ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Билетите се пуштени во продажба, од кои првите 300 се за цена од 1.000 денари.

Лиза Џерард е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната постпанк-музичка сцена на крајот на 70-тите во Мелбурн ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.

Во професионалната биографија на Лиза Џерард се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл „Гладијатор“, таа и композиторот Ханц Цимер беа наградени со „Златен глобус“.

Лиза Џерард ќе настапи со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната награда „Греми“, The Mystery Of The Bulgarian Voices.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Зографска-Беличанец: Купивме локација во Охрид за да бидеме поблиску до Охридско лето

Објавено пред

Музичката програма на годинешното 59. издание на Охридско лето беше заокружена вчеравечер со авторски концерт на великанот на македонската класична музика, композиторот Томислав Зографски, со што и фестивалот се вклучи во одбележувањето на големиот јубилеј, 85 години од неговото раѓање.

На подиумот во црквата „Света Софија“, каде што во текот на изминатите 40 фестивалски вечери се одржа најголемиот дел од концертите на класична музика, синоќа настапија македонските уметници – флејтистката Билјана Камчева, кларинетистот Ристо Ѓоревски, Марјан Милошевски на фагот, пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, гудачкиот квартет „Зографски“, како и баритонот Горан Начевски.

Извонредната македонска пијанистка Даница Стојанова ја изведе една од најголемите и најизведувани композиции на Томислав Зографски – „Суита за соло пијано“, што ја има на својот репертоар и кога настапува на концерти во странство.

„Ние, македонските уметници, синоќа ги изведовме капиталните дела на Зографски, кои, секако, ги имаме изведувано и надвор од границите на нашата држава. Како што можеше да се чуе од публиката и аплаузите, имавме прекрасен концерт и пријатна атмосфера. Јас лично ја изведов ‘Суитата за соло пијано’ од Зографски, која како дело е едно од најизведуваните и најслатки негови композиции, но е доста комплексна. Се разбира, голема е одговорноста да се настапува на ваков тип концерти каде што немате свој целовечерен момент, туку само неколку минути за да покажете сè што умеете. Се надевам дека ние го покажавме она што го чувствуваме за музиката на Зографски и јас сум особено среќна што ми се укажа таа можност“, вели пијанистката Стојанова.

Даница Стојанова денес е една од најреномираните професорки по пијано и камерна музика во средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што постигнува високи резултати со своите ученици на државната и меѓународната сцена.

„Македонското творештво е застапено на сите мои концерти. Тоа стана моја програмска традиција. Имаме прекрасно македонско класично творештво и морам да кажам дека во текот на последните 10 години настапувам во Европа и Азија и имам фантастичен приод на македонските автори. Се разбира, тоа им го пренесувам и на моите ученици“, додава Стојанова.

Помеѓу публиката, која синоќа го проследи концертот со дела од Томислав Зографски, беа и сопругата на композиторот, Панда Зографска-Беличанец, како и нивните ќерки.

„Ние како семејство и фондација решивме целата оваа година да го одбележуваме јубилејот, 85 години од раѓањето на Зографски, затоа што ова е висок јубилеј и сметавме дека со повеќе настани во текот на целата година ќе биде поинтересно и за публиката. Многу сум задоволна од концертот на Охридско лето затоа што тој уште како многу млад беше вклучен во фестивалот“, вели Зографска-Беличанец.

Сопругата на Зографски со години е дел од публиката на фестивалот Охридско лето, но се присети и на фестивалските изданија кога заедно со композиторот доаѓале во Охрид токму за фестивалот.

„Зографски е врзан за Охридско лето уште од најраниот творечки период, уште од 1965 година, кога на петгодишниот јубилеј на фестивалот, заедно со маестро Ловро Маточиќ, ја изведе неговата ‘Фантазија Корале’. Во оваа пригода ќе откријам нешто што досега никогаш не сум го обелоденила. И локацијата што ја купивме во 1967 година во Охрид ја избравме за да се биде на Охридско лето. Зографски имаше намера и пијанино да донесе тука, но, за жал, не дочека. Но, најважно е да се слави неговата музика. Секогаш велам дека е најважно да се изведуваат и Зографски и македонската музика, а времето ќе си ја оценува вредноста. Меѓутоа, мора да се слуша. Јас им сугерирам и на нашите уметници што одат во странство, редовно да ставааат домашно дело на репертоарот. Како публиката надвор поинаку ќе чуе за нашата музика. Во нашата музика има нешто специфично што им е ново на странците“, додава Панда Зографска-Беличанец.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз не само поради неговиот личен опус туку и поради влијанието што го имал во создавањето нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност, каде што бил декан и продекан.
Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија, како и во поранешна Југославија.

Прикажи повеќе...

концерти

„Охридско лето“ утре одбележува 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт посветен на јубилејот, 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски.

На авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски“.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија,Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казакстан, Русија, Швајцарија, Србија и Кина.

Прикажи повеќе...

концерти

Младиот пијанист Величков се претстави на „Охридско лето“

Објавено пред

Mладиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија кој со пијаното другарува уште од шестгодишна возраст синоќа се претстави на фестивалот „Охридско лето“ музицирајќи под сводовите на црквата „Света Софија“.
Лауреатот, победникот на многу натпревари за млади пијанисти, вечерта ја започна со Прелудиум. Опус 3 бр.1 од Сергеј Рахмањинов, а ги изведуваше и делата за пијано од синоќешната програма.

„На фестивалскиот репертоар се претставив со композиции од Сергеј Рахмањинов,со Етидитите на Александар Скрјабин, како и со композиции од Модест Мусоргски. Исто така, свирев и дела од двајца бугарски композитори, Красимир Кјуркчијски и Александар Владигеров. Со пијаното сум од мојата шестгодишна возраст и се надевам дека публиката беше задоволна од она што јас го научив во изминатите години“, рече младиот уметник Величков.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија.

Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Веќе трета година тој е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

„Студентите се малку помлади од мене и многу добро се согласуваме. Јас го давам максимумот од себе да им го предадам целото мое знаење и вештини, и се надевам дека успевам во тоа“ појаснува Величков.

Извонредниот уметник првпат настапува на„Охридско лето“ и како што вели, голема е честа да се настапува на еден ваков фестивал којшто ги носи најголемите уметнички имиња од светот на класичната музика.

Прикажи повеќе...

Најново

Hitech3 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија10 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија12 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија12 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија13 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија14 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет14 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет15 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет15 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет15 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија16 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет1 ден

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион1 ден

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа1 ден

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ1 ден

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ1 ден

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија2 дена

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Досие