Контакт

концерти

Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фаме’с“ со виолинистот Даниел Роланд

Објавено пред

В понеделник, 22 мај, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Филхармонијата заеднички концерт ќе одржат Младинскиот оркестар на Европска Унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с“, кој работи во Скопје. На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите британски и светски виолинисти – Даниел Роланд. Концертот е со наслов Earth4All и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета.

dobivaj vesti na viber

Младинскиот оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2.500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ. На крајот на 2022 година Оркестарот со гордост го претстави својот нов дом во Графенег, поддржан од Владата на Австрија. EUYO соработувал со голем број врвни светски музичари, почнувајќи од светски познатиот диригент Клаудио Абадо, кој е еден од основачите на овој оркестар, па сè до нивниот шеф диригент – Василиј Петренко. Оркестарот досега реализирал стотици концерти на петте континенти, вклучувајќи ги настапите и на „Би-би-си промс“, „Карнеги хол“ и „Музиквереин“ во Виена. Неодамнешните проекти ги вклучуваат и серијата концерти „Мир во Европа“, „Музички хаб Австрија“ и „Кафе Баухаус“. Сите овие иновативни проекти се поврзани со тековните и моментни прашања, кои ги засегаат општествата. EUYO е поддржан од програмата „Креативна Европа“ при Европската комисија и 27-те земји членки на ЕУ.

„Фаме’с“, европскиот оркестарски изведувачки институт, претставува музички образовен центар, кој е создаден во рамките на компанијата „Фаме’с“, која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на „Фаме’с“ во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа. Овој проект е дел од програмата за Паневропски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија. Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку разни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство. Главен фокус во овој институт има дејствувањето на оркестарот, кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика, како и професионално снимање оркестарска музика. Институтот „Фаме’с“ беше домаќин на голем број млади музичари од повеќе земји од Европа (земји учеснички во програмата „Креативна Европа“), како и врвни музички уметници, кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив се и диригентот Тимоти Редмонд, „Колсимча бенд“, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, „Куареим квартетот“, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети и Емили Дејвис.

Виолинистот Даниел Роланд е еден од водечките на светската музичка сцена. За него велат дека „звучи како ниту еден друг виолинист и дека креира специфичен звук на инструментот на кој свири“ (Шарлот Гарднер, „Грамофон“), дека поседува „гламурозен тон“ (Ричард Бретби, „Грамофон“), „фасцинантен тон, во кој има деликатни финеси“ (Тим Ешли „Гардијан“)…

Роланд се етаблира на светската музичка сцена како изведувач со харизма и авантуристички дух, кој изведува различен репертоар. Изведува музика од Бетовен, Брамс, Елгар, Корнголд, Прокофјев, Шнитке, а соработувал со водечки диригенти и солисти. Изведува и современа музика – концертите на Вакск, Линдберг, Глас, Сааријаго и Ван дер Аа. Роуланд е и пасиониран камерен музичар, настапувал со Ајви Гитлис, Николас Даниел, Ана Федорова, Нино Гветадзе, Мајкл Колинс, Елвис Костело… Бил член и на квартетот „Бродски“, еден од водечки камерни состави во светот. Освен што редовно настапува на светските музички сцени, Роланд работи и како професор на Кралскиот колеџ во Лондон.

Концертот на Младинскиот оркестар на Европската Унија се реализира како соработка меѓу Институтот „Фејмс“ и Филхармонијата.

концерти

Концерт на The Flamenco Thief во МКЦ

Објавено пред

Beчерва, со почеток во 20 часот, концерт во МКЦ ќе одржи гитаристот The Flamenco Thief.

dobivaj vesti na viber

Влезот е бесплатен.

Како неверојатно инспиративен музичар, сетовите на The Flamenco thief ја ползуваат гитарата како перкусија редејќи нивоа на метрономски прецизни хипхоп-битови, кои создаваат уникатен амбиент, со кој многу малку музичари смеат да се пофалат.

Влијанијата од ска, хипхоп и џипси свинг-музиката се евидентни во неговите изведби, кои директно му помагаат да изгради специјално селектиран каталог на песни, кои се интелигентни, ама широко достапни.

Во неговите композиции одѕвонува фламенко гушкајќи се со звуците од модерната музичка технологија, a токму таа прегратка ги прави настапите на Тhe Flamenco thief мост меѓу класичното и современото.

Неговото деби соло EP со шест композиции е издадено во Британија во 2011 искачувајќи се високо на листите на BBC и NMЕ. Неговиот деби-албум Liberating Parts of the Cosmos e издаден 2013 година по кој следува тримесечна европска турнеја во 17 земји. Неговиот последен албум, Where The Sunshine Lay’s, е издаден во 2019 година по кој следува повторно европска турнеја, а плановите за 2022/2023 се издавање ново EP со турнеја во Европа и Азија.

Во периодот од 2014 до 2019 година Крег Сатон ака The Flamenco Thief го позиционира својот статус како еден од највредните музичари во бизнисот со отсвирени над 700 концерти во 45 земји на 4 континенти (вклучувајќи и земји како Мароко, Јапонија и земјите од Јужна Америка).

Прикажи повеќе...

концерти

Филхармонијата премиерно ќе го изведе авангардното дело „Стикс“ од Гија Канчели

Објавено пред

В четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на македонската Филхармонија ќе го изведе концертот со наслов „Аир“, на кој како солист ќе настапи виолистот Дијанг Меи (Кина/Германија), а диригент е маестро Емил Табаков. Ќе настапи и хорот „Проарс“ во првата изведба во Македонија на делото „Стикс“ од грузискиот авангарден композитор Гија Канчели. Составен дел од програмата е и гротескната музичка приказна за „Поручникот Киже“ на рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

dobivaj vesti na viber

Сергеј Прокофјев (1891 – 1931) е познат во музичката литература не само по неговите фантастични симфонии, музика за соло инструменти, концерти и кантати туку и по неколкуте квалитетни музички партитури што ги компонирал за руската филмска индустрија, која била во подем. Доказ за тоа е исклучителната музика за филмовите „Иван Грозни“ и „Александар Невски“, како и музиката за филмот „Поручникот Киже“. Сценариото на филмот за кој Прокофјев оригинално ја напишал музиката зборува за ситуациите што настанале кога Царот (кому никој не смеел да му противречи) погрешно интерпретирал два збора во некаков воен извештај, па со нивното спојување се добило име – Поручник Киже. Поради стравот од Царот и не сакајќи да го засрамат, неговите помошници морале да измислат таков лик и постојано да креираат разни ситуации во кои се наоѓал непостојниот Киже, само за да не западнат во неволја. Кога Царот конечно сакал да го запознае фамозниот Киже, единствен начин бил да се измисли и неговата смрт – по што тој бил погребан со воени почести. Самиот синопсис укажува на тоа дека музиката морало да кореспондира со многубројни бизарни ситуации, а кога Прокофјев подоцна ја извел Оркестарската суита од целосната филмска партитура – таа претставува еден вид кондензирана форма на музиката од филмот. Ставовите на суитата, кои се програмски и опишуваат разни делови од филмот, се дескриптивни, на моменти комични.

„Стикс“ за виола, хор и оркестар е дело инспирирано од митската река Стикс, која во Античка Грција ги делела двата света – на живите и на мртвите. Делото има етерична структура, а Гија Канчели рекол дека виолата ја замислил како медијатор меѓу двата света: всушност, соло виолата ја претставува реката Стикс во ова дело. Ова дело демонстрира што сè може да се изведе на виола – ако сакате да дознаете кои се изведувачките перформанси на овој инструмент, тогаш мора да го чуете ова дело, во кое се тестираат и презентираат сите негови можности, бои и текстури. Музиката е изградена на дијаметралната спротивност на смиреноста и немирот. Пејзажот на ова дело е речиси прав до крајот, но тоналноста е прилично нестабилна и со неа Канчели ја истражува тоналната естетика, која не може да се чуе никаде, освен во доцниот опус на Дмитри Шостакович (поточно во трите последни гудачки квартети). Исто како и Шостакович, и Канчели ја употребува тишината како моќно оружје во креирањето на музичката приказна. Делото медитира меѓу животот и смртта и во него и оркестарот и хорот, покрај соло виолата, креираат атмосфера на своевиден портал во сеќавањето, како и целокупниот музички опус на Канчели, кој левитира меѓу вербата и разочарувањето.

Неверојатна техника, возбудлив изведувачки стил, логика во фразирањето, ритмичка стабилност и сценска доминација се епитетите кои критиката ги лепи за изведбата на Дијанг Меи. По брилијантниот успех на АРД – Интернационалниот музички натпревар во 2018 година, каде што ја освои првата награда, неговата кариера почна интензивно да се развива. Како солист настапувал со Баварскиот радиосимфониски оркестар, со Симфонискиот оркестар на Штутгарт, со Минхенскиот камерен оркестар, со Шкотскиот камерен оркестар. Настапувал со Андрес Шиф, Вадим Глузман, Гунтер Пихлер, Герхард Шулц, Сабине Мејер, Франс Хелмерсон и други. Дијанг Меи е на позицијата прва виола во Минхенскиот филхармониски оркестар од есента 2019 година. Во октомври 2022 година ја има истата позиција и во Берлинскиот филхармониски оркестар. Добитник е на повеќе награди и признанија: прво место на 53. интернационален музички натпревар „Макс Ростал“ за виола во Берлин (2015), Натпреварот на млади уметници во Рочестер, 19. интернационален натпревар „Јоханес Брамс“ во Австрија, 10. интернационален натпревар за виола и виолончело во Шпанија (2008). Неговиот прв албум Transforming Viola е издаден во 2019 година, а во 2022 година го издаде и вториот Viola à L’Ecole de Paris. Студирал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен, а потоа продолжил на академијата „Кронберг“. Свири на виола изработена од Антонио Маријани од 1646 година, позајмена од приватна колекција.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија; студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот по композиција.

Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 сè до 1988 година тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кој остварува значајни концерти во светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987 е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар.

Од 2002 до 2008 година тој е главен диригент и музички директор на Билкент симфонискиот оркестар во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија… До сега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен…

Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за разчни инструменти, на дела разни по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент, меѓу кои и на наградата личност на годината според Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија, како еден од стоте најдобри професионалци за 2012 година.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Камерната сала на Филхармонијата

Објавено пред

Камерниот ансамбл „Консонанс“ в среда во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонијата. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…

dobivaj vesti na viber

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година како една уникатна формација што ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот што овие инструменти го создаваат заедно. Составен е од музичари, кои се членови на НУ Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти. Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и во Црна Гора, Р. Бугарија и САД.

Ансамблот има издадено и еден носач на звук. Во камерниот ансамбл „Консонанс“ членуваат: Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски. Елена Дојчинова (флејта) е вработена во оркестарот на НУ Филхармонија на позицијата прва флејта. Исто така, активна е на музичката сцена како член на неколку камерни состави и како солист. Маја Чанаќевиќ (англиски рог) со години е член на ансамблот на НУ Филхармонија на позицијата англиски рог и обоа. Покрај посветеноста на оркестарското музицирање, таа настапува како солист и е член на неколку камерни состави. Здравко Ангелов (кларинет) е истакнат солист на оркестарот на НУ Филхармонија и е нејзин долгогодишен прв кларинетист. Активно го негува солистичкиот пристап, но евидентна е и неговата посветеност за камерното музицирање. Тој воедно е и водач на ансамблот „Консонанс“. Игор Бакревски (кларинет) е прв кларинетист во оркестарот на Филхармонијата, кој активно се занимава со камерното музицирање, но и со професионално снимање на оркестарска музика. Со години беше член и на оркестарот на НУ Националната опера и Балет, а исто така е член на повеќе камерни состави. Сашко Темелковски (бас-кларинет) е вработен во НУ Филхармонија на позицијата бас-кларинет и кларинет. Покрај симфониското музицирање, тој е посветен и на снимање оркестарска музика и камерното музицирање. Во „Консонанс“ членува од основањето на овој ансамбл.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: На Македонија ѝ е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, jас сум рационален оптимист, верувам во целта...

Европа9 часа

„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и...

Свет9 часа

Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува...

Регион10 часа

Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе...

Регион11 часа

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија14 часа

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...

Македонија14 часа

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршијата

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа на скопјанецот што беше уапсен за двојното убиство во скопската...

Македонија15 часа

Шукова: Не се гради пристаниште на Охридското Езеро од албанска страна, се расчистува теренот

Бетонирањето на Охридското Езеро од албанска страна за министерката за животна средина, Каја Шукова, не е поради изградба на пристаниште,...

Македонија16 часа

Струјата, најверојатно, нема да поскапи 13 отсто, претпоставува Бектеши и остави Регулаторната да одлучи

Цената на струјата, најверојатно, нема да се покачи 13 отсто како што бараат некои од компаниите. Ова го посочува министерот...

Македонија16 часа

Одмрзнати цените, нема гаранција дека производите нема да поскапат

Одмрзнати се цените на зеленчукот и овошјето, а министерот за економија, Крешник Бектеши, нема гаранција дека тие нема да поскапат....

Регион16 часа

Бугарското Обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското Градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, за да биде...

Свет18 часа

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули, освен ако алијансата не...

Македонија18 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзалната сала, кое...

Македонија18 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и во Косово стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година во рамките на...

Македонија19 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести20 часа

Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да...

Вести20 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ1 ден

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ1 ден

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....