Контакт

концерти

Концерт на Младинскиот светски џез-оркестар предводен од американскиот диригент Луис Бонила

Објавено пред

Младинскиот светски џез-оркестар (JM World Jazz Orchestra), предводен од американскиот диригент Луис Бонила, вечер ќе гостува на Скопско лето со концерт во Сули ан од 22 часот. Дирекцијата за култура и уметност – Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија.

Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја појавувајќи се на престижни европски сцени и џез-фестивали.

Во рамките на нивната седма европска турнеја овој месец тие музицираат на Балканот. Претставувајќи 12 земји, младите музичари ќе ги посетат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Младинскиот светски џез-оркестар е формиран во 2012 година од „ЈМ интернешнал“ – мрежа од невладини организации за музика за млади. Оркестарот работел со познати интернационални џез-артисти, како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл.

Диригентот Луис Бонила, кој го предводи мултинационалниот оркестар, е меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД.

Бил член на џез-оркестарот „Вангард“, Афролатискиот џез-оркестар под водство на Артуро О’Фарил, „Мингус биг бенд“ и во Брес фантазијата на Даглас.

Како член на оркестар, Бонила има работено со Мекој Тинер, Дизи Гилепси, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши, а во поп-музиката, пак, има снимено и бил на турнеја со многу ѕвезди, како Тони Бенет, Алехандро Санз, Дајана Рос, Марк Ентони, Ла Индија, Мери Џеј Блиџ и со Фил Колинс – на неговите турнеи во Европа и Латинска Америка.

Луис Бонила е и музички едукатор и работел на Универзитетот „Темпл“, Училиштето за музика „Менхетн“ и Конзерваториумот „Њу Ингланд“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Врвниот тромбонист Џозеф Алези солист со Македонската филхармонија

Објавено пред

Македонската филхармонија го најавува симфонискиот концерт „Руска игра“, кој на сцената ќе го донесе врвниот тромбонист Џозеф Алези, прв тромбонист во престижната Њујоршка филхармонија.

Овој четврток, 15 ноември, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија предводен од маестро Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и фантастичниот балет „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.

Џозеф Алези е прв тромбонист на престижната Њујоршка филхармонија и се јавува како еден од најдобрите соло тромбонисти кој настапува во светот не само во САД. Неговите настапи, всушност, се вистински раритет затоа што тој изведува ретко интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е веројатно најдобриот жив тромбонист.

Неговиот солистички репертоар е навистина широк и богат, во кој се вклучени дела од Бернштајн, Хиндемит, современи автори, како што се Кристофер Роуз или Ерик Евазен, но и транскрипции на дела од Бах, Бетовен, Менделсон, Верди, Чајковски, Дебиси… Особено активен како солист, Алези се истакнал во 90-тите години на минатиот век настапувајќи со значајни оркестри во светот, но и како камерен музичар.

Прикажи повеќе...

концерти

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвни руски уметници

Објавено пред

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, в недела, на 11 ноември, во црквата „Света Софија“, со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.

Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.

Младиот пијанист Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиот конзерваториум, под менторство на професорот Валери Пиасетски, почесен уметник на Руската Федерација, Александар Синчук стана лауреат на многу престижни натпревари по пијано. Меѓу другите има и прва награда на Четвртиот меѓународен натпревар на Рахманинов и златен медал на Деветтиот меѓународен натпревар за млади пијанисти во сеќавање на Владимир Хоровиц.

Во февруари 2009 година Александар Синчук успешно дебитира во салата„ Карнеги хол“ во Њујорк. Во 2010 година младиот пијанист изведе 37 концерти на големата турнеја низ САД. Во 2014 година Александар Синчук ја заврши престижната дипломска програма со почести на музичката школа USC Торнтон во Лос Анџелес, САД, во класата на светски познатиот пијанист Даниел Полак. Во февруари 2017 година Александар Синчук учествуваше на церемонијата за затворање на Третите светски игри насловени како ЦИСМ во Сочи.

Неговите настапи денес се одржуваат во најдобрите концертни сали низ Русија, како што се Големата сала на Московскиот конзерваториум, Сала Светланов во Меѓународниот дом на музиката во Москва, Концертната сала на Марински театар и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, Јужна Кореја …
Од 2014 година Александар Синчук е ангажиран во педагошката работа. Во 2015 година почна да работи како асистент-професор на Московскиот државен конзерваториум. Тој често дава мастер-класови во Европа, Америка и Азија.

Флејтистот Артем Науменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Со музика започнува уште од петгодишна возраст. На 10 години Артем влегува во Централното музичко училиште во Москва, и студира кај професорите Јури Должиков и Александар Голишев. Во 2010 година го завршува училиштето со почесен успех и го продолжува своето образование на Државниот конзерваториум „Чајковски” во Москва, исто така кај  професор Голишев каде што дипломира со почести во 2015 година. Две години подоцна Артем магистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз во класата за камерна музика на професорот Мишел Морагуес.

Тој е лауреат на Интернационалниот телевизиски натпревар во 2006 година и победник на Меѓународниот натпревар во Падова, Италија, во категориите на дувачки инструменти и виртуози во 2007 година. Победник е и на натпреварот Млади таленти на Русија во 2008 година. Науменко ја доби наградата „Национален триумф“ и беше прогласен за млад победник во областа на литературата и уметноста во 2007 година. Науменко редовно настапува и во париски ансамбли, како и во дувачкиот квинтет „Апалон“ и триото „Фламиарт“. Настапувал исто така и со Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Државниот камерен оркестар „Московски виртуози“, Лирскиот симфониски оркестар на Париз, Претседателскиот оркестар на Русија, Државниот дувачки бенд на Русија, Симфонискиот филхармониски оркестар Саратов , Омск, Кострома, Јарослав. Тој настапил и со Чешката филхармонија (диригент Пинхас Стајнберг) во 2010 година, и редовно добива покани да настапи како прва флејта во камерниот оркестар „Московски виртуози“.

Прикажи повеќе...

концерти

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко

Најново

Македонија30 минути

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија2 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија3 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија4 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија5 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања7 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија7 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток8 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија8 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија9 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток9 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија11 час

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет11 час

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија12 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа12 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија13 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија14 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија14 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија22 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие