Контакт

концерти

Концерт на Музичка младина на Македонија вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Во рамките на музичката програма на „Охридско лето“ вечерва концерт на Музичка младина на Македонија со камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригенската палка на Олег Кондратенко. Како солист ќе настапи виолинистот Ѓорѓи Петроски. Концертот е со почеток од 21 часот во Предворјето на црквата Св.Софија.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Северна Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ- Скопје, но и гости музичари од други земји.

Повеќе од 350 млади музичари биле дел од овој уникатен состав кој низ годините ѝ се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска, а оркестарот има постојана тенденција за промовирање млади диригенти (Дијана Илкоска, Иван Еминовиќ).

Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина. Оркестарот има остварено повеќе радио и ТВ-снимки, но има и сопствена ЦД-продукција со издадени 5 носачи на звук. Веќе 32 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните 12 години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, а во изминатите неколку години летната сесија на оркестарот и концертите се под раководство на истакнатиот педагог и виолинист Олег Кондратенко.

Младиот виолинист Ѓорѓи Петровски е од Охрид. По завршувањето на основното музичко образование дипломира на факултетот за музичка уметност „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето понатамошно усовршување го продолжува на светски реномираниот унверзитет за музика во Сарбрикен, Германија. Тој во моментов е на мастер студии и својата музикална наобразба ја збогатува со реномираните уметници: Ханс-Петер Хофман, Давид Гримал, Гордан Николиќ и Татетик Мокациан. Тој е добитник на награди од повеќе реномирани натпревари, меѓу кои се вбројуваат: Прва награда на интернатионалниот натпревар во Ниш, Србија и трета награда на интернационалниот натпревар „Охридски бисери“. Тој, исто така беше финалист на натпреварот „Валтер Гискинг“ во 2019 во Германија.

Ѓорѓи Петровски музицира со повеќе камерни ансамбли и оркестри. Како камерен музичар настапува со клавирското трио „Антерос“, со своето пијано дуо бележи настапи во Милано, Стокхлом, Берлин и Виена, а како солист настапувал и со Филхармонијата на Северна Македонија. Неговото оркестарско искуство ги вклучува настапот со Филхармонијата во Луксембург, Младинскиот оркестар во Берлин и Минхен. Во 2017 г. беше поканет како концертмајстор на академскиот оркестар на Фестивалот во Тирол, Австрија каде беше забележан од страна на врвниот и реномиран диригент Густав Кун. Ова лето, тој беше дел од Давос Фестивалот во Швајцарија каде како концертмајстор со камерниот оркестар ја воодушевија швајцарската публика. Благодарение на поддршката од страна на Фондацијата „Маџини“, Ѓорѓи Петровски свири на виолина од Томази Каркаси (Фиренца) од 1751 година.

концерти

Фестивал на музика од светот од 18 до 20 септември во Битола

Објавено пред

Од 18 до 20 септември во Битола ќе се одржи 12. издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот, поради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно зашто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“, изјави Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура – Битола, кој е организатор на овој фестивал.

Во трите фестивалски дена публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18 септември, каде што ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска, Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеја, почеток во 19.30 часот.
На 19 септември е сместена Оф-програмата со пладневен концерт на ConTruDJ во „Интермецо“ и со вечерната програма „Ноќ на џезот“ во битолската „Порта џез“.

За последната вечер, 20 септември, е најавен концертот на Владимир Четкар.

„Свирењето пред македонската публика е како враќање дома“, изјави Четкар за концертот во Битола, кој ќе се одржи на локацијата Пацио на НУ Завод и музеј – Битола со почеток 19.30 часот.

Целиот визуелен идентитет за фестивалот е дело на графичката дизајнерка Ангела Христовска, која има свое објаснување за крикот на уметникот во време на пандемија и неговиот гласен молк.

„Оваа ситуација нè научи да го запознаеме и прифатиме својот микрокосмос и да го сместиме светот во неговите граници. Миксот на кирилично-латинична типографија е симбол на тој свет, присилно сместен во границите на нашиот микрокосмос. И само уметноста ја има моќта да ги премине тие граници“, објасна таа.

Влезниците за настаните на 18 и 20 септември се 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат според сите протоколи предвидени за вакви настани.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонијата со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Објавено пред

Филхармонијата, в четврток (20 часот), ќе одржи симфониски концерт, на кој ќе прозвучи Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон и Концертот за виолончело и оркестар од Роберт Шуман. Диригент е маестро Јерухам Шаровски, а солистика Даниеле Акта, и двајцата од Израел.

Концертот за виолончело во А-мол, оп. 129 од Роберт Шуман бил напишан за неверојатни две недели, меѓу 10 и 24 октомври 1850 година, набргу откако композиторот станал музички директор во Диселдорф. Концертот никогаш не бил отсвирен за време на неговиот живот. Премиерно бил изведен на 23 април 1860 година, четири години по неговата смрт, во Олденбург, со Лудвиг Еберт како солист. Со години овој концерт бил заборавено ремек-дело. Делото е прилично комплексно и бара голема техничка подготвеност од солистот, иако во него доминира поетската експресија наспроти виртуозноста.

Mузиката на германскиот композитор Феликс Менделсон (1809 – 1847) ретко провоцира, таа главно ги следи и надградува принципите создадени во претходните музички епохи, го интегрира и реоткрива на индивидуален начин музичкото наследство создадено од претходниците. Неговиот музички стил е оригинален, но не и радикален. Опусот му е совршен микс на класичната пропорционалност со романична жестокост. Таква е неговата трета симфонија „Шкотска“, која ја напишал инспириран од патувањето во оваа земја во 1829 година.

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано почнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во својот град. Во раните седумдесетти години на минатиот век имигрирал во Израел, каде што дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година Шаровски бил избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“, кога ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.

По турнејата во поранешиот СССР, која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станал уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар станал еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004 година маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро, со кој патувал на турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедиња. Тогаш Шаровски го формирал Младиот симфоники оркестар на Бразил, кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со Бразилскиот симфониски оркестар заминал на турнеја и во САД кога во Централ парк во Њујорк и во центарот „Линколн“ одржал концерти пред 50-илјадна публика, кои биле високо оценети од публиката и од критиката.

За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радиооркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел го предложил маестро Шаровски да биде и дел од жирито на Мазел интернационалниот натпревар за диригенти (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот.

Израелската виолончелистка Даниеле Акта, иако млада (2002), досега настапувала со Камерниот оркестар „Московски виртуози и Владимир Спиваков“, Израелската филхармонија, Националната филхармонија на Русија, Филхармонијата на Кејптаун, со Вадим Репин и Филхармонијата на Новосибирск и многу други светски оркестри.

Даниеле Акта како солистка настапувала и на најпрестижните светски сцени  „Карнеги хол“, концертната сала „Чајковски“, „Барбикан“, центарот „Линколн“ и др. Оваа исклучителна виолончелистка беше рангирана меѓу десетте најдобри изведувачи во 2016 година од „Дајли газета“. Како добитиничка на стипендијата на Американско-израелската фондација за култура таа настапи на гала-настанот по повод 75-годишнината на Фондацијата, на која домаќин беше Исак Перлман во центарот „Линколн“ во Њујорк. Акта е лауреатка на натпреварот „Флејм“ (Париз, 2014), на интернационалниот натпревар во Атина (2014, 2015) и на Израелскиот натпревар за виолончелисти (2013). Таа е студентка на проф. Франс Хелмерсон на Музичката академија во Берлин од 1915 година.

Родена во семејство на музичари, почнала да свири чело на четири години кога слушнала снимка од Жаклин де Пре. Почнала да учи чело по нејзино барање на Музичкиот конзерваториум „Раана“ со Галина Ароновил и Луба Рабин. Посетувала мастер-часови кај Лоренс Лесе, Трлејф Тден, Памела Франк, Марија Чајковскаја, Гери Хофман… Даниеле свири на челото „енрико орсели“, направено во Песаро меѓу 1925 и 1930 година и има гудало направено од Клод Томасин меѓу 1900-1920 година.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија со Даниеле Акта

Објавено пред

„Младост, среќа, иднина“ е насловен концертот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток, 17 септември, во 20 часот. Диригент е маестро Јерухам Шаровски (Израел), а како солистка ќе настапи израелската виолончелистка Даниеле Акта.

На програмата е возбудливиот Концерт за виолончело и оркестар од Роберт Шуман и Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимз аедно со Баварскиот радиооркестар на концерти посветени на градот Ерусалим.

Даниеле Акта како солистка настапувала и на најпрестижните светски сцени – „Карнеги хол“, концертната сала „Чајковски“, „Барбикан“, „Линколн центар“ и др.

Оваа исклучителна виолончелистка беше рангирана меѓу десетте најдобри изведувачи во 2016 година од „Дајли газета“. Како добитничка на стипендијата на Американско-израелската фондација за култура таа настапи на гала-настанот по повод 75-годишнината на фондацијата на која домаќин беше Исак Перлман во Линколн центарот во Њујорк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија15 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија15 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија16 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија17 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија18 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија19 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа21 час

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија21 час

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија21 час

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет22 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија23 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија2 дена

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија2 дена

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион2 дена

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија2 дена

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие