Контакт

Култура

Концерт на „Сашо Поповски трио“ на фестивалот за современа музика МОДОАРС

Објавено пред

Фестивалот МОДОАРС 2018 го најавува следниот музички настан – концерт на „Сашо Поповски трио“. Покрај Сашо Поповски на гитара, триото го сочинуваат и Иван Бејков – контрабас и Виктор Филиповски – тапани. Тројцата џез-уметници во „МКЦ клуб-ресторанот“ со почеток во 21 часот ќе ви ја раскажат својата музичка приказна претставувајќи ја музиката од новиот албум. Фестивалот се одвива со поддршка на Министерството за култура.

Сашо Поповски е иницијаторот за формирање на триото. Тој е џез-музичар од четвртата генерација македонски уметници, професор на музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, џез-оддел, композитор и педагог со главен инструмент гитара. Современиот џез со елементи на традиционалната македонска музика ја прави неговата музика уникатен и добро познат учесник на музичките сцени во Европа. Повеќе од 20 години на сцената преку разни проекти соработувал со многу уметници и издал три џез-албуми и неколку соло композиции.

Иван Бејков е основач и композитор во проектот „Злуст“. Професионален музичар кој работел како басист со „Архангел“, Влатко Стефановски, Могер Фогер, Д.Н.О.О. Квинтетот на Грег Хопкинс, Дамо Сузуки, Кирил Џајковски итн. Пишува оригинална музика за филмовите: „Волшебна магија лек“,„ Како излажав светец“, „Деца од 1948 година“. Во моментот активно работи на проектот „Злуст“, Тони Китановски и „Черкези“, тријада „Караванија“. Работи и како професор на Музичката академија во Штип и како контрабасист во оркестарот на ММЕ на Македонската национална радио-телевизија.

Виктор Филиповски е претставник на најмладата генерација џез-музичари во Македонија и основач на бендот „Фирс“. Соработува со најголемите џез-имиња на Балканот. Неговиот автентичен пристап во свирењето на тапаните придонесува за негова константна присутност на џез-сцената. За неговата успешност зборуваат и големиот број снимени аудиоматеријали. Во моментот е најмлад предавач на џез-одделот на Музичката академија во Штип и добитник на наградата најдобар млад музичар „Златен орикс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложбата „Мустаќлии“ в четврток во „Мала станица“

Објавено пред

Во пресрет на ноември или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата со наслов „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција, која се отвора на 14 ноември во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ 20 часот.

Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“, кој има цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно поврзана со ликовната уметност, критиката и теоријата, кои во соработка со кокуратор од галеријата ќе работат на некоја тематика што ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија, со цел од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно богатство. За првото издание го поканивме д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач, кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов кокуратор беше виш кустос, м-р Ана Франговска.

Прикажи повеќе...

Култура

„Таксират“ и „Д-фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа

Објавено пред

Европските награди за најдобри фестивали и годинава ги вклучија номинациите за „Д-фестивал“ и за „Таксират“ во категориите: „Д-фестивал“ за најдобар мал фестивал и „Таксират“ за најдобар фестивал со средна големина и најдобар фестивал што се одржува во затворен простор.

„’Д-фестивал’ го стави малиот град Дојран на мапата на најатрактивни фестивалски дестинации не само во регионот туку и во Европа. Досегашните осум изданија на летниот фестивал покрај езерскиот брег со својата програма секоја година привлекуваат по повеќе од осум илјади фестивалџии за кои овие три дена се еуфорично и позитивно доживување, единствени, неповторливи, кои долго потоа се прераскажуваат“, велат од „Пасворд продукција“.

„А-листата на изведувачи што досега настапиле на трите сцени на овој летен фестивал кај нас е импресивна: Ману Чао, „Дубиоза колектив“, „Стерео МС“, „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“… и уште повеќе од 200 ексклузивни музички генијалци.

Фестивалот „Таксират“, велат од продукцијата, годинава почнува да ја раситнува третата деценија од своето постоење. Лошата карма, т.е. алузијата во насловот на овој фестивал, се претопи во суперуспешна приказна: од дадена шанса за прв настап на голем настан за локалните почетници во светот на музиката до стотиците супер ултра мегарегионални и светски музички ѕвезди, кои настапиле досега на фестивалот.

„Дваесет и една година ‘Таксират’ континуирано ги промовира мултикултурата, креативноста и позитивните вредности во животот и затоа веќе е широко препознаен како македонски најпосетуван туристички културен бренд. Поради својот оригинален концепт, фестивалот со години по ред е номиниран, но и наградуван од најмеродавните европски инстанци, кои ги оценуваат стотиците фестивали што се одржуваат на Стариот континент“, велат од „Пасворд“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

„Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец во Европа

Објавено пред

„Медена земја“ е номиниран за најдобар документарен филм на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“.

Одлуката е соопштена денеска во Севиља, Шпанија. Македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата најдобар европски документарец за 2019 година.

На овој потесен избор, пред три месеци му претходеше селекцијата на „Медена земја“ меѓу 12 филмови – најсериозни кандидати за оваа награда. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3.600 членовите на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

Филмот раскажува за Атиџе, последната пчеларка во Европа која се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

„Медена земја“ е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на оваа година се закити со три главни награди на престижниот фестивал „Санденс“. Филмот е македонски кандидат за „Оскар“.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде што на 10 ноември во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics’ Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион2 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион4 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа5 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија7 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија8 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија10 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ12 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија12 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија12 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион12 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија14 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет14 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион14 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие