Контакт

Култура

Концерт на Стојан Димов и Дино Имери на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалот Охридско лето вечерва ќе организира концерт за кларинет и пијано. Во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, ќе настапат македонските уметници, кларинетистот Стојан Димов и пијанистот Дино Имери.

Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975 до 1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980 до 1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено, е член на Биг бендот на МРТ, а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Во текот на годините бележи многубројни настапи со рецитали, а како солист настапува со повеќе македонски и странски оркестри. Соработува со значајни диригентски имиња, а член е и на разни камерни ансамбли. Денес, Стојан Димов е еден од најактивните македонски музичари со настапи во целиот свет.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршката филхармонија, Софиската филхармонија, Македонската филхармонија, Симфонискиот и Камерниот оркестар на ФМУ, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Со рецитали настапувал на престижни сцени во цела Европа, меѓу кои: „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж фестивал“ во Франција, Охридско лето, Скопско лето, „Интерфест“ – Битола и др. Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и многубројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од декември 2018 година стекнува звање доцент и предава на Факултетот за музичка уметност во Скопје, и тоа повеќе предмети од областа на пијано, камерна музика, корепетиција и пијано во контекст.

Култура

Француска вечер на „Охридско лето“ со звуците на харфа

Објавено пред

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е млада француска харфистка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар.

Карлеан-Џонс се закитува со златен медал на четвртиот Менхетен натпревар за харфисти во 2019 година и настапува ширум светот од Карнеги Хол до салата на Виенскиот „Концертхаус“. Како камерен музичар настапува на фестивалите во Аспен и Тангелвуд, а како член на оркестар свири со Бостонскиот симфониски оркестар и со оркестарот во Филаделфија. Во 2020 година е примена да биде харфистка на Оркестарот на гардата во Париз.

Нејзиниот репертоар се протега преку неколку музички епохи, и таа покрај музиката на барокните мајстори често изведува и дела од современи композитори. Нејзините внимателно одбрани програми ја привлекуваат публиката, а таа настојува да ја ангажира преку вешто направени аранжмани на популарна или фолк музика со што директно го проширува репертоарот за овој инструмент.

Елоиз е магистрант на Музичката академија на универзитетот „Јеил“ , а дипломира на „Кертис“ институтот за музика здобивајќи се со диплома за музичка изведба и диплома за историски практики на интерпретација.

Француската вечер на „Охридско лето“ се организира во соработка со Амбасадата на Република Франција и Францускиот институт во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Објавено пред

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд” деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

В сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22:00 часот.

На Илинден, 2 август, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има етно составот Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристика.

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

Затворање на „Скопско лето“ 2021

Објавено пред

Овогодишното 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се затвори вечерва, 30 јули, со концерт насловен „Вода“ на Давор Јордановски и неговиот бенд, во Куршумли ан со почеток во 21:00 часот.

Изведувачи се: Давор Јордановски – клавијатури, Алек Секуловски – тапани, Огнен Георгиевски – електричен бас, Оливер Јосифовски – контрабас, Сања Шуплевска – виолина, Орце Зафировски – фагот, Александар Јовевски – кавал, тамбура. Специјални гости се Љубојна и Васил Гарванлиев.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 300 денари кои се во продажба онлајн на karti.com.mk и на влезот на Куршумли ан пред почетокот на настанот.

Давор Јордановски & Вода

Музиката на „Вода“ е вешто изработен спој на заводливи балкански мелодии со џез, фанк, класични и рок стилови.

Познатиот пијанист, композитор и продуцент Давор Јордановски и неговата група „Вода“ го нурнуваат слушателот во древни звучни предели, обмислени со модерен вкус. Покрај разновидноста во инструментацијата и интелегентно распоредените ритмички варијации, музиката на „Вода“ се одликува и со динамична и течна инструментација и звук. „Вода“ се храни од својата околина и зазема форма во контекстот на она што се изведува, отелотворувајќи, истовремено, спокој, чистота, промена, моќ и бес – исто како и самата вода.

Давор е роден и пораснал во Македонија, живее во Канада, а поминал и неколку години во Либија, како дете. Впечатоците од живеењето во таа култура остануваат со него додека расте во неговиот роден град Скопје, каде што е под влијание на музиката од Балканот и Европа. Во Канада, синтезата на музичките култури во музиката на Давор еволуира во уникатен стил, „world fusion“ што успешно обединува бесконечен спектар на разновидни звуци, инструменти, аранжмани и чувства. Давор своето класично музичко образование го продолжува и надградува со истражување на разни музчики стилови, како поп, џез, R&B, музика за филм, jazz fusion, амбиентална, како и музика за симфониски оркестар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет13 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет14 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ15 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија17 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија19 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет20 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт20 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија21 час

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија22 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија22 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион1 ден

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион2 дена

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија2 дена

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија2 дена

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија2 дена

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија2 дена

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија2 дена

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ2 дена

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ2 дена

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие