Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во збогатување на културната сцена во Демирхисарско

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети и општина Демир Хисар, која припаѓа во регион каде културата има длабока историја и традиција. За тоа сведочат активностите во Домот на културата „Илинден“ каде што работи Библиотеката „Петре М.Андреевски“, а веќе 80 години фолклорот го негува КУД „Илинден“.

Со директорот Славче Велјановски, ги сподели искуствата од развојот на културата во Општината, преку поддршката што оваа локална установа ја има со финасирање на програмите во сите области.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека за реализирање на идеите на младите од овој крај кои создаваат и во драмскиот аматеризам, и литературната област, како и за здруженијата на граѓани, Министерството за култура издвои еден милион и сто илјади денри.

„Министерството за култура продолжува со поддршка за развој на културата во локалните заедници и тоа дава резултати. Една успешна приказна од таа поддршка е основањето на „Спомен соба на Радио Демир Хисар“ каде е архивирана стара опрема од радиото, фотографии, новинарска граѓа создавана од 1985 до 2005 годин“, рече министерката.

Во Демир Хисар, Министертсвото за култура во областа на музејската дејност, во 2023 година ја поддржа и манифестацијата, Демирхисарска летна школа за археологија, архитектура и уметност.

Библиотеката, што го носи името на еден од најголемите македонски писатели, „Петре М.Андреевски“ има огромна улога за населението од овој крај, а годинава беше поддржана набавката на нови книги со што се зголемува интересот кај читателите и се збогатува фондот од над 40 илјади книги.

При посетата на Демир Хисар, министерката за култура се сретна и со директорот на НУ „Денови на Смилевскиот конгрес“, Влатко Деловски со кого разговарше за иднината на новата установа која на институционално ниво продолжува да го чува и афирмира историскиот настан значаен за македонскиот народ и спомените на ликот и делото на Даме Груев.

Најново

Топ1 минута

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...

Македонија6 минути

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори...

Македонија21 минута

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во...

Македонија25 минути

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година: „Соговорниците согласни дека се постигнати очигледни конкретни резултати“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската...

Забава32 минути

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија35 минути

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија52 минути

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech1 час

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет1 час

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...