Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

Објавено пред

Во Владата се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ на која се дискутира за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО, што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралството Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а беше истакнато дека Комитетот го вреднува и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со акциски план, со што се потврдуваат нашите искрени намери за зачувување на статусот и подготвеност за работа дома и интензивна соработка.

„Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивната реализација бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Истакна дека е потребно да се преземат итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Во согласност со заклучоците, Министерството за култура, во соработка со Управата за заштита на културното наследство и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, на Единствениот национален регистар на прописите (ЕНЕР) веќе го објави предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Значајно е тоа што со овој предлог-закон се менува режимот на заштита на споменичната целина, кој ќе спречи реализација на дивоградби, надградба и изградба на нови објекти во споменичната целина.

Таа информира дека интензивно се работи и на текстот на предлог-законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. За изработка на нацрт-текстот на предлог-законот е формирана работна група од Министерството за култура во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство.

Управата за заштита на културното наследство, пак, веќе има изработено упатство за факторите, односно имателите на заштитени добра во Охридскиот Регион, со насоки за примена на мерките за заштита, што ќе биде објавено на веб-страницата на Управата.

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид изврши увид во заштитените културни добра и амбиенталните објекти и работи на изготвување приоритетна листа за отстранување на сите несоодветни инсталации и друга опрема што се поставени на заштитените културни добра.

Костадиновска-Стојчевска ги повика министерствата за животна средина и просторно планирање, за транспорт и врски и за финансии, општините Охрид, Струга и Дебрца, ЈУ Национален парк Галичица, како и Управата за хидрометеоролошки работи, интензивно и со заедничка посветена работа и реализација на заклучоците, сите да придонесат во зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Најново

Спорт11 минути

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт31 минута

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт47 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...