Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска за „Скомрахи 2023“: Младите уметници да продолжат да создаваат независно од технолошките иновации

Објавено пред

Со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ, и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности, вчера, во Драмскиот театар во Скопје почнаа 31. меѓународни средби на студенти од академии и од факултети за драмски уметности „Скомрахи 2023“.

Во официјалната програма на „Скомрахи 2023“ годинава ќе бидат прикажани 25 филма и 7 студентски пиеси, а дополнително ќе се реализираат и изложби, работилници, предавања и богата музичка програма.

Отворањето на средбите, заедно со многубројните студенти театролози и филмаџии од регионот и од Европа, го проследи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која се осврна на темата во фокусот на „Скомрахи 2023“ – односот меѓу човекот уметник и вештачката интелигенција.

„Прекрасно е чувството да се биде во друштво со млади луѓе, кои се дел од 31. ‘Скомрахи’, особено што на годинешните средби во фокусот е една многу важна тема, која има свои вредности и предности, но и разни начини на придонесување кон уметничката сцена и човечката креативност“, рече министерката за култура по свеченото отворање.

„Од особено значење е фактот што уметникот бара во себе и во околината инспирација. Неговиот креативен процес потекнува од емоции, искуства, мислења и интеракција со светот. Тој создава уметнички дела што го одразуваат неговиот уникатен поглед на светот, неговата култура, верувања и искуства. Во целата оваа разноликост наоѓаме богатство од идеи и изрази, кои ја збогатуваат културната сцена. Со појавата и рапидниот напредок на вештачката интелигенција сценариото се менува. Вештачката интелигенција има потенцијал да донесе разни предности и предизвици во подобрување на комуникацијата и размена на идеи во образованието и културата, но сепак е базирана само на податоци и анализа на обрасци, без емоции, среќа или тага“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека ова се само неколку аспекти што може да бидат истражени и разгледани во контекстот на меѓународните студентски средби на Факултетот за драмски уметности. Важно е да се води дебата и да се истражуваат можностите за користење на вештачката интелигенција на најдобар начин за подобрување на образованието и искуството на студентите на факултетите за драмски уметности.

„Иако вештачката интелигенција може да создаде впечатливи слики, музика и текстови, таа нема длабока врска со човечките емоции. Затоа, искрено мислам дека сè додека постојат уметниците, тие ќе изнајдат начини да ја искажат својата креативност“, рече министерката за култура притоа порачувајќи им на младите уметници да продолжат да создаваат и да инспирираат бидејќи вистинската уметност произлегува од срцето и душата независно од технолошките иновации, што несомнено ќе продолжат да нè зачудуваат во иднина.

Најново

Македонија1 час

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт1 час

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт4 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт5 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија5 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...