Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска на чествување на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов во седиштето на УНЕСКО во Париз

Објавено пред

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, утре (21 март) ќе започне програмата за чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов, што е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО.

dobivaj vesti na viber

По тој повод, ќе се обратат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во рамките на посетата е предвидена средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Славејќи ги творештвото и поезијата на Ацо Шопов, на настанот ќе се одржи меѓународен симпозиум „Поезија, творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“. Во рамките на програмата ќе се одржи и проекција на анимираниот филм „Грозомор“, работен според истоимената песна на Ацо Шопов, инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година, како и поетскиот перформанс „Долго доаѓање на огнот“, а ќе биде отворена и изложба посветена на творечкиот пат на Ацо Шопов, „Патот по кој чекорам“.

Во рамките на програмата, со која се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното 62. издание на Струшките вечери на поезијата, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.

Настанот е дел од националната програма „2023 – година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Култура

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

Објавено пред

Почина актерот Трајче Ѓоргиев, објави Македонскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

Роден е во Кочани на 28 јули 1967 година. Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 г. до големиот број на оддиграни улоги. Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима, на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. Дел е и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 г., а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.

Основач е и главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар, фестивал кој 16 години опстојува, ја анимира публиката, го поддржува и оддржува овој жанр во театарската уметност и ги донесе кај нас некои од најдобрите светски пантомимичари.

Трајче Ѓорѓиев ќе изјави: „Јас се трудев преку формата да се дојде до суштината … за мене лично формата како почетно зрно на креирање една улога, нека е и најкратка што може да биде, е еден пат, еден начин да се дојде до суштината.“ Тоа е таа суштина, таа креација, тоа зрно кое го донесе и носеше во себе: дали во форма на кажан збор, движење или режија. Тоа е она што ќе остане зад него како вечен спомен и пример.

Денот и времето за погребот и комеморација ќе бидат дополнително објавени.

Прикажи повеќе...

Култура

Мојсова-Чепишевска: Нови перспективи за македонистиката во Полска – македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Објавено пред

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност.

dobivaj vesti na viber

Ова меѓу другото го посочува директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршувањето на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец.

– На Универзитетот на кој великиот Блаже Конески, кој е меѓу најзаслужните за воспоставувањето и развивањето на македонско-полските културни врски во минатиот век, во 1973 година бил прогласен за dokctor honoris causa, половина век потоа ќе се одвива настава по македонски јазик уште од почетно рамниште на додипломските студии. Се случува нешто на што нè обврзува историјата, затоа што на овој Универзитет, интересот за македонистиката е континуиран и потоа, особено заради успешната работа на Македонистиката работилница основана од еден од најистакнатите полски македонисти, акад. Јан Соколовски, кој и денес е постојано посветен на македонистиката што се потврди и на Конференцијата. Но, особено ни е драго што наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска. Таа е семинаристка на школите на МСМЈЛК при УКИМ и сето она што преку лекторската настава и предавањата на школите во текот на изминатите години го вложивме во неа сега постанува влог во нови генерации полски македонисти. Ова е конкретен пример дека вложувањата во актуелните генерации странски македонисти не се само за сегашноста, туку пред сè за иднината на странската македонистика, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Според неа, таквото вложување во новите, актуелни генерации странски македонисти е и само еден од патиштата кои водат до остварување на определбата на МСМЈЛК при УКИМ дека иднината треба да ја создадеме во сегашноста.

Веста за отпочнувањето со академска настава по македонски јазик на Универзитетот во Вроцлав, на Конференцијата и при чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет, беше соопштена од амбасадорот, д-р Илија Псалтиров.

– Значајно е што веќе се видливи и дипломатски заложби за статусот на македонистиката на странските универзитети и за поддршка на заложбите за развој на странската македонистика. Се надевам дека тоа не е привремена пројава, туку дека ќе биде постојана, секојдневна практика, затоа што странската македонистика мора да биде државен приоритет, одделно нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Годинава се навршуваат и точно триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата држава и Полска. Но, како што посочува Мојсова-Чепишевска, присуството на македонистиката на тамошните универзитети како и воопшто во сите други странски држави датира од пред официјалното воспоставување дипломатски релации по осамостојувањето на македонската држава и благодарение токму на лекторатите и воопшто на универзитетските центри на кои се изучува македонистиката, афирмацијата на македонистичките вистини, ставови и согледби се остварува толку силно и има традиција. Ама како што напоменува, и не треба да се запре само таму каде што веќе има традиција, туку треба да се продолжи со поставување темели за изучување на македонистиката и онаму каде што има интерес за неа, а сè уште воопшто не е присутна во високообразовната настава, за што МСМЈЛК при УКИМ постојано, меѓу другото се залага.

– Но, и онаму каде што веќе има традиција на интерес и посветеност за македонскиот јазик, литература и култура, потребни се вложувања и посветеност за таа да продолжи и да се случи ново поглавје на развојот на македонистиката. Затоа, во рамките на чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, со колегите од Полска и натаму разговаравме со конкретни предлози за унапредување на наставата по македонски јазик, литература и култура на Шлезискиот универзитет, со цел поттикнување и поголем интерес за македонистиката кај новите генерации студенти. Верувам дека и сето она за што разговаравме и го споделивме како предлог ќе се оствари, како што се оствари и сето она што го планиравме во рамките на чествувањето на јубилејот, истакнува Мојсова-Чепишевска.

Во однос на 11. Македонско-полска конференција која се одржа неделава, таа напоменува дека поминала одлично. Конференцијата ја остварила целта – истражувањата кои биле презентирани водат до нови заклучоци релевантни за македонистиката и полонистиката, но и отвораат нови прашања кои ќе бидат предмет на натамошни научни предизвици, кои можат да претставуваат и сегмент од натамошното продлабочување на соработката меѓу македонските и полските филолози.

– Оваа традиционална конференција во која има голем влог на колегите од Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е многу важна за развивањето на македонско-полските академски и културни врски. Впрочем, тоа се согледува и ако се земат предвид постигнувањата од нејзиното прво издание наваму и се сумираат фактите. Во исто време, и оваа, и сите други конференции кои ја поврзуваат македонската филологија со друга културна и академска средина се и иклучително важни за странската македонистика. Затоа што и на нив, клучен е придонесот на странските македонисти и секако можноста за споделување на нивните ставови, согледби и нови сознанија. Имајќи го предвид сето ова, ваквите конференции секогаш треба да наидуваат на поддршка, и од академската заедница и од државата, напоменува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

По чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, како што нагласува Мојсова-Чепишевска, треба да се очекуваат и нови проекти кои ќе придонесат за натамошниот развој на македонистиката во Полска, за што изминативе денови и било разговарано во Катовице.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонијата

Објавено пред

Во вторник (6 јуни), со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот со наслов „Фидан“, на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева.

dobivaj vesti na viber

На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахманинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо.

Рециталот почнува со прекрасната мелодија на Баховата Кантата бр. 106 и продолжува со Six Morceaux на Рахманинов, збирка извонредни парчиња за четирирачно пијано. Следува Adios Nonino од Пјацола, а мелодијата продолжува да го обликува својот пат преку пасажите на Danse Macabre од Сен-Санс и транскрипцијата на Дебиси за две пијана на Introduction et Rondo capriccioso од Сен-Санс. Во програмата е вклучена и изведбата на фантастичната композиција Scaramouche од Дариус Мијо. Со трите ставови на Scaramouche, секој со свој посебен карактер, публиката ќе има можност да ја доживее интригантната енергија на првиот став до нежните и интроспективни мелодии на вториот и конечно да кулминира во раскошното финале наречено „Бразилеира“.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат многубројни рецитали во државата и странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал на конзерваториумот „Јана Дејла“ во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско село – Скопје со целовечерен рецитал со наслов „Есенска бајка“. Од 2019 година реализираат новогодишни концерти со наслов „Празнична рапсодија“.

Пијанистката Мимоза Ќека се истакнува како рецитатор и камерен музичар со своите многубројни концерти во земјата и странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, a во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност. Настапува во многу европски градови вклучувајќи ги Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Прага… Во 2022 го објавува соло албумот Non-Fungible и одржува солистички рецитал во Gallery MC во Њујорк, САД.

Јована Трајчева своето основно музичко образование го завршува во класата на реномираниот педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломира, a во 2017 магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова. Бележи успешни настапи на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонската музика, Musica Viva, „Есенски музички свечености“. Одржала повеќе солистички рецитали во градови во земјата, а како позначаен ќе се спомене рециталот во црквата „Св. Софија“ во Охрид 2017 година. Пијанистката Трајчева настапува на фестивали во Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, а настапува и со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Јована Трајчева е наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Обилни врнежи во Прилеп, патот Охрид-Свети Наум во целосен прекин поради одрон

Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп, Охрид и југозападниот регион. Од Центарот за управување со кризи информираат дека...

Регион8 часа

ЕУ им се заканува на Србија и Косово: Ќе ве казниме ако се повтори насилството

Европската унија денеска се закани дека ќе воведе казнени мерки за Србија и Косово доколку не спречат повторување на насилството...

Свет9 часа

Лукашенко: Направивме само една грешка со Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека „единствената грешка“ што ја направија Русија и Белорусија е „што не го решија прашањето...

Македонија12 часа

(Галерија) Мртви риби во езерцата во Градски парк

Поранешното место за уживање во Градски парк е оставено на милост и немилост на природата и несовесните граѓани. Минувачите се...

Топ14 часа

(Видео) Спречен шверц на дрога: 161 килограми висококвалитетен кокаин запленет на солунското пристаниште, во заедничка акција на македонската и грчката полиција

Вчера од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи...

Топ15 часа

Првични сознанија: Возачот на „шевролетот“ ја предизвикал сообраќајката во која загинаа неговите мајка, сопруга и ќерка

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршија увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера...

Свет17 часа

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Украина е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива за враќање на територијата што е под руска окупација, изјави претседателот Володимир...

Регион17 часа

Пред точно еден месец дете (13) уби 9 ученици и училишен чувар во Белград: Како и зошто – никој не знае

Пред точно еден месец Србија ја погоди трагедија која засекогаш ја промени не само Србија туку и регионот. На 3...

Економија19 часа

(Видео) Бајден: Америка спречи економски колапс, Трамп: Попрво би дозволил банкрот

Американскиот претседател Џо Бајден го искористи својот прв говор во Овалната канцеларија на неговото претседателствување за да прогласи победа откако...

Македонија19 часа

Денеска е Задушница и Св. Константин и Елена, а утре е Духовден

Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на...

Македонија20 часа

Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворена за сообраќај поради изведување градежни активности, односно...

Македонија20 часа

Времето денеска претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со...

Македонија1 ден

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за,...

Топ1 ден

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загинало и малолетно девојче

Меѓу загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци што се случи денес, е и едно малолетно девојче. Како што објави...

Македонија1 ден

Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Важно е сите политички партии да го поддржат европскиот пат

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Kaко што соопштија од...

Македонија2 дена

(Видео) Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица, предупредува Трипуновски

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на...

Топ2 дена

Тешка несреќа кај Јосифово: Загина возач кој со автомобил излета од патот

Загина 56-годишен маж, кој со автомобилот излетал од патот кај селото Јосифово. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера...

Европа2 дена

„Признавањето на Косово беше грешка, етноцентричниот шовинизам на Курти не треба да се толерира“, вели германски пратеник

Портпаролот за надворешна политика на Алтернатива за Германија (АфД), пратеник во Бундестагот, Петр Бистрон, рече дека признавањето на Косово било...

Регион2 дена

Хрватска ги зема македонските работници: цели семејства одат на сезонска работа, платите од 750 евра за мијач на садови до 4.000 евра за главен готвач

Македонците се почесто заминуваат на работа во Хрватска. Се поголемата понуда за работа и повисоките плати, ги привлекуваат македонските граѓани...

Македонија2 дена

Шверцерите на убиената мигрантка Фатима добија по една година затвор, уште нема одговор дали полицаецот го испука куршумот

По една година затвор добија шверцерите на мигрантката Фатима, која беше убиена во Гевгелија по тепачката меѓу нив и полицијата,...