Контакт

Култура

Костадиновска – Стојчевска: Потребен ни е македонски културно-информативен центар во срцето на Европа

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска-тојчевска смета дека треба да биде отворен македонски културно-информативен центар во Брисел.

dobivaj vesti na viber

– Ќе бидам горда доколку во срцето на Европа формираме центар кој ќе ја промовира македонската култура и традиција. На овој начин би ги презентирале македонските вредности токму во градот во кој има бројни меѓународни организации и претставништва, дипломатски мисии, град кој ја симболизира обединета Европа, вели Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е во дводневна работна посета на Европската комисија.

На агендата на Костадиновска-Стојчевска е и средба со премиерот на Фландрија, Jан Јамбон, кој истовремено е задолжен и за областа култура.

Костадиновска- Стојчевска денеска ќе се сретне со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, со која ќе разговара за можностите за интензивирање на соработката во проектите од областа на европските интеграции и ќе ја потенцира воспоставената добра практика на транснационалната културна соработка.

Министерката за култура ќе се сретне и со директорката за меѓународни односи на Палатата за убави уметности, Магдалена Лискова. Со неа ќе дискутира за можноста таму да се организираат македонски културни настани. На средбата ќе присуствува и Жулиет Дуре, директорка за филм со која е предвидено да се разговара за соработката во филмската уметност и за Фестивалот на Југоисточна Европа кој треба да се одржи во јануари 2023 година.

Република Северна Македонија е активна и во рамките на Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, но и преку активностите во Агендата за Западен Балкан на ЕУ и Инструментот за претпристапна помош на ЕУ каде што има голем број примери на квалитетни проекти на тема културно наследство, особено во ИПА-програмите за прекугранична соработка со Албанија во кои сме лидер земја, како и партнер земја на проекти со Бугарија, Грција, Србија, Косово.

Култура

Утре почнува Скопје синема сити 2022

Објавено пред

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ утре, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот.

dobivaj vesti na viber

Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30-ти јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на РСМ, фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ на Јан Фoрсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“

На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во ‘60те а потоа и со Стоунси до ден денес.

На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.”

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на „Синедејс 2022“ со македонската премиера на играниот филм „Мими“

Објавено пред

Отворање на 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7 јули, четврток, на покривот на ГТЦ.

dobivaj vesti na viber

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“, од 7 до 14 јули 2022, фестивалот обединува повеќе од 50 филма, а филмот „Мими“, кој е селектиран во SEE-програмата, ќе се натпреварува за една од наградите на „Синедејс“, појаснува организаторот.

Улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиевска како Мими, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

Даријан Пејовски е автор на сценариото по кое е снимен филмот, Дејан Димески стави свој потпис како кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И. Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса – шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Филмот е копродукција на „Скопје филм студио“ со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора и тој е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

Годинешниот „Синедејс“, како што информираат организаторите, има многу изненадувања од домашната кинематографија сместени во разни селекции, но и богата Оф-програма поврзана со македонската филмска индустрија.

Прикажи повеќе...

Култура

На „Бит-фест“: „Битола Шекспир фестивал“ со „Кротењето на Фуријата“ во режија на Дејан Пројковски

Објавено пред

На програмата на Битолското културно лето, „Бит-фест“, денес се реализира програмата од четвртиот ден на „Битола Шекспир фестивалот“. Како дел од оваа програма, во 21 часот, во големата сала на Народниот театар во Битола, ќе се одигра претставата „Кротењето на фуријата“, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Режисерот Пројковски за претставата ќе каже: Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципа, машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Во тој контекст, елизабетанските ставови за женската сексуалност и машката доминација се елемент на една поголема матрица од односи на општествена моќ. Односот меѓу половите, општествените пракси и општествениот ритуал се една од главните теми и борба на нашето време. Пиесата денеска е особено актуелна зашто се доведува во прашање родот. Шекспир секогаш нè враќа на изворот на основните принципи на човечкото битие.

Но, нема да кажеме ништо на оваа тема ако не го поставиме прашањето: дали постои специфична женска смисла, која се разликува од машката? И ако е така, дали може да се очекува женската смисла да се пронајде во машкиот свет?

Како режисер имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците не е ист. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско.

Режија и адаптација: Дејан Пројковски; драматургија: Драгана Трипковиќ; сценограф: Валентин Светозарев; музика: Горан Трајкоски; костимографија: Катарина Вукчевиќ; сценско движење и кореографија: Тамара Вујошевиќ-Мандиќ.

Во претставата играат: Лазар Драгоевиќ – Петручио, Милица Мајкиќ – Катарина, Павле Богојевиќ – Лученцо, Вања Јовичевиќ – Бјанка, Омар Бајрамспахиќ – Транио/Дама/Вдовица, Павле Поповиќ – Хортенцио, Стефан Вуковиќ – Грумио/Учител – Батистадар, Горан Славиќ – Слај/Винченцо, Немања Тодоровиќ * – Гремио, Вукан Пејовиќ – Биондело, Лара Драговиќ – Карција/Кројач, Татјана Торбица – хостеса.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт10 часа

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет10 часа

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа11 час

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија12 часа

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет13 часа

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....

Македонија14 часа

ИДЧПД: Адеми е недостоен да ги претставува граѓаните

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје го осудува вчерашниот инцидент во македонското собрание. Оттаму жалат што повторно...

Македонија16 часа

И денес тензично на Комисијата за европски прашања, потпретседателката не дозволи процедурални обраќања

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа...

Македонија16 часа

Силјановска-Давкова: И за лаик е јасно законот кој доведе до тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се...

Македонија17 часа

Нови 168 ковид-позитивни – нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Македонија19 часа

Високи тонови и караница во Собранието, каде што вчера имаше тепачка

Со високи тонови и карање почна денешната седница на Комисијата за европски прашања, каде што вчера имаше тепачка. Координаторот на...

Регион20 часа

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства...

Македонија21 час

Милошоски со кривична пријава против Азири, кој напиша „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа...

Европа22 часа

Поранешен функционер на ЦИА: Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

Даниел Хофман, поранешен висок офицер на ЦИА, кој служел како шеф на станица во Москва, тврди дека Путин би можел...

Свет22 часа

Во камион во Тексас починале 46 мигранти

Американските служби јавуваат дека најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас....

Европа23 часа

Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините пресметани воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук велејќи...

Македонија23 часа

(Видео) „Како на Дивиот Запад“ – собранискиот инцидент во медиумите од соседството

Во Собранието на Северна Македонија дошло до физичка пресметка кога пратеникот на СДСМ-ДУИ, Арбер Адеми, со шолји за кафе и...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите

ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, реагираат од...

Европа1 ден

Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја членка на НАТО може...

Македонија1 ден

Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и...

Македонија2 дена

Вархеји очекува Скопје и Тирана во наредните денови да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, еврокомесарот за проширување Оливер...