Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители

Објавено пред

Како што според зборовите на американскиот поет Роберт Фрост: „Секоја песна започнува со кнедла во грло“, ќе бидам искрена, и јас го почнувам овој говор со тоа чувство. Во свет во кој поезијата сè помалку ја има, а сè повеќе ни треба и ако поезијата е кралица на литературниот израз, тогаш Струга е светска престолнина на поезијата и вечерва – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 61. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

– Младите, за жал, сè помалку читаат. Ги нарекуваат генерации на слики, а не на зборови. И, за жал, воопшто, како сите сè помалку да комуницираме и сè помалку да зборуваме. Најубавите зборови од мајчините јазици ги заменуваме со „емотикони“. А каде е зборот, каде се чувствата?! – запраша министерката.

– Затоа – додаде таа – Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители.

– Ќе се запали фестивалскиот оган, од Мостот на поезијата ќе ги понесе Дрим вашите стихови, ќе се отвори хоризонтот над Охридското Езеро и тој син бескрај ќе ви остане во очите засекогаш. А нам, за возврат, подарете ни убав збор, убава песна та макар почната и со „кнедла во грлото“ – порача Костадиновска-Стојчевска.

Манифестацијата беше отворена на летната тераса на хотелот „Дрим“ во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор.

Во следните фестивалски денови на „Струшките вечери на поезијата“ ќе може да се чујат 24 поети од странство и 30-ина од државава.

Најново

Култура3 минути

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во...

Македонија5 минути

Без струја делови од Карпош и Петровец

Без струја денеска ќе останат делови од општините. Карпош и Петровец. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден...

Култура7 минути

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ – Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа...

Култура10 минути

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг...

Спорт8 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт9 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт9 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава10 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет11 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...