Контакт

Култура

Куклената пртстава „Месечиново“ утре на сцената во кино „Фросина“

Објавено пред

Утре во 19:15 часот на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи првата реприза на куклената театарска претстава „Месечиново“ по текст, режија и во изведба на Колектив Ветерница.

„Месечиново“ е претстава од друѓе за луѓе која обединува куклен, физички и театар на сенки.

Улогите ги толкуваат Марија Бејкова, Ивана Нелковска, Билјана Митева, Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ. Куклите ги изработи Бруно Толиќ. Kостимографија е на Рената Димчов, а сценографијата на Велимир Жерновски. На реквизитата работеше Сања Симоска додека пак изборот на музика е на Ѓорѓи Јаневски. Дизајнот на промотивниот материјал е на Ангела Маневска, а анимација е од Вања Шереметкоски.

Цената на билетот е 150 денари. Резервации на тел. 02 311 52 25 или [email protected]

Култура

ИФФК „Браќа Манаки“ награден од ИМАГО – течат подготовките за 40. јубилејно издание на фестивалот

Објавено пред

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се подготвува за 40. јубилеј и ќе биде поразличен и побогат со програми. Ќе се одржува од 14 до 21 септември, поместен е една недела порано за да не се совпадне со фестивалот во Сан Себастијан, така што ќе може да го посетат поголем број европски филмски критичари.

„Покрај 14-те секции, ќе имаме и нешто ново. Ќе се обидеме малку повеќе да ја потсетиме нашата публика со најдобрите македонски, но и европски филмови кои можеби сме ги пропуштиле на времето. Ќе се обидеме да отвориме и два нови простора за прикажување, а тоа ќе зависи и од средствата што ќе ги добиеме, и доста економски и штедливо да донесеме што поголема и подобра програма#, рече директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, на прес-конференција.

Преку mедија-дескот во земјава, „Браќа Манаки“ оваа година ќе соработува со два европски фестивала – Фестивалот на краток и анимиран филм од Барселона и со програма од неколку филмови за деца од фестивалот во Копенхаген. Македонски филмови и автори, пак, се избрани во претпрограмата на Short Waves Festival во Познањ, Полска. Овој месец таму, во рамки на македонска вечер на Random Home Cinema, пред најголем дел студентска публика биле прикажани пет кратки филма во селекција на Слаѓан Пенев и Марија Апчевска: „Малина“ на Анастасија Лазаровска; „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов; „Награда“ на Лидија Мојсовска; They come from the center of the world на Дина Дума и „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по главата“ од Вардан Тозија.

Поводот за денешната прес-конференција на ИФФК беше наградата што нашиот фестивал ја доби од Меѓународната федерација на кинематографери – ИМАГО за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност. „Браќа Манаки“ беше единствена институција која ја доби наградата, а ја прими од почесниот претседател на ИМАГО, Најџел Волтерс.

Директорката Теодосиевска и уметничкиот директор Благоја Куновски-Доре ги споделија впечатоците од примањето на наградата минатата сабота кога, како што рекоа, и покрај протестите во Белград, била полна салата на Југословенската кинотека каде што беше второто издание на биеналното доделување на меѓународните награди на ИМАГО, по првото во Хелсинки пред две години.

Истакнаа дека доделувањето на наградата бил извонредно значаен настан за „Браќа Манаки“ и за македонската култура и потврда за четиридецениската посветеност на најстариот фестивал во светот посветен на кинематограферите.

„Ова за нас е Оскар“, рече Куновски и додаде дека значајноста е во тежината на инститuцијата што ја доделува наградата затоа што, рече тој, ИМАГО не ги дели кинематограферите и ги вреднува исто без разлика од кое место на планетата се тие, за разлика од Американската академија каде попривилегирани се англоамериканските. „ИМАГО ги коригира гафовите на Американската академија што ги доделува Оскарите“, додаде Куновски.

На настанот биле во друштво со познати филмски професионалци, а меѓу добитниците на награда од ИМАГО бил и кинематограферот оскаровец Роџер Дикинс, кој лани ја доби „Златната камера 300“ за животно дело.

Прикажи повеќе...

Култура

Хуманитарен „Галеб“ во МНТ

Објавено пред

Во рамките на проектот „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, со поддршка на Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Македонскиот народен театар, тимот од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ организира продажба на билети за изведбата на претставата „Галеб“ на 5 април, со почеток во 20 часот.

Некои од средствата од продажбата на билетите ќе се донираат во хуманитарни цели за помош на целната група – социјално загрозено семејство.

Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Таа се имплементира во сите општински организации на Црвениот крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори, кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење интеркултурно општество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добросостојба на заедницата во која живеат, а притоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои им помагаат на ранливите категории население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти, преку кои им се помага на речиси 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно, а за некои помошта е долгорочна.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на филмот „Театарот во Скупи“ на Владимир Блажевски

Објавено пред

Филмот „Театарот во Скупи“, во режија на Владимир Блажевски, ќе ја има својата премиера утре, на Светскиот ден на театарот, со почеток во 19 часот во Кинотеката на Република Северна Македонија.

„Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но пред сè цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нè воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Пентагон одобри милијарда долари за ѕид на границата со Мексико

Пентагон го одобри трансферот на една милијарда долари за воените инженери кои ќе го градат дел од ѕидот на границата...

Македонија4 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ6 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија7 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија7 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија8 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија8 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија10 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ12 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ12 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија12 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија14 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Досие