Контакт

Култура

„Култура под небото“- културна манифестација на отворена сцена во Паркот на франкофонијата

Објавено пред

Од 16 мај до 15 јуни, на отворената сцена на балетското школо „Булфрогс“ во Паркот на франкофонијата, ќе се одржува манифестацијата „Култура под небото“.

dobivaj vesti na viber

„Култура под небото“ е проект за подобрување на физичкиот и менталниот развој на децата и младите и за поттикнување едукација во културната сфера. Во рамките на програмата ќе се одржуваат часови по класичен балет за деца и млади од 3 до 18 години, aerial stretching – техника за истегнување со помош на платно, како и ПБТ-часови за мускулна меморија и превенција и корекција на деформитети на екстремитетите и грбот.

Во рамките на „Култура под небото“ ќе се одржат и разни културни манифестации, отворени за посета и учество на сите заинтересирани деца и млади.

Идејата за отворена сцена во срцето на Скопје се планира веќе извесно време, а произлезе од потребите за уметнички израз и глад за култура под отворено небо, без страв и неизвесност во време на пандемијата. Активностите на „Булфрогс балет“ на отворено почнаа во 2021 година во градскиот парк, а оваа година целата програма ќе биде издигната на едно многу повисоко ниво, со поставување пространа отворена сцена во центарот на Паркот на франкофонијата и со богата програма. Според Александра Никифоровски, уметничка директорка на „Булфрогс балет“, токму овој спој на природа и уметност е одговор на потребите на младите кои не беа спремни да се откажат од љубовта кон уметноста, велат организаторите.

Никифоровски: „Проектот ‘Култура под небото’ e нашиот крик за ослободување од онлајн-просторот, обид за ревоспоставување физички простор што ќе ги врати чувството на слобода и длабокото вдишување и издишување додека телото танцува ослободувајќи емоција. Наметнатото ново нормално на глобално ниво предизвика потрага по алтернативни алатки и простори за спроведување на секојдневните активности. Уметничката индустрија не беше изземена од пандемијата, па оттука се роди идејата да создадеме простор под отворено небо со проширена програма, каде што младите се чувствуваат безбедно да бидат свои, креативни и да бидат вклучени во уметнички активности“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина грчкиот композитор Вангелис

Објавено пред

Вангелис, грчкиот композитор најпознат по музиката за филмот „Огнени автомобили“, почина на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција.

dobivaj vesti na viber

Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна вечерта, без да ја наведе причината за смртта, пренесе „Ројтерс“.

Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово“ 2021/ 2022

Објавено пред

Ива Дамјановски за „Мојата песна се фрла од мостот“ е лауреат на поетскиот конкурс за необјавена песна „Антево слово“ за 2021/2022 година.

dobivaj vesti na viber

Наградата е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Наградени автори на „Антево слово“ 2021/ 2022 – Сицилија, Италија

1. награда
Ива Дамјановски – Мојата песна се фрла од мостот

2. награда
Елизабета Бандиловска – Солзите на светот;
Михајло Костадиновски – Младост за перење;

3. награда
Љубинка Донева – Птиците и гробиштата
Димче Шипинкаровски – Прочка

Награда за млад автор:
Мелани Иванова – Порака за мир

Годинешниот мал јубилеј ни претставува особена чест затоа што македонската поезија е дел од оваа значајна Меѓународна поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Мисла-песна, песна-мисла, поврзаноста градиво за нови светови, темел за нова јасност. Потребата за мир не е е надреална желба, андроидното живеење е веќе реалност, но да знаеш да ја пренесеш низ поетски глас симболиката на интимните вивнувања и падови преку личните дискурси на перцепција со автентичност и скриена поетичност и мелодика е нешто што ги отвора портите на стиховерзумот на новите поколенија.

Според Атина Цветаноска, член на жири-комисијата на „Антево слово“, експресивната мисла на Ива Дамјановски е луцидно покажана во нејзината песна „Мојата песна се фрла од мостот“.

„Нејзината песна е жив организам кој битиствува во реалноста која ја опкружува и се стопува во живиот и неживиот свет. За неа стиховите се органско продолжение на нејзината суштина и се истовремено и орудие и екпресија и израз на внатрешен животен порив. Стиховите се иновативни, современи и во исто време едноставни што прави оваа песна да се чита лесно, но и да побуди прашања и размислувања за есенцијата на животот“, вели Цветаноска.

Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Дипломиран пијанист и моментално работи на своите магистерски студии на Libera Università di Bolzano на Катедрата за музикологија, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. До сега има издадено две збирки поезија, насловени „Тие“ и „Двоумење“, како и две научни статии од областа на музикологијата. Добитничка на престижната поетска награда за поезија „Браќа Миладиновци“ во 2020 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен повик за 13. издание на Фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border

Објавено пред

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 13. издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови Balkans Beyond Border.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот за првпат ќе биде одржан во Македонија, во градот Битола, откако во последните 12 години фестивалот патуваше во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина).

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува 1.000 евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар дебитантски филм, специјални признанија и награда од публиката.

Конкурсот е отворен за младите уметници од Балканот и пошироко, а рокот за пријавување трае до 31 мај оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата

Никола Димитров ја критикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со...

Европа3 часа

Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од...

Македонија3 часа

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме...

Свет4 часа

Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина

Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да ѝ помогнат на Украина...

Економија5 часа

Пендаровски: Со исполнување на приоритетите на „Македонија 2030“ ќе создадеме услови за одржлив раст и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на 11. издание на самитот „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот...

Македонија7 часа

МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес

Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница...

Македонија8 часа

Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, во однос на предците јас не можам да коментирам такви детали

Додека бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, премиерот...

Европа9 часа

Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска...

Македонија11 час

Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во...

Регион11 час

Младиот човек чие тело беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш, позната е и причината за смртта

Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според српски „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи...

Македонија13 часа

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија13 часа

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија14 часа

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет14 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет14 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија16 часа

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет1 ден

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион1 ден

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет1 ден

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија1 ден

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...