Култура
(Видео) „Лебедово езеро“ на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.
Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.
Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Шпанија ја блокираше аукцијата на слика во Мадрид, сугерирајќи дека може да се работи за одамна изгубено ремек-дело на италијанскиот ренесансен уметник Караваџо.
Почетната цена за „Крунисување со трње“ првично беше 1.500 евра (1.800 американски долари).
Но, ако е навистина од Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо, може да вреди до 150 милиони евра.
Сликата ја испитуваат експерти, и назначено е дека „не е за извоз“.
Масло на платно од 17 век го прикажува Исус непосредно пред неговото распетие и, според каталогот на аукцијата, му се припишува на шпанскиот уметник Хозе де Рибера.
Со загриженост дека делото може да се продаде во странство, шпанската влада брзо реагираше и ја блокираше аукцијата само неколку часа пред сликата да се најде под чеканот.
Култура
Заврши снимањето на филмот „Празникот на хризантемите“

Заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ (“Chrysanthemum day”) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска копродукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Дел од сцените на филмот се снимаја во Спомен костурница- Велес и Македониумот во Крушево. По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена.
Филмот е научнофантастична дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе”, познатa како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.
На овај филм, како прв од овој жанр што се снимаше во Северна Македонија, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од Ковид-9, учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина.
Филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, С Македонија, Босна, Србија и Хрватска. „Празникот на хризантемите” е меѓународна копродуцкија помеѓу Украина, С Македонија, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од пост продукцијата на филмот ќе се работи во земјава.
Култура
Зафир Хаџиманов погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Зафир Хаџиманов почина поради компликации со коронавирусот на 27 март, погребот беше одржан денес на Новите гробишта во Белград, а неговата урна беше положена во Алејата на заслужните граѓани.
Тој беше испратен на вечно почивање во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, бидејќи условите поради пандемијата на коронавирус не дозволуваат поинаку, и како што најави неговиот син Васил, по пандемијата тој ќе биде испратен како што треба.
Зафир Хаџиманов беше филмски актер, пејач, композитор и sвезда на југословенската шансона. Во 1967 година, на фестивалот во Варадеро, Куба, беше прогласен за најпопуларен пејач. Одеше на турнеи во СССР, снимаше телевизиски емисии. На фестивалот во Опатија во 1969 година, тој ја изведе шансоната „Био је мај“, неговиот најпознат евергрин.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш