Култура
Леонардо да Винчи пет века потоа – „Лувр“ во Париз ја отвори долгоочекуваната изложба

Беше потребно повеќе од една деценија за подготовка и за малку ќе беше спречена поради дипломатски спор. Но, сега, една од најскапите светски уметнички изложби за одбележување на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи, конечно, е отворена за јавноста.
Музејот „Лувр“ во Париз, домот на Мона Лиза, ги отвори своите врати за изложба на повеќе од 160 слики и цртежи од времето на ренесансата, некои од нив позајмени од кралицата Елизабета Втора, Бил и Мелинда Гејтс.
Изложбата, која се очекува да привлече повеќе од половина милион посетители во текот на следните четири месеци, има цел да обезбеди подлабоко разбирање на методите на работа на уметникот користејќи ги неговите тетратки, технологија за инфрацрвени слики и виртуелна реалност.
Леонардо да Винчи бил инженер, дизајнер, научник и уметник, кој бил фасциниран од човечката форма и однесувањето на животните и растенијата.
Од растот на дрвјата до движењето на птиците, тој бил опседнат со летот и дизајнирал машина за летање врз основа на крилјата на лилјак. Леонардо ги проучувал комплексностите и ги документирал со цртежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.
Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.
Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.
Култура
(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.
Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.
Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.
Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.
„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.
Култура
Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Шпанија ја блокираше аукцијата на слика во Мадрид, сугерирајќи дека може да се работи за одамна изгубено ремек-дело на италијанскиот ренесансен уметник Караваџо.
Почетната цена за „Крунисување со трње“ првично беше 1.500 евра (1.800 американски долари).
Но, ако е навистина од Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо, може да вреди до 150 милиони евра.
Сликата ја испитуваат експерти, и назначено е дека „не е за извоз“.
Масло на платно од 17 век го прикажува Исус непосредно пред неговото распетие и, според каталогот на аукцијата, му се припишува на шпанскиот уметник Хозе де Рибера.
Со загриженост дека делото може да се продаде во странство, шпанската влада брзо реагираше и ја блокираше аукцијата само неколку часа пред сликата да се најде под чеканот.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш