Контакт

Книги

„Летни приказни“ за љубителите на добрата книга

Објавено пред

Tрадиционално, на почетокот на летото, од денеска па сè до 1 септември, во книжарницата „Или-или“ ќе се одржат „Летните приказни“, и тоа десетти јубилеен пат. Во овие осумдесетина дена љубителите на добрата книга ќе имаат можност да ги купат изданијата на издавачките куќи „Бегемот“ и „Или-или“ со намалени цени од 20 до 70 отсто како прва нивна заедничка соработка од ваков вид и отворање книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература.

Меѓу понудените 200 наслови секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од нобеловци и наградени европски и светски автори, па сè до книгите на новата генерација македонски писатели и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања. Во рамките на „Летните приказни“ ќе бидат промовирани и неколку нови изданија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Заврши 31. издание на Поетската ноќ во Велестово

Објавено пред

Со претставувањето на романот „Некој беше тука“ од Николина Андова-Шопова, синоќа, во Охрид, заврши 31. издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.

Во трите фестивалски вечери пред многубројна публика се претставија десетина уметници (поети, музичари, сликари, актери, како и теоретичари) од три земји: Македонија, Ирска и Бугарија.

Првата вечер се одржа во селото Велестово, а беше отворена со спектакуларен настап на Зарина Првасевда и Александар Петров на тапан. Понатаму, програмата продолжи со поезијата на Иван Џепароски во интерпретација на актерот Владимир Јачев и беседата на проф. д-р Наташа Аврамовска. Вечерта заврши со отворањето на изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Следниот ден, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настанот „Поезија напладне“ со Поли Муканова, под модераторство на охридскиот поет Зоран Јакимоски, а имавме можност да чуеме стихови и од поетот Владимир Левчев од Бугарија.

Истата вечер во Кафе и бар „Шила“ во Охрид се одржа промоција на стихозбирката „Жалба до музата“ од ирскиот поет Џери Марфи, избор и препев на Јулијана Величковска. Стихови читаше актерот Јован Цветкоски, а книгата ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.

Во рамките на манифестацијата излезе и 19. број на интернационалната ревија Поетска ноќ во Велестово.

Прикажи повеќе...

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини.

Џема, главниот лик во романот, прогонувана од сеќавањата на четиригодишната опсада на Сараево, неочекувано се качува на авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро до градот разорен од неодамнешната војна. Таа се надева дека Пјетро ќе дознае за градот на нејзиното детство и за Диего, таткото кого тој никогаш го нема запознаено. На аеродромот во Сараево ги пречекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого таа се запознала во 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работела на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја сретнала љубовта на својот живот – фотографот од Џенова што слика врапчиња. Штом ќе стигнат во Сараево, Џема останува зграпчена помеѓу сегашноста и минатото и во главата ги оживува љубовната врска со Диего, нивната решеност да засноваат семејство и длабоката поврзаност со Сараево и во услови на војната што се заканува да го уништи сето она што ги опкружува.

Овој „прогонувачки роман“ е софистицирано дело на Мацантини преку кое таа ја испитува емотивната територија на она што значи семејството – конкретно што значи да се биде мајка. Како што судбината на градот Сараево се припојува со желбата на Џема да има дете, дознаваме колку таа е навистина силна и понесена, особено кога ќе се соочи со едно зачудувачко откритие што истовремено е и катарзично и срцепарачко.

Маргарет Мацантини e родена во Даблин, а живее во Рим. Била филмска, телевизиска и театарска актерка, но меѓународно е позната како писателка. Авторка е на Не помрднувај се (2001), Зоро (2002), Повторно роден (2008), Moрето наутро (2011), Сјај (2013) и други книги, за кои ги добила наградите „Рапало-Кариџе“ и „Кампиело“, но и Орденот за заслуги на Република Италија.
По објавувањето на „Повторно роден“, Мацантини добила голем број писма и пораки од луѓе што го преживеале хоророт на босанската војна – социјални работници, свештеници, доктори и членови на невладини организации, и сите тие изјавувале дека книгата ги предизвикала интимно одново да поминат низ трауматичните искуства од минатото.

Македонското издание на книгата е преведено од Калина Јанева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура.

Сопругот на Маргарет Мацантини, актерот и режисер Серџо Кастелито, ги филмувал речиси сите нејзини дела, меѓу кои и „Повторно роден“ од 2012 година, со Пенелопе Круз и Емил Хирш.

Прикажи повеќе...

Најново

Hitech8 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија15 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија17 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија18 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија19 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија20 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет20 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет20 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет20 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет21 час

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија21 час

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет1 ден

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион1 ден

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа1 ден

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ2 дена

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ2 дена

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија2 дена

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија2 дена

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија2 дена

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Досие