Контакт

концерти

„Лузер-фест“ во МКЦ

Објавено пред

Пред големата финална прослава, вечерва, е и последниот настан од офф-програмата на „Таксират 20“, најдругарскиот „Лузер-фест“, кој го става акцентот на најновите домашни имиња што допрва ќе ја освојуваат музичката сцена. Во МКЦ како финалисти на овој настан ќе настапат Halfgod од Кичево, Reinconnected од Охрид, „Дактили“ од Струмица и скопските Fiction, Thyme и Iyah. Специјални гости со настап за промоција на нивниот албум првенец е ланскиот победник Conspiracy! Билетите со симболична цена од 100 денари се достапни само на билетарница МКЦ, а тие воедно се и гласачко ливче со кои публиката заедно со гласовите од жирито ќе го избере новиот победник на „Лузер-фест“.

Одбележувањето на 20. јубилеј почна со концерт на Kraftwerk во февруари, потоа ги видовме Laibach, Gogol Bordello, Manu Caho, Inner Circle, Akua Naru, Peter Bence, Lord Of The Dance во Скопје и само во изминатите 7 дена повеќе од 30 концертни настапи во официјалната програма што почна со ПИН-музичката конференција, и тоа со најуспешното издание досега на кое Скопје беше местото за поврзување на европската музичка индустрија. И веќе имаме концерти што со сигурност се запишуваат во мемоарите на музичките вљубеници, но и на култните изведувачи, како историски моменти, а меѓу нив д-р Неле Карајлиќ, Страјк, Киборг, At the gates, Рамбо Амадеус со дури два распродадени настапа и последниот во низата, вчерашниот феноменален настап на „Киборг“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Солистички концерт на обоистот Васил Атанасов во Полска

Објавено пред

Утре, на 18 мај, обоистот Васил Атанасов ќе настапи на 26. Меѓународен музички фестивал Tarnow 2019 во Полска.

Атанасов ќе одржи целовечерен солистички настап заедно со неговиот колега Тодор Светиев, кој ќе го придружува на пијано.

На програмата ќе бидат изведени дела од Скарлати, Сен Санс, Жан Филип Рамо, Бонзон, Колин, како и композиција од македонскиот композитор Стојан Стојков.

Атанасов е мaкедонски врвен и познат уметник кој со својата обоа ги пренесе високите уметнички вредности од македонската култура и уметност во Европа и светот.  Добитник е на голем број награди и признанија како: Златна лира – највисоко признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, награда „13 Ноември“, највисоко признание на Град Скопје за врвни дострели, наградата „Феникс“ на општина Центар во 2003 година за врвни достигнувања во музиката, годишната награда на градот Струмица „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ за 2008 година – за особени остварувања во областа на музиката, грамота и златен медал од Министерството за култура на Република Бугарија во 2012 година за развојот, популаризацијата и соработката на полето на културата.

Во еден мандат 1995-1999 година беше и директор на Македонската филхармонија со која оствари успешни концерти, премиерни изведби и неколку записи на компакт-дискови со светска музика, но и македонски автори: Б.Ивановски, Т.Прокопиев, Г.Смокварски двоен компакт-диск, турнеи во Романија, Бугарија и се смета за еден од најуспешните периоди на Македонска филхармонија.

Атанасов има настапувано во Италија, Шведска, Франција, Австрија, Германија, Полска, Португалија, Бугарија, Романија, Турција, Русија, САД, Мексико, Австралија, Северен Кипар, Јужна Кореја, Виетнам, Израел, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово.

Неговите изведби трајно се запишани на една ЛП-плоча, седум солистички компакт-диска и три со камерна музика со Камерен оркестар „Скопски солисти“ и два компакт-диска со Скопски дувачки квинтет.

Во моментов маестро Атанасов е прв обоист солист на Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во АРМ по повод 70 години постоење

Објавено пред

Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, на 20 мај, во Домот на АРМ, ќе одржи целовечерен свечен концерт по повод одбележувањето на 70-годишнината од своето постоење.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.

Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот е закажанн со почеток во 19.30 часот.

Прикажи повеќе...

концерти

Славната Баиба Скриде солист со Филхармонија на концертот „Нов свет“

Објавено пред

В среда, на 8 мај, со почеток во 20 часот Филхармонијата ќе го реализира симфонискиот концерт „Нов свет“, на кој како солист ќе настапи врвната виолинистка од Латвија, Баиба Скриде.

Виртуозноста, музикалноста, искрениот пристап кон делата што ги изведува и силната љубов што ја исполува кон нив ќе ја одведат виолинистката Баиба Скриде на сцените низ светот да настапува со едни од најзначајните оркестри и диригенти денес. За македонската публика, таа ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во a-moll, оп. 77 од Дмитриј Шостакович, кој рускиот композитор го посветил на прочуениот Давид Ојстрах.

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оваа вечер ќе биде изведена и една од најдобрите симфонии на сите времиња, Симфонија бр. 9 „Од новиот свет“ од Антонин Дворжак.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија1 час

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија2 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија3 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ3 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија6 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија7 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија8 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа8 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион9 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech9 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет10 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Досие