Контакт

Книги

„Луѓе без минато“, нов роман на Ивица Челиковиќ

Објавено пред

Во издание на „Паблишер“ од Скопје деновиве излезе од печат романот „Луѓе без минато“ на македонскиот писател Ивица Челиковиќ, информираат оттаму.

„’Луѓе без минато’ е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Но зад лажната слика на редот обично се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.

Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре.

‘Луѓе без минато’ е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина“, стои во нивното соопштение.

Ивица Челиковиќ е автор на десетина поетски и прозни дела. Челиковиќ е и преведувач од шведски јазик. Превел над триесет дела од познати шведски писатели, меѓу кои Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Бодил Малмстен, Јонас Хасен Кемири и Катарина Фростенсон, а воедно преведува и македонска литература на шведски.

Добитник е на повеќе награди и признанија и е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Шведска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Книгата „Сирота мала богата драма“ ќе биде промовирана на Меѓународниот фестивал „Сарајевска зима“

Објавено пред

Во периодот од 19 март до 22 март 2019, доцент д-р Иванка Апостолова Баскар, како иницијатор, уредник и промотер ќе настапува на Меѓународниот фестивал Сарајевска зима 2019, со промоција на електронската книга/збирка на 11 кратки драми на современи македонски автори-Сирота мала богата драма.

Промоцијата ќе биде во Музичкиот павиљон (Мејдан). Организатори на фестивалот се Ибрахим Спахиќ и неговиот тим од Меѓународниот центар за мир.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Крв и злато“ од Ендре Ади

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, денеска, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Крв и злато“ од несомнено најголемото книжевно име на Унгарија во 20 век, Ендре Ади.

По повод стогодишнината од смртта на Ендре Ади, во неговата родна земја годинава се организираат низа чествувања и научни собири, а ќе бидат објавени и критички изданија од богатото творештво на овој автор со толкувања на врвни познавачи на неговото дело.

Преку длабоките и емотивни пораки, создадени во духот на народната традиција, Ендре Ади воспостави јасни тематски релации, а народниот дух го воздигна на високо рамниште. Како поет на чистата и непосредна чувствителност кон љубовните и социјалните теми, во поезијата ја внесе лирската емотивност и чувствителност и ја афирмира самосвојноста на поетскиот глас.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова поема од Ристо Лазаров

Објавено пред

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат уште еден нов наслов – поемата „Тесен пат кон далечниот север“ од Ристо Лазаров. Оваа поема, компонирана во седум пеења, го носи истиот наслов на драмата на Едвард Бонд играна во МНТ во 1972 година во режија на Владимир Милчин, како и на романот на Ричард Фланган, добитник на Букеровата награда во 2014 година.

Во обемниот поговор кон оваа поема писателот и есеист Томислав Османли истакнува дека „Тесен пат кон далечниот север“ е творба која тргнува и трогнува и стежнува не поради фантасмагорискиот материјал, чии слики и чувствувања јакнат во текот на стихуваната темна хроника без одредиште. Таа е шолна со метафизички слики и богата со фигури и од дел во дел израснува во една голема, знаменита, темна песна, густа и тешка како нашата празнина и небитница за кои со право и без заобиколување Лазаров критички пее. Подобро речено, крикнува. Тоа е огласен, крикот што во себе го чувствуваме сите, но во нас е нем, а во „Тесен пат кон далечниот север“ е изнедрен во многу релевантна филозофска, метафизичка поетска творба.

Импресивни се, продолжува Османли, токму метафизичките слики што авторот ги создава во својата нова творба и кои се рамни на големите мајстори на фантасмагориската уметност, сликарска и литературна, или и – таква-и-таква, сеедно… Тие се појавуваат како парадоксални претстави (патот што вчера беше широк/ноќум се стеснил…, како тревожни метафизички параболи (Со време низ нијансите на правта, почнаа да зјапаат во ништо…), симболистички глетки и фантасмагории (проколнато беспаќе каде што нема ни кој рака да ти подаде/на полна месечина се гледа дека бездната е полна со черепи и со маски, капки крв притаено светкаат како ѕвездички од детските играчки).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 час

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет2 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201919 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток24 часа

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие