Контакт

Култура

„Макбет“ на два фестивала во јуни

Објавено пред

Во рамките на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет“ и „Силјан Штркот шанца“. Фестивалот ќе се одржи од 7 до 15 јуни 2019 година.

Претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Нела Витошевиќ, пред прилепската публика ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма) на 7 јуни.

На затворањето на фестивалот, 15 јуни 2019, a во чест на нагадените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

На 27 јуни на големата сцена во МНТ претставата „Макбет“ ќе настапи и на 40. јубилејно издание на Скопско лето.

„Макбет“ на режисерот Нела Витошевиќ и на драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар е волуминозна и впечатлива претстава во која беспрекорно функционираат сите составни елементи, сценографијата, костимографијата, музиката и актерската игра – поентира театарскиот критичар Тодор Кузманов во својата рецензија на претставата.

Улогите во „Макбет“ ги играат: Макбет – Сашко Коцев, Леди Макбет – Драгана Лошкова, Кралот Данкан – Сенко Велинов, Малколм – Дениз Абдула, Банко – Стефан Вујисиќ, Макдаф – Благој Веселинов , Вештерка 1 – Наталија Теодосиева, Вештерка 2 – Ана Стојановска, Вештерка 3 – Ивана Павлаковиќ, Рос – Борче Начев, Ленокс – Славиша Кајевски, Ментет, Гардистот – Исмет Шабановиќ, Кетнес – Дарко Ристовски, Убиец 1 – Томислав Давидовски, Убиец 2 – Ненад Анѓелковиќ, Сиворд – Виктор Бужаров, Флинс, син на Банко – Филип Ивковски, Момче, син на Макдаф – Адриен Боирал.

Билетите за изведбата на 27 јуни се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку онлајн-системот на www.mnt.mk.

Култура

Репризи од „Култура во време на корона“ во текот на полицискиот час во Скопје

Објавено пред

Градските власти во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе го репризират за време на полицискиот час во Скопје.

Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот.

За време на полицискиот час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.

Натапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук-страница на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции неодамна го спроведоа овој проект којшто броеше над 50 настани, со настап на повеќе од 200 изведувачи, во осум различни општини во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

Објавено пред

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критикa.

Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.

„Недостигот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции“, велат од Здружението.

Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.

Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на УО на „АИКА Македонија“). Кандидатите треба да се граѓани на Република Северна Македонија или, пак, странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Северна Македонија повеќе од една година.

Наградата е во висина од 30.000 денари и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири.

Конкурсот ќе трае до 15 јули, а добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 30 јули, 2020.

Прикажи повеќе...

Култура

И „Калеш бре, Анѓо“ на „Антологијата“ на Мишо Ковач

Објавено пред

Легендарниот Мишо Ковач (1941), кој на музичката сцена е повеќе од 50 години, повторно е актуелен.

Во издание на „Кроација рекордс“ неодамна беше објавена неговата ретроспективна „Антологија“, на шест компакт-диска. Вкупно 131 песна, одбрани лично од него, меѓу кои и песна на македонски.

Снимката „Калеш бре, Анѓо“, која Мишо на своја иницијатива ја сними во 2014, од заборавот ја спаси Зулфи Назифовски.

Мишо отсекогаш многу ја сакал оваа песна, како и целото македонско богато звучно културно наследство.

Назифовски, пак, е музички новинар, колекционер на винили и компакт-дискови, човек кој има голема музичка архива. По потекло е од Македонија, а живее во Словенија.

Шесткратното издание на компакт-дискот содржи исклучително богата придружна содржина, книгичка од 52 страници, во која се содржани ретки фотографии.

„Ако ме оставиш“, „Остала си увијек иста“, „Проплакат ќе зора“ се само некои. Заедно со „Сви пјевају, ја не чијем“, „Никога нисам волио тако“, па првиот сингл „Не могу престати да те волим“. Станува збор за преработка на хитот на Реј Чарлс „I Can’t Stop Loving You“.

„Беше многу тешко да се изберат најубавите песни на Мишо за Антологијата. Можеби затоа Антологијата на Мишо е објавена дури сега. Беше тешко една таква кариера да се најде на ограничен број компакт-дискови. Затоа оваа антологија не е стандардно издание со најголеми хитови. Оваа антологија е изборот на Мишо составен од неговите најомилени песни. Еден вид подарок за неговата публика што го следи и обожава толку верно. Заслужено, затоа што во ниту еден момент од кариерата Мишо не престана да ги почитува своите фанови“. Ова во книгичката на изданието го напиша Николина Мазалин, креативна директорка во „Кроација рекордс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија2 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија4 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион5 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет5 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет7 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт8 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија18 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет22 часа

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија23 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија24 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 ден

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија1 ден

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија1 ден

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија1 ден

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија1 ден

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет1 ден

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ1 ден

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа1 ден

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Досие