Контакт

Актуелно

Македонија и Албанија ќе ја продлабочуваат соработката во културата

Објавено пред

Значењето на заемната поддршка во рамките на културната соработка помеѓу Македонија и Албанија,  особено во делот на соработката помеѓу младите, беше во фокусот на разговорите помеѓу министерот за култура, Асаф Адеми, и амбасадорот на Aлбанија во Македонија, Фатос Река.

На средбата во Министерството за култура двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот степен на соработка во областа на културата помеѓу двете соседни и пријателски земји. Република Македонија и Република Албанија споделуваат слични интереси на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО.

„Интензитетот на  реализираните билатерални посети на сите нивоа е еден од најдобрите показатели за квалитетот на заедничките односи“, истакна Министерот Адеми  и уште еднаш ја истакна потребата од  продлабочување на интензивната соработка помеѓу двете земји.

Албанскиот амбасадор, Фатос Река, како позитивен пример за соработката помеѓу двете земји ја наведе поддршката  на УНЕСКО за формирање  клубови од Македонија, кои заедно со своите партнери од Албанија реализираа неколку активности во рамките на проектот „Разбирање и почитување на културната разноликост – поттик за културна соработка за и од младите“. Целта на проектот беше да се унапреди  културната соработка меѓу младите од  Македонија и Албанија, да се стимулира  разбирањето и вреднувањето на културните разлики и традиции преку информатичко-комуникациските технологии.

Актуелно

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Објавено пред

Академик професор Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/19 година кој се одржува во Сицилија, Италија.

По објавениот повик за испраќање  песна по слободен избор за учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија со своите дела.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело ла Векија“ е создаден со цел да се прослават и овековечат преку „Возвишената поезија“ духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело ла Векија, односно: Томислав Османли, Геро ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги номинираат сите триесетина автори, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“.

Песната „Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ на проф. Катица Ќулавкова е компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран што ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето. Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес.

Вората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски. Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија

Објавено пред

Балканската филмска и театарска сцена вчера изгуби двајца познати актери.

Српскиот актер Марко Николиќ почина на 73-годишна возраст во болница во Белград, објави РТС. Неговата ќерка, исто така актерка, Мина, објави на „Фејсбук“ заедничка фотографија со него на која пишува 1946-2019.

Марко Николиќ беше роден во Краљево на 20 октомври. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година.

Телевизиска слава стекна со улогата на Гига Моравац или Драгиша Попадиќ во телевизиската серија „Бољи живот“, како и сo улогата на Караѓорѓе.

Вчеравечерта ненадејно почина и хрватскиот актер Иво Грегуревиќ на 66-годишна возраст во Загреб. Тој беше роден во Долна Махала кај Орашје во 1952 година. Студирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. На филмското платно дебитирал во 1977 година во филмот „Не нагињи се ван“.

Одиграл многу главни улоги, меѓу кои и во филмот „Чаруга“, а на сцената во театарот глумел во драми на Шекспир, Чехов, Гогољ…

Прикажи повеќе...

Актуелно

Предновогодишен концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“ во КИЦ на РМ во Софија

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечерва, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи предновогодишниот концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“. Солистот Павле Камилоски ќе настапи во пијано-придружба на Горан Начевски.

„Мала Италија патува со Павле Камилоски“ е проект посветен на музиката и создаден од љубовта кон звуците на класиката, медитеранската музика, романтичните шансони, канцони и шпански песни. Приказната на „Мала Италија“ е почната пред пет години и брои пет прекрасни концерти на различни локации во Скопје. Мотивација за проектот е Павле Камилоски и неговата вродена љубов и талент кон медитеранската музика и безвременските музички творештва.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи9 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија10 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања12 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија13 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија13 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет13 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија14 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија14 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион14 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет15 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион16 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести16 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет16 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион16 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет17 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет18 часа

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет19 часа

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие