Контакт

Култура

Македонската филхармонија новата година ќе ја помине на турнеја во Кина

Објавено пред

На 12 јули во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено годинешното Охридско лето со настапот на оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану од Романија. Како солисти ќе се претстават извонредната певица, сопранот Елена Мошуц, и тенорот Калин Братеску од Романија, со изведба на арии од опери на Пучини, Гуно, Маскањи, Белини, Верди… Настапот на Охридско лето, всушност, ќе биде последниот концерт на Македонската филхармонија во сезоната што измина.

Новата концертна сезона 2018/2019, пак, ќе почне на 27 септември со името „Ново утро“ кога под палката на маестро Јерухам Шаровски од Израел ќе настапи фантастичниот француски пијанист Лука Дебарг, лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, еден од најбараните пијанисти на класичната музичка сцена. Дебарг ќе го изведе виртуозниот Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев, а оваа вечер ќе биде изведена и славната Фантастична симфонија од Хектор Берлиоз.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, на прес-конференција ја најави целосната програма за новата сезона, која може да се види и на официјалната веб-страница на Македонската филхармонија – www.filharmonija.mk.

„Со голема радост го најавуваме свеченото отворање на новата сезона и со огромно задоволство најавуваме дека целосната програма за следната концертна сезона 2018/2019 е завршена“, рече Илиески. „И во новата музичка година ветуваме врвни, извонредни солисти и диригенти од светската музичка сцена, најавуваме интересна, атрактивна, комплексна и премиерна програма, најавуваме настани што ќе бидат незаборавни. Со оглед на имињата што ќе ги донесеме на нашата сцена, се надевам на поголемо интересирање од страна на публиката“.

Од другите концерти во новата концертна сезона 2018/2019 Илиески го издвои веќе следниот концерт по отворањето, кој ќе се одржи на 12 октомври со наслов „Хармонија мунди“, а кога под диригентската палка на маестро Емил Табаков ќе биде изведено грандиозното дело „Планети“ од Холст, дело што кај нас ќе доживее и специјална визуализација, која, рече Илиески, „се надеваме ќе биде атрактивна за публиката“. Ја издвојувам и изведбата на Бетовеновата Деветта со маестро Густав Кун од Австрија и фантастични солисти и хор како еден од грандиозните проекти, потоа настанот „Музика на платно“, кој ќе донесе филмска проекција со музичка изведба во живо од страна на оркестарот, што е уште еден импресивен настан, потоа концертот посветен на рускиот гениј Дмитриј Шостакович со славниот виолончелист Даниел Милер Шот, кој веќе гостуваше во Скопје и направи незаборавен концерт.

Илиески ги најави и настапите на магичниот руски виолинист Вадим Репин, на врвниот тромбонист Џозеф Алези, концертот на атрактивното и виртуозно дуо кларинети Гурфинкел, кои ќе настапат на гала-новогодишниот концерт, настан за кој, како што рече, публиката веќе е заинтересирана за купување билети. Инаку, членовите на дуото Гурфинкел ќе настапат и како солисти на турнејата во Кина. Потоа, го најави настапот на интересната Луси Хорш на барокна флејта, концертот на големиот руски пијанист, еден од најдобрите денес, Борис Березовски, кој во иста вечер ќе изведе два концерта за пијано од Шостакович и Прокофјев и кој ќе одржи и еден камерен концерт, како и концертот на уште еден врвен руски пијанист, Андреј Гугнин, со Концерт за пијано од Лист.

На сцената, рече Илиески, ќе застанат уште тројца извонредни виолинисти – Бенџамин Шмид од Австрија, Сојанг Ју од Кореја и Баиба Скриде од Латвија, а најави и уште еден интересен проект со настап на контратенор, како и уште еден грандиозен проект со изведба на Вердиевиот Реквием. Нема да изостанат и традиционалните концерти на Македонската филхармонија, настапот на манифестацијата Денови на македонска музика, концертите „Звукот на идната генерација“ и „Младите доаѓаат“, посветени на младите музички уметници, концертот во Градскиот парк „Филхармонија на отворено“, како и концертот по повод Денот на вљубените.

Се разбира, и оваа година, додаде Илиески, покрај делата од класичната литература и современи премиерни дела, програмата ќе биде збогатена со композиции од македонски автори, а на подиумот со Македонската филхармонија ќе застанат и фантастични македонски солисти, меѓу нив и Ѓорѓи Цинциевски на контрабас, Нина Костова-Јаневска на пијано, Милан Силјанов како вокален солист, како и нашите диригенти Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, а првпат со Филхармонијата ќе диригира Виктор Митревски, кој доаѓа од школата од Виена. Ќе бидат изведени и македонски дела од автори како Сони Петровски, Владимир Николов, Љубомир Бранѓолица…

„Покрај комплексната редовна програма, со голема радост сакам да најавам и дека оваа година, по навистина долго време, Македонската филхармонија ќе оствари три мошне значајни турнеи. Првата е во Казахстан со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија по повод државниот празник 8 Септември, а можно е со наш концерт да биде отворен Конзулатот во Алмати. Веќе ја најавивме големата турнеја во Кина кога оркестарот на Македонската филхармонија во неколку градови ќе одржи 7 концерти, во декември и јануари, како и турнејата во Шпанија, која ќе се одржи на 30 октомври и 1 октомври во Сарагоса и Хуеска. На сите турнеи ќе се претставиме со интересна програма и ќе дадеме сè од себе да се покажеме во најдобро светло“, истакна Илиески.

Се разбира, покрај главната програма, односно концертите што ќе се одржуваат во големата сала, меѓу нив и детските концерти, Македонската филхармонија најави и интересни настани што ќе се случуваат во малата камерна сала, а која, рече Илиески, сè повеќе добива на значење во македонскиот музички културен амбиент.
Со новата програма Македонската филхармонија ќе ја почне сезоната и со нова маркетиншка кампања и со нов слоган „Високи вибрации“.

Македонската филхармонија за редовните посетители на концертите ќе овозможи блок-билети, во кои ќе бидат вклучени сите концерти, по цена од 9.000 денари, а кои ќе може да се набават до 20 септември. Исто така, Македонската филхармонија новата концертна сезона ќе ја почне со кампањата „Без мобилни“, која, рече Илиески, треба да ја зголеми свеста кај посетителите да не ги користат своите мобилини телефони за време на музичките настани.

Култура

Репризи од „Култура во време на корона“ во текот на полицискиот час во Скопје

Објавено пред

Градските власти во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе го репризират за време на полицискиот час во Скопје.

Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот.

За време на полицискиот час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.

Натапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук-страница на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции неодамна го спроведоа овој проект којшто броеше над 50 настани, со настап на повеќе од 200 изведувачи, во осум различни општини во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

Објавено пред

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критикa.

Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.

„Недостигот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции“, велат од Здружението.

Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.

Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на УО на „АИКА Македонија“). Кандидатите треба да се граѓани на Република Северна Македонија или, пак, странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Северна Македонија повеќе од една година.

Наградата е во висина од 30.000 денари и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири.

Конкурсот ќе трае до 15 јули, а добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 30 јули, 2020.

Прикажи повеќе...

Култура

И „Калеш бре, Анѓо“ на „Антологијата“ на Мишо Ковач

Објавено пред

Легендарниот Мишо Ковач (1941), кој на музичката сцена е повеќе од 50 години, повторно е актуелен.

Во издание на „Кроација рекордс“ неодамна беше објавена неговата ретроспективна „Антологија“, на шест компакт-диска. Вкупно 131 песна, одбрани лично од него, меѓу кои и песна на македонски.

Снимката „Калеш бре, Анѓо“, која Мишо на своја иницијатива ја сними во 2014, од заборавот ја спаси Зулфи Назифовски.

Мишо отсекогаш многу ја сакал оваа песна, како и целото македонско богато звучно културно наследство.

Назифовски, пак, е музички новинар, колекционер на винили и компакт-дискови, човек кој има голема музичка архива. По потекло е од Македонија, а живее во Словенија.

Шесткратното издание на компакт-дискот содржи исклучително богата придружна содржина, книгичка од 52 страници, во која се содржани ретки фотографии.

„Ако ме оставиш“, „Остала си увијек иста“, „Проплакат ќе зора“ се само некои. Заедно со „Сви пјевају, ја не чијем“, „Никога нисам волио тако“, па првиот сингл „Не могу престати да те волим“. Станува збор за преработка на хитот на Реј Чарлс „I Can’t Stop Loving You“.

„Беше многу тешко да се изберат најубавите песни на Мишо за Антологијата. Можеби затоа Антологијата на Мишо е објавена дури сега. Беше тешко една таква кариера да се најде на ограничен број компакт-дискови. Затоа оваа антологија не е стандардно издание со најголеми хитови. Оваа антологија е изборот на Мишо составен од неговите најомилени песни. Еден вид подарок за неговата публика што го следи и обожава толку верно. Заслужено, затоа што во ниту еден момент од кариерата Мишо не престана да ги почитува своите фанови“. Ова во книгичката на изданието го напиша Николина Мазалин, креативна директорка во „Кроација рекордс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија1 час

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 час

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија2 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија3 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија3 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија5 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет6 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ7 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа8 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет9 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион20 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион22 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија23 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ1 ден

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија1 ден

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Досие