Контакт

Актуелно

Македонска делегација на првиот Европски самит за културно наследство

Објавено пред

Првиот Европски самит за културно наследство под мотото „Споделено наследство – споделени вредности“, во организација на Европа Ностра, Пруската фондација за културно наследство и Германскиот комитет за културно наследство, се одржа во Берлин од 18 до 24 месецов како еден од клучните настани во рамките на Европската година на културното наследство 2018.

Делегација од Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката Елеонора Петрова-Митевска, со стручните лица Кристина Бицева и Ана Алексова, учествуваше на дел од програмските активности во рамките на самитот при што биле остварени повеќе средби со меѓународни експерти за културно наследство и претставници од земјите членки на Европската Унија и УНЕСКО, меѓу кои и со Бенедикт Селфслах, претседателка на ИКОМОС – Белгија и претседавач на Одборот на Европската ознака за културно наследство (European Heritage Label), со цел унапредување на соработката на Република Македонија во сферата на заштитата на културното наследство на меѓународно ниво.

„Самитот ги обврза учесниците за споделена одговорност кон културното наследство низ цела Европа, како и за нивен активен придонес во усвојувањето и имплементирањето на амбициозната и иновативна Европска агенда за културно наследство, која е интегрален дел од новата Европска агенда за култура, како продолжување на придобивките од Европската година на културно наследство 2018 и во иднина“, се наведува во соопштението на Управата за заштита на културното наследство.

Како што информираат оттаму, овој собир обединил бројни меѓународни експерти, професионалци и претставници од владиниот сектор и граѓански организации од областа на заштитата и управувањето со културното наследство кои учествувале на повеќе настани, како работилници, форуми, стручни дебати, конференции итн.

Актуелно

Заев: Требениште е безвременска загатка, која првпат се претставува во својата блескава целина

Објавено пред

Прмиерот Зоран Заев, кој воедно е и покровител, ја отвори изложбата „100 години Требениште“, поставена во Националниот археолошки музеј како резултат на заедничката соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките во Софија, каде што се чуваат вредните артефакти од локалитетот Требеништа, откриени во разни децении на минатиот век.

Заев истакна дека оваа изложба е од огромно значење поради исклучителните артефакти презентирани на неа, но и поради раководителите и кустосите на трите институции од Северна Македонија, Бугарија и Србија, кои направија историски чекор кога се согласија дека најсоодветен начин да се прослави 100-годишнината од откривањето на првите артефакти од овој археолошки локалитет е да се подготви заедничка изложба на која првпат во историјата се претставуваат сите наоди од некрополата кај Требениште.

„Требениште е безвременска загатка што обединува. Загатка што првпат во својата историја пред нашата и светската јавност се претставува во својата блескава целина и која од Скопје потоа ќе замине да биде претставена пред јавноста во Србија и Бугарија. Оваа благородна иницијатива говори за одважноста и за доблеста на слободоумните и прогресивни лидери во науката и уметноста да ги тргнат разликите настрана и да се фокусираат на нештата што обединуваат наместо на нештата што разделуваат“, рече премиерот Заев на отворањето на изложбата и додаде дека епилогот, заокружената приказна за загатката Требениште, сега има шанса заеднички да ја решат националните историско-археолошки институции од Бугарија, Србија и од Северна Македонија во соработка со соодветните институции и од другите соседни земји.

Министерот за култура, Асаф Адеми, рече дека изложбата „100 години Требениште“ е своевидна круна на пријателството меѓу три држави, чин што потврдува дека помирувањето токму преку културата пристигна на овие простори.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде новиот албум на Четкар

Објавено пред

Пи-Вајн (P-Vine), една од најпопуларните јапонски музички куќи со светско реноме која е прочуена по квалитетот на своите изданија низ аудофилите ширум светот, оваа недела го издаде новиот студиски албум на Владимир Четкар насловен како Going Home.

Вистински раритет е што албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некои од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер.

Овие изминати неколку недели музиката на Четкар ужива огромен респект од јапонските медиуми и активна радио подршка од сите поголеми национални и локални радио станици.

Масахару Јошиока кој е еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е неверојатно ремек делo.

Албумот Going Home е комплетно авторско дело на Четкар каде како и во предходните два албума Heavenly и We Will Never End и тука се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Бузалковска: Срамно е што премиерот не мисли дека треба да побара оставка од министерот за култура

Објавено пред

Режисерката Зоја Бузалковска со статус на својот фејсбук-профил го изнесе нејзиното мислење за ревидираната годишна програма на проекти од национален интерес во културата, за која вели дека  сè уште е скандалозна.

„Освен корекциите на кардиналните грешки и на катастрофалните одлуки во неколку случаи, сето друго е токму како што предвидов – забошотување, ‘затнување усти’, пополнување дупки, залажување, тивка уцена на оние кои сакаат нивните институции да продолжат да постојат и проектите сепак да бидат реализирани, како-така“, наведува Бузалковска во објавата.

Како што вели таа, во целата ситуација изостанува тотална и темелна ревизија, во која ќе се преиспита како е можно толку големи средства да се одлеат на институции кои не биле ниту легално отворени кога бил завршен конкурсот за програмата.

„И по делумната ревизија, за овие институции и поединци одлуката останува иста, што е сосема разбирливо кога ќе се знае дека таму единствениот или најважниот применет критериум е партискиот. Со тоа, тие крупно го ‘оштетија’ буџетот за култура годинавa и направија, вистински квалитетните проекти да мора да бидат реализирани со мизерни финансии“, смета режисерката.

Бузалковска нагласува дека остануваат и нелогичностите и непропорционалностите меѓу бодирањето и доделените средства, различните аршини за ист тип на проекти и нејасните критериуми.

Таа во објавата на „Фејсбук“ истакнува дека срамно е што повторно никој не презел одговорност за она што се случи и тоа што Министерот за култура мисли дека го решил проблемот.

„Срамно е што премиерот не мисли дека треба да побара оставка од ресорниот министер по еден ваков скандал и што се задоволува со ваквата солуција, срамно е што ова ќе остане уште едно ‘чудо за три дена’, во кое моево писание ќе делува бајато и неинтересно за јавноста, која веќе се занимава со некој потазе и позвучен скандал“, пишува режисерката и додава дека јавноста и фелата не смее толку лесно да се помируваат, односно дека треба да се направи реален напор да се извршат системски промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јакимовски: Не им се плашиме

Ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот...

Македонија2 часа

(Видео) Како Јакимовски им овозможувал на фирми да добиваат државно земјиште по багателни цени

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски  легализирале бараки...

Свет3 часа

(Видео) Моќен говор на премиерката на Нов Зеланд: Никогаш нема да го изговорам името на терористот кој уби 50 луѓе

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во својот прв говор во националниот парламент по терористичкиот напад што се случи во...

Македонија3 часа

(Видео) Таксистите до Шилегов: Тргнете ги дивите таксисти, доста ни го јадат лебот

Нелиценцирани возила без таксиметри, преполни такси-станици од нелегални таксисти, непријавени такси-возачи, лебот на таксистите им го земаат пензионирани полицајци, пожарникари...

Свет5 часа

Уапсени уште две лица за нападот во Утрехт

Холандската полиција уапси уште две лица за нападот во трамвајот во Утрехт, во кој беа убиени три, а повредени пет...

Крвав четврток5 часа

Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил...

Македонија6 часа

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин Гроб, во село Матејче, утринава е локализиран,...

Европа7 часа

Сите жртви во Утрехт се државјани на Холандија

Сите три жртви во нападот што се случи вчера во Утрехт се Холанѓани, соопшти холандското Министерство за внатрешни работи. „Министерството...

Македонија17 часа

(Видео) Власта и опозицијата без договор за СЈО

Петчасовната работна средба во Министерството за правда на која се разгледуваа амандманите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за Законот за...

Свет21 час

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ24 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија24 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет1 ден

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 ден

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија1 ден

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија1 ден

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ1 ден

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет1 ден

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион1 ден

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Досие