Контакт

Култура

Македонскиот народен театар продолжува да ги освојува наградите во регионот

Објавено пред

Со задоволство ја објавуваме веста за освоените четири награди на театарскиот фестивал „Живи фест“ во Босна и Херцеговина за претставата „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ.

Со едногласната одлука на жирито во состав: Владо Керошевиќ – актер, Љиљана Чекиќ – актерка и Алмир Башовиќ – драмски писател, претставата освои: специјалната награда за режија е доделена на Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка ја доби Дарја Ризова, наградата за најдобар актер оди во рацете на Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.

Засновајќи ја својата режија првенствено на посветената работа со актерите, Нина Николиќ не потсети на степенот до кој театарот е синтеза на различни елементи, но во своите најдобри моменти тоа главно се базира на способноста да остане првенствено актерска уметност.

Дарја Ризова демонстрира големи актерски способности засновани на суптилни актерски средства, покажувајќи дека актерската уметност која води до убедлив сценски свет е многу способна да ги надмине јазичните бариери.

Играјќи ја својата улога на два јазика, босански и македонски, Саша Ханџиќ покажува голема способност за актерска трансформација на сцената, како и големо мајсторство на актерските средства, кое пред се се заснова на чувството за мерка.

Џенана Џаниќ со својата улога и изборот на актери успеа да постигне висок степен на сценска уверливост, нудејќи ни можност да се поистоветиме со светот на претставата, притоа убедувајќи нè дека стилската редукција понекогаш е доказ дека „уметноста може да биде повеќе“.

„Нема да биде крај на светот“ првата премиерна изведба ја имаше на 18 септември во Сараевски ратни театар – САРТР, Сараево, а скопската премиера во Македонскиот народен театар се очекува кон крајот на ноември. Претставата е во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

 

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Седум нови трофеи за „Врба“ на Манчевски

Објавено пред

„Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз.

„Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер за Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката.

Теодосиева, исто така изминатата недела, е добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. Филмот „Врба“ има интензивен фестивалски живот дури и две години после светската премиера, во октомври 2019 на Римскиот филмски фестивал.

Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија… „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ – Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Манчевски цела есен го монтира неговиот седми филм „Кајмак“, „безобразна комедија“. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Се снимаше летово во Скопје и околината, а во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Иан Прајор, Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевиг и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложби „МиниАРТура“ и „Мал формат“ во КИЦ

Објавено пред

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерство за култура и Град Скопје, а во соработка со Културно-информативниот центар КИЦ имаат чест да ве поканат на отворањето на изложбите „МиниАРТура“ и „Мал формат“, кои ќе бидат отворени иста вечер, на 7 декември, во КИЦ, салон „Имеријал 1“, во Скопје, со почеток во 20 часот.

„МиниАРТура“ претставува уште еден уметнички предизвик, за врвните мајстори на четката и палетата кај минуциозноста на потегот обезбедува висок личен квалфикатив.

Во овој ДЛУМ-ов проект, покрај традиционалната минијатурна уметност, каде што покрај умешноста во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, среќаваме и дела поблиски до апстракцијата или разни стилови на современата визуелна уметност денес.

Широкиот спектар на техники, од традиционални, современи, како и нивно комбинирање или дела чија објективна вредност можете да ја дознаете доколку ги гледате под лупа, ја прави оваа изложба несекојдневна и интересна за широката јавност. За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, тринаесетти пат ќе се додели наградата „Златна четка“ оваа година на на авторот Христина Зафировска.

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да ги транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.

За изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе се додели една награда за мал формат, оваа година на авторот Ана Темкова.

Од страна на Културно-информативниот центар КИЦ од Скопје ќе се доделат три награди, и тоа: „Вангел Коџоман“, „Адем Кастрати“ и „Константин Мазев-Коце“.

Прикажи повеќе...

Култура

Генерална проба на комедијата „Торонто експрес“ на 7 декември во МНТ

Објавено пред

На 7 декември, во 11 часот, во МНТ, ќе се одржи генералната проба, а воедно и прес-конференција за комедијата „Торонто експрес“, работена според збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф.

Ве покануваме да го проследите настанот, на кој, освен што ќе може да гледате дел од комедијата, ќе може да разговарате и со главниот актер Александар Микиќ, кој го игра ликот на Божо Вампир, со авторот на текстот – Зоран Спасов-Ѕоф, како и со режисерот Јордан Симонов.

Комедијата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и, како што вели авторот, делото е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија.

Премиерата на претставата е закажана на 15 декември во МНТ.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните со ковид

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени со ковид, а кои...

Свет2 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет2 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет2 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ14 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион15 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет16 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион16 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија17 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет20 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија20 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија22 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија23 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион23 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија24 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа24 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет24 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа1 ден

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа1 ден

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет2 дена

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Досие