Контакт

Култура

Македонскиот стрип-центар на „Новосадскиот стрип-викенд“

Објавено пред

Како резултат на континуираната соработка со стрип-чинители од регионот, Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 14 и 15 септември ќе го промовира македонскиот стрип, на 12. по ред „Новосадски стрип-викенд“.

На овој стрип-фестивал, на покана од страна на организаторите, ќе присуствуваат Ване Трајков, извршен-директор и Томе Трајков, програм-координатор на СЦМ.

Освен што ќе одржат панел-презентација на актуелната македонска стрип-сцена, тие на посебен штанд ќе ги промовираат изданијата „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“, како и авторските стрип-книги издадени од страна на македонскиот стрип-центар.

Присуството на стрип-фестивалот, ќе се искористи и за збогатување на контакти со стрип-сцени од други земји и реномирани автори. Според агендата на овој фестивал, гости на истиот ќе бидат реномирани стрип-автори од регионот како што се Есад Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ.Исто така ќе биде промовиран и стрип-фестивалот „Нифест“ од Ниш.

Култура

Две претстави oд Турција и Норвешка утре на МОТ

Објавено пред

Од

Програмата на фестивалот МОТ утре продолжува со две претстави oд Турција и Норвешка во Универзална сала и Младински културен центар.

Во сала „Фросина“ ќе можете да ја гледате претставата „Болницата“ во продукција на „Јо Стромгрен компани“ со почеток од 20 часот.
Во далечна болница, три медицински сестри се обидуваат да го издржат недостигот од пациенти со повредување и закани една кон друга, изведувајќи ги своите должности на себе како алтернатива за вистинската работа. Не е здрава активност, но сепак времето поминува. Војник дрвосечач постојано наминува кај нив, откривајќи далеку поедноставно толкување за нивните проблеми. Ова е првата претстава на ЈСК со целосен женски кастинг, што наиде на изненадување кај повеќето, поради навидум мажествениот имиџ на компанијата. Ваквиот избор донесе свеж воздух и нова инспирација за театарот.  Претставата стана силна потврда на филозофијата на компанијата за употребата на бесмислен јазик во претставите и доделување локална естетика на секоја продукција. Накратко – идејата за пат по светот со нешто исландско, и тема и јазик, ќе беше застрашувачко за повеќето луѓе уште пред да се проба. Компанијата уште смета дека треба да добие медал од исландскиот министер за култура за промоција на истата. Земајќи предвид дека Норвешка е еден од најголемите непријатели на Исланд веќе 1000 години, напорот на компанијата е импресивен. Како театар, тие сè уште се во исчекување на признанието.

Со почеток од 22 часот ќе можете да ја проследите претставата „Над земја под облаци“ во Универзална сала. По премиерата на Артопија со „Д шииит“ во режија на Ирем Ајдим, режисерката ни ја претставува „Над земја под облаци // некаде помеѓу” – перформанс за ефектите на тековните настани на нашите секојдневни животи и како ја примаме трагедијата преку технологијата денес. Тројца млади луѓе заробени во недефинирано место се борат против стравот од излегување надвор, наспроти нивната желба да го живеат животот потполно, додека нивното тело и свест полека се распаѓаат под сенката на неизбежните информации, кои доаѓаат од дигиталните платформи. Не е само апстракција на состојбата на младата генерација во Турција сега, туку и на општата состојба на несигурност што сите млади луѓе ја споделуваат.Во склоп на придружната програма по претставите следува диџеј-сет на Александар Гавровски.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Утехи“ од Сенека

Објавено пред

Од

Деновиве книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје, во превод од латински на Билјана Чаловска-Караевска, ја објави книгата „Утехи“ од големиот римски филозоф, писател и драматург Лукиј Анеј Сенека. Станува збор за три текста што во вид на епистоли ги напишал староримскиот мислител, секоја од нив именувајќи ја Утеха и адресирајќи ги своите философски писма на утехи, до три различни личности: првото до Маркија, ќерката на римскиот историчар Аул Кремуриј Корд,доблесно посветена на татко си до самиот крај на неговиот живот, второто до благородниот Полибиј, инаку советник за литература на римскиот императорот Клавдиј којшто кон својот советник, инаку ослободеник, негувал особена почит; и третото утешно писмо „до мајката Хелвија“…

Лукиј Анеј Сенека бил роден во античка Кордуба на Пиринејскиот Полуостров речиси  пред прагот од нашава ера (4 година пред новата ера) и го живеел самиот нејзин почеток (сè’ до 65 година од новата ера). Бил син на Сенека Постариот познат како Реторот и на спомнатата Хелвија, и како припадник на високиот римски слој во хиспанската провинција на вечниот град се здобил со завидно образование. Лукиј А. Сенека уште како момче негувал љубов кон реториката и кон поезијата, потоа и кон филозофијата и кон науката. Кога созреал, најнапред станал адвокат, а потоа извршувал и сè’ повисоки државни функции: најнапред избран за квестор за време на владеењето на Калигула, а за во времето на царот Клавдиј бил назначен за претор и за воспитувач на идниот император Нерон, при што во времето на првата управа на Нерон Сенека станал и конзул и, во текот на неколку години, практично владеел со Римската Империја. Откако новиот цар ја покажал својата тиранска природа, Сенека се повлекол од Рим, на својот имот во Кампанија на Апенинскиот Полуостров. Карактерните одлики и едукацијата го однеле кон философијата на опстојувањето под ударите на судбината.
Сенека се смета за најзначајниот претставник на римската гранка на филозофската школа на стоицизмот. Зад себе оставил дела од филозофијата, етиката, дела од областа на географијата, фисиката и природните науки, сатири и осум трагхедии кои во подоцнежните векови извршиле големо влијание врз делото на Шекспир, како и на авторите од француската драмска книжевност… Иронијата на судбината сакала токму неговиот воспитаник да стане и негово најголемо, трагично искушение, зашто Нерон го обвинил за соучесништво во заговор против императорот и, осудувајќи го на смрт, му ја подарил „милоста“ самиот да си го одземе животот.

Пред книгата „Утехи“, исто така во превод на Биљана Чалоска-Караевска и во издание на „ВиГ Зеница“, пред неколку години беше објавена книгата со уште два философски списа од Лукиј Анеј Сенека: „За спокојството на душата и До Паулин – За краткоста на животот“. Меѓу двете книги појавени во инаку исклучителниот превод на македонски, постои и една подлабока врска: имено, се смета дека „Утехата за Полбиј“, втората епистола од новообјавената книга на „ВиГ Зеница“, всушност е продолжение на расправата „За краткоста на животот“ објавена 2011 година.

Двете исклучителни објави ги исполнуваат мудрите мисли, филантропски совети и обраќања и објасненија на еден од најголемите автори на антиката. Книгите се проследени со коментарите на превдувачката Б.Чаловска-Каевска.Двете спомнати книги со делата на Сенека се објавени во библотеката „Pro bono publico“ на книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

На „Браќа Манаки“ претставен косовскиот кандидат за „Оскар“

Објавено пред

Од

Денешниот ден на фестивалот „Браќа Манаки“ почна со претставувањето на филмот од програмата „Перспективи на европскиот филм“, „Брак“, и режисерката Блерта Зекири. Станува збор за косовски филм кој прикажува необичен љубовен триаголник, каде што на само две недели пред свадбата на Анита и Беким, во градот доаѓа Нол, тајниот љубовник на Беким.

„Филмот отвара тема за која сме свесни дека постои, но некако е на маргините на општеството. Проблемот со кој се соочува ЛГБТ-заедницата е мошне храбро обработена. Иако ги има сите аспекти на едно балканско општество, има и многу убави патријархални сцени, со негување на традиционалните вредности, затоа што луѓето во публиката не се секогаш подготвени да видат сцени на водење љубов меѓу двајца актери мажи“, рече Слаѓан Пенев, селектор на програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Филмот „Брак“ е прв долгометражен филм на режисерката Зекири и имаше голем успех на фестивалите досега.

„Огромно беше влијанието на актерите во пишувањето на сценариото, но сакам да ја истакнам и нивната храброст што прифатија да бидат дел од овој проект затоа што во Косово кога почнавме да го снимаме филмот во 2012-2013 година, имаше голем инцидент на забавата која промовира издание посветено на ЛГБТ-заедницата. Таму дојде голема група екстремисти кои уништија сè, а некои луѓе беа претепани. Затоа и ние бевме преплашени дека нешто слично може да ни се случи и нам со оглед на тематиката на филмот. Филмот го чувавме во тајна, медиумите ја знаеја темата, но ни помагаа и не објавија ништо сè додека не го завршивме. Голем удел имаа и актерите Албан Укај, кој е многу популарен, работел во странство и тој е како косовски Бред Пит, сите го сакаат, а улогата на Нол, љубовникот во филмот, ја толкува косовската рок-ѕвезда Генц Салиху“, рече Зекири.

За филмот „Зимски муви“, кој синоќа се прикажа во компетиција за „Златна камера 300“, говореше кинематограферот Лукаш Милота. Филмот и кинематограферот ги претстави Благоја Куновски – Доре, селектор на главната програма на Фестивалот.

„Децата не се професионални актери. Доста долг процес беше работењето со нив, пробите траеја повеќе од шест месеци, но потоа го добивме ефектот на тинејџери авантуристи што во филмот тргнуваат по смрзнатиот пејзаж на југ во потрага по авантура“, рече Милота. Тој е втор пат на фестивалот „Браќа Манаки“.

Милота кажа дека користел камера „алекса мини“ бидејќи била компактна и лесна за ракување, особено за овој филм.
Марија Апчевска претстави две екипи од селекцијата на кратки филмови. Режисерката на филмот „Бреза“, Пејсли Валентин Валш, говореше за идејата за филмот. „Спомените од детството беа главната идеја да го снимаме филмот. Настојувавме цело време да се држиме до спомените“, рече Пејсли. Филмот е сниман на филмска лента, што е многу тешко.

„Уште потешко е кога имате и куче и две деца и немате можност повеќепати да ги снимате сцените. Изборот да работиме со филмска лента сметаме дека ѝ дава опипливост на публиката“, истакна Винченцо Марангино, кинематографер на филмот „Бреза“.

Вториот филм од селекцијата на кратки филмови, кој беше претставен денеска, беше филмот „Без љубов“, кој е снимен во тешки услови на планина.

„Снимавме три дена во Маврово, локацијата е во Македонија и беше тешко да се работи во тие услови. Знаеме дека особен впечаток остава сцената на скокањето во езерото, која не беше воопшто лесно да се сними, но успеавме“, рече режисерката и сценарист на филмот, Дина Дума.

Инаку, ѕвездата на годинашниов фестивал, Калудија Кардинале, и нејзината екипа, синоќа го посетија Охрид. Таа беше воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви. Во тек е и студентската програма, на Фестивалот се присутни 30 студенти од 15 академии од регионот. Утре, на програмата на Фестивалот, е вториот ден од балканската конференција ИМАГО, како и средба со Саид Олуд Келифа и Домикик Бакс, кои ќе говорат за филмските фестивали и филмската критика.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион14 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија15 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија16 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток17 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток17 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ18 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток19 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story21 час

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток21 час

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион21 час

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија22 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет22 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет23 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ23 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет1 ден

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија2 дена

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија2 дена

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Досие