Контакт

Култура

Македонскиот филм „Враќање“ во строгата селекција на фестивалот во Олденбург

Објавено пред

На филмскиот фестивал во Олденбург, Германија, кој поради неговиот висок рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули, соопшти Агенцијата за филм.

На ова 25-то јубилејно издание на меѓународниот фестивал, што ќе се одржи од 12 до 16 септемеври, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13 до 17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge, соопшти Агенцијата за филм.

Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот, а на покана на директорот на фестивалот, господинот Торстен Њуман, на 15 септември Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услуги и филмски сервис.

Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот, како и на фестивалската веб-страница.

„Олденбург филм фестивал“ е посветен на иновативни независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот, а за тоа зборува и фактот што Variety, Hollywood Reporter и Screen International, меѓу другите, му ја доделија титулата европски „Санденс“ .

Култура

Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

Објавено пред

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари 2019, со почеток во 20 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот и емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења на Марија Кичевска-Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Моќна, динамична, емотивна…!

Прикажи повеќе...

Култура

Откажана изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ

Објавено пред

Мјузиклот „Мама миа“, што требаше да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14 февруари во 20 часот, се откажува поради прогласениот ден на жалоста, соопштија од Македонскиот народен театар.

„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите што публиката ги купи за изведбата на 14 февруари, ќе важат за изведбата на 11 март“, велат од МНТ

Поради тешката сообраќајна несреќа, денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост. МНТ изрази длабоко сочувство за смртта на загинатите.

Прикажи повеќе...

Култура

Нова книга од Славој Жижек

Објавено пред

Издаваштвото „Везилка 2011“ ја издаде најновата книга на познатиот словенечки фолозоф Славој Жижек, која носи наслов „Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“.

Како што е познато, оригиналноста и важноста на В. И. Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917 година. Но, Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека вистинската величина на Ленин може подобро да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравична граѓанска војна, како и внатрешни востанија кои личат на она во Кронштат 1921 година. Новата држава била исцрпена, изолирана и дезориентирана. Како што се оддалечувала очекуваната светска револуција, за советската држава да опстане, морало да се направат нови патишта.

Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија11 час

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија11 час

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија12 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија13 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија15 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија16 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија17 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија18 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија20 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија21 час

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ21 час

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија23 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија24 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија2 дена

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Досие