Култура
Македонскиот филм „М“ со две награди во Мексико, набргу британска и косовска фестивалска премиера
Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус“, освои две престижни награди на интернационалниот филмски фестивал „Макабро“, кој се одржува во главниот град на Мексико, Мексико Сити.
Вардан Тозија ја понесе статуетката за најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и го доби признанието награда на публиката во земја во која остварувањата во полето на фантастиката и магискиот реализам имаат посебна улога во сите културни и уметнички сфери.
„Макабро“ бе најстариот жанровски фестивал во Мексико и вториот најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка. Поддржан е од градот Мексико Сити, Мексиканскиот филмски институт, Кинотеката на Мексико и Националниот универзитет на Мексико создавајќи еден од најзначајните филмски настани исполнети со обемна програма на краткометражни и долгометражни жанровски филмови, работилници и панел-дискусии.
Филмскот фестивал „Макабро“ во текот на годините се етаблира како културен промотор и константен магнет за младата публика пред која се презентираат филмски остварувања од доменот на фантастика, хорор, трилер, но преку посебен авторски печат и наративен израз.
„М“ ја продолжува својата фестивалска турнеја со британска и косовска премиера – во официјалните селекции на интернациналниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер, британскиот претставник на фестивалската групација „Мелиес“; и интернационалниот филмски фестивал „Прифест“ во Приштина, најголемиот косовски фестивал што во текот на годините се етаблира како еден од водечките во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина актерката Снежана Стамеска
На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје.
Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970 година и од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.
Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985), и Паца во „Викенд на мртовци“ (1985).
Посмртните останки на актерката Снежана Стамеска ќе бидат изложени утре на 9 септември од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел, по што ќе се изврши погребот.
Култура
„Гола месечина“ во Аеродром од 10 до 14 септември, стендап-настапи за многу смеа и забава
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ 11. пат ќе се одржи во општина Аеродром од 10 до 14 септември, а овој пат театарските завеси пред публиката ќе бидат кренати во паркот „Авионче“.
Годинешното издание на фестивалот е во духот на стендап-настапите на познати актери и комичари, кои се веќе докажани и препознатливи уметници кај љубителите на театарската уметност, како и на добрата смеа и забава, кои традиционално се препознатлив знак за „Гола месечина“.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 10 септември, вторник, кога ќе настапат Антонио Ташковски и Никола Тодоровски.
На 11 септември, среда, публиката ќе ужива со настапот на „Импров група“ и неверојатните Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, а водител на вечерта ќе биде Борјан Стојков.
Потоа, на 12 септември, четврток, за добра забава на публиката ќе се погрижат Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре Кабает“.
В петок, 13 септември, свој стендап-настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а на 14 септември фестивалот ќе го затворат познатите Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски.
Настапите почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен и неограничен за сите граѓани.
Општина Аеродром и НУ „Театар Комедија“ ве покануваат на уште едно незаборавно дружење и меѓусебно ширење на позитивна енергија.
Култура
Биенале за минијатурна графика и цртеж – Битола
На трети септемви во една од најголемите и најзначајни галерии на Солун- Неаполи-Сикиес, Репулика Грција, беше изложено и свечено претставено Првото биенале на минијатурни графики и цртeжи Битола 2023, проект поддржан од Општина Битола а реализиран од Владо Ѓорески, графички уметник, ликовен критичар и организатор.
Беа преставени во 4 посбени оддели и на 2 спрата, над 800 дела чии автори потекнуваат од над 90 држави.
Свеченото отварање пред многубројната публика го обележа градоначалникот Симос Данаилидис кој истакна дека ова е една од најзначајните изложби и по монументалниот обем и по сериозен уметнички пристап, организирана во изминативе дваесеттина години во Солун. Тој истакна дека со ова Битола се потврдува и наметнува како балкански центар на графиката чие значење е присутно и актуелно во светски рамки.
Воедно тој изрази надеж и желба со оваа изложба да се отвараат важни и потребни ситуации за културна и творечка соработка особено со Општината Битола. Галеријата поседува бројна и драгоцена и значајна збирка од светски графички творци од цветот, која тој ја понуди како возвратен чекор во натамошнат идна соработка.
Во моментов во Солун е претставена изложба на дела: скици, белешки, писма и неколку литографии од Пикасо. Според бројноста на публиката, позитивниот одзив и на смиот градоначалник, оваа битолска манифестација привлече значително и многу сериозно внимание.
Градончалникот изрази огромна желба за посета на Битола и средба со градоначалникот Тони Коњановски, тврдејќи дека Битола според својот културен екстракт е најзначајниот од соседството, при што најави и интересни проекти кои се во прило гна овие две општини и секако со широко меѓународно значење.
Воедно ликковното движење Faire Art кое е едно од најзначајните ликовни движења во Грција, со истакнати ликовни претставувања пред грчката јавност како и во Турција, Романија, Брисел, Унгарија, Србија кој е најангажирана и идејно директна во својот ликовен универзум а предводена од истакнатиот ликовен уметник Јани Промос која е своевидна креативна, творечка и рефлексивна совест во Грција, повеќе од две години активно соработува со Владо Ѓорески, при што сереализирани и најавени сериозни меѓународни заеднички проекти.
Исклучително е значајно да се истакне дека, една од најзначајните ликовни авторитети воопшто во Грција, професорката на Солунскиот универзитет по современа уметност Луиза Авгита, со огромен теоретски опус објавен во бројни книги, преведени на повеќе светски јазици, за самата изложба на Битолското меѓународно биенале, истакна дека: ова е една од ретките, ако не единствена во европски контекст каде се негува: искрен, човечки, ликовен, хуманистички и чист емотивен и мисловен ликовен однос кој што е прогонет од Европа и заменет со сурогат на бесцелни уметнички формализми. Таа истакна дека Битолскиот графички феномен ќе биде посебен интерес на нејзината натамошната проучувачка работа.
Покрај Меѓународното графичко триенале ИТГ Битола, кое според меѓународниот графички центар Intergrafica е прогласено меѓу десетте најзначајни во свето, Битолското биенале на минијатурни график и цртежи, од октомври минатата година кога за прв пат се одржа во Битола, , веќе си овозможува значајно и оригинално место во ликовните и светските културни и творечки центри особено со посебниот однос и третман на ликовната уметност која ги опфача ликовните уметници од цел свет без наметнат и „опасен“ елитизам.
На отварањето Владо Ѓорески го истакна идејниот концепт на оваа манифестација:
Уште во првите ракописни записи, минијатурите се појавуваат како илуминации преку кои е толкуван светот, пред почетокот на секоја буква, светли и просветлени како крилата на ангелот.Низ и оваа човечка „цивилизација“ тие секогаш постоеле и биле создавани надвор од претенциозниот историски нарцизам.Од „Јавачите на апокалипсата“, „Меланхолијата“ на Дирер, од „Мизеријата на војната“ на Кало, од „Капричосите“ и „Ужасите на војната“ на Гоја… тие постојат, осамено, скоро скришно и непознато, затоа што не се порачка за големите храмови, за царските палати, за дворците на аристократијата, за лавиринтите на политичките тврдини или банкарската парична логореа на „моќта“.Тие не се програмско преповторувано клише, без отстапки и излети надвор одустоличените измислени стилови.Тие мудро и незабележливо се провлекува низ неколкувековната хиерархиска цензура, всушност од почетокот на првите аномалии на престижното „јас“ и ништожното „ти“.Тие стигна и до денес, не како клепсидрична тавтологија на историјата, туку како вечната паралела и генеза на првичните илуминации, на светлечкото зрачење на спиритуалниот лет, доаѓајќи со очајната порака дека денес, во овој миг над нас лебди ангелот со црвени крилја.Пред да дојде, она потоа, кога после милениуми, во некои пештери ќе бидат откриени малите цртежи на човечки фигури со црвени крилја. И така, повторно, ќе почнат безброј толкувања, суетни разјаснувања на праисторискиот прапочеток…Историјата се повторува не по ничеовското начело, туку по космичката гравитација претешка за човечката вирусоидна глупост наречена „цивилизација“. Се разбира ако и овој пат ѝ биде дозволено на таа „епидемија“ повторно да го заврти својот хуманоиден круг врз оваа напатенаПланета. Доколку ова е последниот круг на историскиот рингишпил, ќе остане, засекогаш -пустината: чиста, тивка, спокојна и треперливо мудра како огледало од кое најубаво се гледаат сите ѕвезди како малечки далечни минијатури…