Контакт

Култура

Македонски стрип-уметници на меѓународна колонија во Рашка

Објавено пред

Од 3 до 7 август, на брегот на живописното Семетешкото Езеро, во непосредна близина на Рашка, беше одржана меѓународната стрип-колонија „Рашка 20183. И оваа година, исто како и претходните, не помина без македонските стрип-уметници.

Стрип-колонијата во Рашка, која по својот карактер е уникатна не само во Србија туку и во целиот регион, се одржува традиционално веќе седми пат. Таа беше во организација на Центарот за култура, образование и информирање „Градац“, Клубот на ликовните уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и Општина Рашка. Покрај учесниците од стрип-школите од Белград, Лековац, Никшиќ и од домаќинот Рашка, учество на оваа петдневна манифестација зедоа и претставници од стрип-школата од Велес, што е резултат на меѓународниот ангажман на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и на неговиот проект-менаџер Томе Трајков.

„Третпат сум во организацијата на стрип-колонијата во Рашка. Соработката со стриповските уметници од Македонија сите три години е на највисоко ниво“, вели историчарката на уметност Данијела Матовиќ. „Од почетокот се со нас. Со своето несебично знаење и искуство придонесоа да се зацврсти темелот на нашиот настан, а со својата љубезност и добра комуникација со другите учесници ја направија и атмосферата во Рашка попријатна и потопла. Очекувам дека соработката и во иднина ќе биде продолжена. Македонија има одлични претставници на деветтата уметност, кои во најдобро светло ја претставуваат надвор од нејзините граници“.

Несебично подучувајќи ги младите таленти и откривајќи дел од малите тајни на големите мајстори, свои излагања на колонијата имаа Дарко Стојановиќ и светски познатиот сликар и стрип-автор Петар Меселџија. Предавања одржаа и членовите на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, неповторливиот Жељко Пахек и секогаш елоквентниот Бојан М. Ѓукиќ, кој воедно имаше и изложба. А во позначајните имиња од 30-ината годинашни учесници се вбројуваат и Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савељиќ.

Во рамките на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во кој, меѓу другите, е објавен и стрип од 12 страници на сценаристот Александар Стеванов од Штип и на илустраторот Дарко Богданов од Виница. А покрај споделените искуства и договорените идни меѓународни проекти и соработки, на маргините на оваа манифестација беше претставен дел од поновата македонска стрип-продукција, вклучително и последните два броја на магазинот „Стрип креатор“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Прв фестивал на современата уметност истовремено во Македонија и во Германија

Објавено пред

Во организација на онлајн списанието „Словокулт: литература“ и „Арт-еквилибрум“, од 24 до 30 август ќе се одржи меѓународен фестивал на современата уметност, текст и поезија, кој првпат ќе биде во двете земји, и тоа паралелно во Македонија и во Германија. Настанот вклучува групна изложба и поезија, кратка проза, текстуални фрагменти, читање и изведби на тема „Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести“.

Фестивалот ќе им оддаде чест на мртвите поети со читање избрани песни од Бошко Бозаџиевски во Гевгелија и во Берлин и од Игор Исаковски во Скопје и во Берлин.

На неколку локации во Гевгелија од 24 до 26 август ќе бидат изведени поетски мултимедијален перформанс, повеќејазичен книжевен настан и групна изложба.

Во Скопје во галеријата „Акантус“ ќе биде отворена изложба на 29 август во 18 часот, а во градината на галеријата од 20 часот ќе се одржи повеќејазичен книжевен настан и поетски мултимедијален перформанс.

Настаните во Берлин, каде што ќе гостуваат уметници и од Македонија и од други земји, ќе се одржуваат од 9 до 11 септември.

Во Македонија ќе биде претставен и најновиот број на „Словокулт“, кој ќе излезе од печат во август.

Главната уредничка на „Словокулт“, Елизабета Линднер-Костадиновска, поетеса, мултимедијална уметница, писателка, литературна преведувачка, првпат ќе ги прикаже своите мултимедијални перформанси во Македонија на македонски, кои досега се изведени само во Берлин на германски.

Во низата настани од Македонија ќе учествуваат поетите Д.А. Лори и Александар Кирковски, Исток Улчар и Марија Грубор.

Ќе бидат прочитани стихови и од Томас Антонич, поет, писател, публицист, доктор по книжевност и биограф на Волфганг Бауер, професор на Школата за поезија во Виена, музичар, перформер, од Илија Ѓуровиќ, поет, писател, драматург, уредник и коосновач на издавачката куќа „Жута корњача“ од Подгорица, Црна Гора, Краус Зиген, поет, есеист, прозаист, перформер, доцент по креативно пишување.

Од странство ќе учествуваат уметниците Силвија Лоренц, скулпторка, ликовна уметница, перформерката Јамес Дин (Александар Јестровиќ, Берлин/Белград), ликовен уметник, перформер, а од Македонија Дијана Томиќ-Радевска.

На изложбата ќе бидат застапени слики од берлинските уметници Катрин Салентин, Јамес Дин, Силвија Лоренц, Елизабета Линднер Костадиновска, Цетелман и од Македонија: Дијана Томиќ-Радевска, Ѓорѓе Јовановиќ, Касиопеја Наумоска, Владимир Лукаш, Дороти Пачкова, Кристијан Крстески, Моника Мотеска, Миро Масин и Тони Шулајковски.

Фестивалот ќе има и придружна програма во „Ла Кања“, која на 28 август ќе вклучува концерт на Лин, кантавторка од Њујорк-Париз, и на 30 август забава за затворање на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

Проектот „Потполно нешто друго“ – врвно естетско доживување за публиката на Охридско лето

Објавено пред

Од

Стоечки овации, восхит и уште една одлична вечер за љубителите на добрата музика, донесоа уметниците од словенечкиот состав „Балкан нуево“, предводени од светски познатиот кларинетист Горан Бојчевски, гудачкиот квартет од Македонија и Димитар Михајловски, соло-виолина, кои синоќа музицираа во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето.

Во преполниот црковен амбиент беа изведени композициите од проектот „Потполно нешто друго“. Станува збор, велат организаторите на фестивалот, за авторска музика напишана од Бојчевски, со која овие уметници настапуваат на разни фестивали во светот.

„Секаде каде што настапивме со оваа музика, наидовме на одличен прием, како што беше и синоќа. Бевме во Австрија, на елитни фестивали во Словенија, Германија и насекаде добиваме стоечки овации, но овациите синоќа беа најубавите за мене и ме допреа до срцето. Воодушевени сме од самата публика на Охридско лето и од самиот настан воопшто. Убаво е да си дома и да си добредојден. Во сите тие години, кога уметник ќе оди да живее надвор и кога повторно ќе се врати, со ваква публика добиваме потврда дека работиме добро и дека сме на вистинскиот пат. Огромна благодарност до организаторите и од срце се радувам на следна средба“, изјави кларинетистот Бојчевски.

Уметниците велат дека уште од самиот почеток одлично се вклопиле во целиот проект, а потврда за тоа, како што додаваат, е одличниот прием кај публиката.

Проектот „Потполно нешто друго“ што беше претставен синоќа пред фестивалската публика ги опфати композициите „Балкански циркус“, „Импресија“, „Подемот“, „Грешка“, „Прелудиум за југ“, „Танцот“, „Клезмер за 2“, „Мементо мори“, „Валцерот на седумте велови“, како и една од најпознатите македонски народни песни „Зајди, зајди“, исто така во аранжман на Горан Бојчевски, соопштија организаторите.

Словенечкиот состав „Балкан нуево“ го сочинуваа кларинетистот Горан Бојчевски, хармоникашот Томаж Марчич, контрабасистот Јошт Лампрет и Јан Север на клавир.

Во гудачкиот квартет „Македонија“ членуваат Владимир Цветковски – прва виолина, Дијана Мирчевска – втора виолина, Илза Бафтиари – виола и Димитар Ангелов – виолончело.

Во рамките на фестивалот Охридско лето, со овие два состава настапи и Димитар Михајловски – соло-виолина.

Прикажи повеќе...

Култура

„Ага“ најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Објавено пред

Од

Филмот „Ага“ на бугарскиот автор Милко Лазаров го освои „Срцето на Сараево“ за најдобар филм на 23. издание на овој фестивал на југоисточниот европски филм.

Романката Јоана Урикару е најдобар режисер благодарение на филмот „Лимонада“, а најдобри актери се Унгарката Зофија Самози за улогата во филмот „Еден ден“ и хрватскиот актер Леон Лучев во филмот „Товар“ на српскиот режисер Огњен Главониќ.

HEART OF SARAJEVO FOR BEST ACTORLeon Lučev, THE LOAD/ TERET #24thSFF

Gepostet von SARAJEVO FILM FESTIVAL am Donnerstag, 16. August 2018

За најдобар документарен филм е прогласен „Србенка“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска, „Деветмесечна војна“ на Унгарецот Ласло Чује доби специјална награда на жирито, а „Араф“ на турскиот режисер Дидем Пекун доби Награда за човекови права.

„Срцето на Сараево“ за студентски филм го освои „Последниот повик“ на унгарската авторка Хајни Кис, а автор на најдобар краток филм е Ермин Браво од БиХ за „Здив“.

Турскиот режисер Нури Билге Чејлан е добитник на годинашната награда за животно дело, односно „Почесното срце“ на Сараево.

Прикажи повеќе...

Најново

невреме, Охрид невреме, Охрид
Македонија3 часа

Општина Охрид апелира до граѓаните да пријават штети по невремето

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување...

Топ4 часа

Загина параглајдерист во Крушево

Параглајдерист загина денеска кај Мечкин Камен во Крушево. Повеќе детали за несреќата засега не се познати. Според информациите на полицијата,...

Македонија7 часа

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија9 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија11 час

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа11 час

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет13 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија13 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија14 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ14 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора14 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет14 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион15 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ2 дена

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Досие