Контакт

Култура

Македонско-словенечки спој за почеток на Танц фест 2021

Објавено пред

Под мотото „Украдени движења“, вечерва, со почеток во 21 часот, на отворената сцена во Домот на АРСМ започнува годинешното издание на реномираниот фестивал за современ танц, Танц фест Скопје 2021.

dobivaj vesti na viber

По седумнаесетти пат, публиката, љубителите на танцот и долгогодишните пријатели на фестивалот ќе имаат можност да проследат веќе традиционално квалитетна програма и богат репертоар со интернационално реномирани уметници, но и домашни кореографи и танчери.

Фестивалот ќе го отвори извонредниот танчер и кореограф Жиган Крајнчан од Словенија, со неговиот најнов проект насловен “Fusion with myself”, во продукција на ЕГЗОДОС, Љубљана, под водство на извршниот директор и продуцент Наташа Заволовшек и Борут Бучинел, дел од ЕГЗОДОС, кој се потпишува зад звукот, фотографијата, видеото и светлата или техничките елементи на перформансот. Преку оваа изведба, Крајнчан на публиката ќе ѝ раскаже интимна приказна за потрагата по изворот на самата креација, почнувајќи од зборот „ништо“ и трагајќи по создавањето на идејата, звукот, движењето и мислата.

Веднаш по “Fusion with myself”, со почеток во 22 часот, публиката ќе има можност да ужива во премиерата на „Не допирај ми ги очите“, на кореографката и танчерка Адријана Данчевска. Кореографијата ќе биде во изведба на Дејан Битровски и Данчевска, која покрај кореографијата и изведбата е задолжена и за костимите на претставата, додека музиката е на Artefakt и Гордан Спасовски трио. „Не допирај ми ги очите“ се поистоветува со човекот во Македонија, го слави животот, убавото во едноставното и гневот на постоењето. „Кога ќе ме снема, може повторно да ме заима“ – преку оваа претстава, Данчевска испраќа моќна порака, храбро задирајќи во подлабоките слоеви на општествената филозофија со идејата „следете политика и главите кон сонцето“.

На втората вечер на фестивалот, на 2 јуни, во 21 часот, во Домот на Армијата Скопје, посветена на студентите и дипломците при Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ја претставуваат новата креативна сила на современата танцова сцена кај нас, публиката ќе има можност да проследи две кореографии. „Погрешно“ на кореографот и асистент на катедрата, Адријана Данчевска, во изведба на Исидора Краљевска, Ивана Балабанова, Борис Богдановски, Викторија Коцева и Антонија Димитриевска. Потоа следи кореографијата „Јас сум, тука сум“ со која ќе дипломираат втората генерација студенти на Катедрата за современ танц при УГД Исидора Краљевска, Ивана Балабанова, Борис Богдановски под менторство на професорот Рисима Рисимкин, во соработка со стручниот соработник Анастасија Данчевска.

Инаку, годинешното издание на фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Амбасада на Кралство Холандија, Француски Институт Скопје, АРСМ, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Музеј на современа уметност, Француска Алијанса Тетово, НУЦК „Иљо Антески Смок“ Тетово, компаниите Бовин и Виталија, како и медиумските покровители радио Буба Мара, Сити Радио, Антена 5, Метрополис и Урбан ФМ.

На настанот целосно ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19.

Култура

Филмот за култниот документарист Љубе Цветановски достапен на „Јутуб“

Објавено пред

Филмот за култниот документарист Љубе Цветановски е достапен на „Јутуб“, по повод 10-годишнината од смртта. Режисер на филмот е неговиот син, Гоце Цветановски.

dobivaj vesti na viber

„ Крај песочните плажи, до бистрата морска вода, можеш да ја споредуваш младоста и долговечноста, можеш да се прашуваш каков би бил светот ако со него владеат само луѓето што ја сакаат убавината…“ – Љубе Цветановски.

Поет, патописец, документарист, новинар. Човек кој знаеше да каже дека спознанието ќе биде ништожно ако не го споделиш со друг, ако не го раскажеш со збор или ако не го регистрираш низ објективот на камерата… Таков беше култниот Љубе Цветановски – македонска легенда чијшто живот згасна пред 10 години.

Филмот „Детето во светот“ се фокусира на сеќавањата од детството на Љубе Цветановски кои се раскажани во неговата истоимена книга, како и снимки со патувањата во над 20 егзотични земји од каде ја збогати македонската ризница со бројни исконски репортажи. Мајсторот на документарниот филм, познат по својот хумористичен и поетски стил, не’ води на незаборавно патување.

„Добар документарен филм е оној кој личи на игран филм, а добар игран филм е оној кој личи на документарен фим“, говореше Љубе Цветановски.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт во НОБ – „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“

Објавено пред

На 4 февруари 2023, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на нашиот тенор Благој Нацоски со наслов „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“.

dobivaj vesti na viber

Гости на концертот се Наде Талевска, сопран, и Васко Здравков, баритон. Пијано придружба Јанинка Невчева, а режисер на концертот е Дејан Прошев.

Водител: Огнен Јанески.

На програмата ќе бидат изведени арии од композиторите: Џузепе Џордани, Жил Масне, Џоакино Росини, Џузепе Верди, Франческо Чилеа, Џакомо Пучини и др.

Прикажи повеќе...

Култура

КИЦ „Битола“ – конкурс за „Ах, таа серенада – 2023“

Објавено пред

Културниот и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 1.2.2023 до 31.3.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада, „Ах, таа серенада – 2023“.

dobivaj vesti na viber

„Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање музика и пишување текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо-снимка во МП3-формат, аплициран текст и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса [email protected] За изборот на композициите, неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ ‘Битола’. Ни избраните музички дела ќе им биде даден хонорар од 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.

Додаваат дека во корист на квалитетот на фестивалот организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори и ја задржува целосната контрола врз аранжманите поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари, кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.

Фестивалот „Ах, таа серенада – 2023“ ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола (плато) во рамките на „Бит-фест 2023“.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.4.2023.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет48 минути

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет1 час

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија2 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...

Регион2 часа

Петков: На Македонија треба да и се каже дека за во ЕУ мора да се отстрани омразата

Зборувајќи за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поранешниот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) изјави:...

Економија4 часа

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува...

Регион5 часа

Бугарскиот пратеник по протерувањето од Македонија: Очекувам остра реакција од Бугарија и ново вето за Северна Македонија

Ангел Георгиев во саботата отпатува да ја одбележи 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да го посети гробот на...

Македонија7 часа

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион7 часа

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија8 часа

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион8 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија11 часа

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион11 часа

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија11 часа

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет12 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион12 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет13 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет13 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија22 часа

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....