Контакт

Култура

Мастер-клас на Анте Томиќ на „Киненова“

Објавено пред

Филмскиот фестивал ,,Киненова” во 12 часот во Кинотека на Македонија го најавува мастеркласот на легендарниот хрватски писател и сценарист – Анте Томиќ.

Мастеркласот е на тема: „Неколку мали трикови за пишување на филмски дијалози“. Ги повикуваме сите филмаџии и филмски љубители да ја искористат оваа ретка можност.
Анте Томиќ е автор на сценариото на филмот „Устав на Република Хрватска“, кој на фестивалот „Киненова“ се прикажа во рамките на програмата Европско културно наследство заедно со филмовите „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Погледот на Одисеј“ на Тео Ангелопулос.

Култура

„Скопје пее“ („Skopje Sings)” – прв меѓународен хорски фестивал во Скопје

Објавено пред

Од 29-ти до 31-ви август, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“, градот ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал  „Скопје пее“ („Skopje Sings”). Десет хорови од земјата и странство, со своите изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современите композиции, на себе својствен начин, ќе ги спојат музиката, одморот, пријателството и забавата.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано за в четврток (29.8.) во 21:00 на Школка во Градски Парк, каде скопјани и сите останати добронамерници и љубители на музиката и културата ќе имаат можност бидат дел од градскиот музички хепенинг наречен  „Скопје пее“ („Skopje Sings”). 

За в петок (30.8.), фестивалот програмски ќе се вклучи во културните лета на општините Карпош и Аеродром. На Културното Лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе настапат Машкиот хор од Пловдив, ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, Женскиот хор „Аурин“ од Кецкемет, Унгарија, ГМХ „Вардар“ – Скопје и Академскиот Женски Хор на Студентскиот Културен Центар во Ниш. Како дел од „Back to School Week“ во Општина Аеродром, во паркот на езерата со почеток во 20:30 часот ќе настапат Женскиот хор Менада од Тетово, хорот „Хаџи Зека“ од Пеќ, Пензионерскиот хор „Серенада“ од Скопје, хорот „Славјанско Единство“ од Горна Ораховција, Р. Бугарија и хорот „Елегија“ од Општина Центар – Скопје.
Фестивалот  „Скопје пее“ („Skopje Sings”) е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите на Градот Скопје.

За последниот ден од фестивалот (сабота; 31.8), од 20:30 часот, со настап на хоровите во објектот на Македонската филхармонија и официјално ќе се затвори првото издание на  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).

Прикажи повеќе...

Актуелно

Културното и книжевно богатство на Тетово собрано на едно место

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска оствари работна посета на повеќе институции од областа на културата во Тетово.

Како што информираат од ресорното министерство, во рамки на посетата Исмаили се запознал и со текот на изградбата на објектот на културно-образовниот центар во кој ќе биде сместена библиотеката и театарот од овој град.

Министерот истакнал дека со реализацијата на проектот граѓаните на Тетово ќе добијат ново репрезентативно место за остварување на културните активности, место во кое љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во творештвото на врвните уметници, а воедно, како што рекол, ќе се овозможи и зачувување на големото културно и книжевно богатство што го поседува градот.

Исмаили го посетил и Музејот на тетовскиот крај, каде од директорот на оваа институција бил информиран за реализацијата на проектите кои се поддржани од Министерството за култура.

Во рамки на посетата министерот направил обиколка и низ симболот на градот, познатото Тетовско Кале – Бал Тепе, каде по завршувањето на административните процедури треба да почнат активности за конзервација на влезниот дел од тврдината.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа

Објавено пред

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа.

Веќе финишираат подготовките за фестивалот „Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.

На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од Театарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа47 минути

Германија ги зголемува залихите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод коишто ќе можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет1 час

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат низ Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион2 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите час и половина ги спасувале децата

Поради дефект се заглави рингишпилот ,,Скај флаер” во Биоград во Далмација, по што пожарникарите час и половина ги спасувале децата...

Свет2 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш на Твитер соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена излегол од притвор, откако...

Свет3 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија13 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија15 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа18 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ22 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ23 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија24 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Досие