Контакт

Актуелно

(Видео) „Медена земја“ не доби „Оскар“ за најдобар документарец, повеќе гласови освои „Американска фабрика“

Објавено пред

Македонскиот филм „Медена земја“ не успеа да добие „Оскар“ за најдобар документарен филм, според гласањето на членовите на Американската филмска академија, кое заврши во вторникот. Наградата ја доби американскиот документарец „Американска фабрика“.

„Работите ќе бидат подобри кога сите работници од светот ќе се обединат“, рекоа режисерите на „Американска фабрика“.

Овој филм е во продукција на продукциската куќа на Мишел и Барак Обама.

„Медена земја“ е номиниран и во категоријата најдобар интернационален филм.

Други конкуренти за најдобар документарец на нашиот филм му беа британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“ и бразилскиот „На работ на демократијата“.

Првите честитки за филмското достигнување, по пристигнувањето во театарот „Долби“, Атиџе Муратова и екипата на „Медена земја“ ги добија од странските медиуми, кои ги интервјуираа. Тие им честитаа на успехот што го постигнале, односно за номинациите за „Оскар“ во две категории.

„Јас сум многу возбудена вечерва. Се чувствувам многу добро и се надевам на еден ‘Оскар’“, рече Атиџе во првата изјава пред медиумите откако екипата пристигна во Лос Анџелес.

Претходно Атиџе Муратова во разговор за „А1он“ рече дека многу ѝ е благодарна на екипата на „Медена земја“, но и предвиде дека филмот ќе го земе „Оскарот“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Музичка бајка со оркестарот на Филхармонија и американската виолинистка Естер Ју

Објавено пред

„Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи на 20 февруари, а на кој како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју.

Диригент на оркестарот ќе биде Чарлс Оливиери Мунро од Малта, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлада добитничка на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2016 беше „Уметник на новата генерација“ на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар.

Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

За диригентот Чарлс Оливиери Мунро критиката пишува дека е неверојатен спој на талент и харизма и дека поседува исклучителна музичка подготвеност.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарницата на Филхармонијата или да се купат онлајн на www.filharmonija.mk

 

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Еден од најмоќните светски рок-бендови „Пласибо“ со настап во Скопје на 25 јуни

Објавено пред

„Пласибо“ доаѓа во Скопје на возобновениот рок-настан „Скопје гори фестивал 20.20“, со ексклузивно шоу во регионот.

„Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок-бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25  јуни на стадионот на АРМ во Скопје“, се вели во најавата за настанот.

Организаторите истакнуваат дека задоволство е што „Пласибо“ на својата мапа ги ставиле и Скопје и Македонија, доколку се има предвид дека летово тие ќе настапат на големи фестивали како Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн.

Бендот „Пласибо“ е основан во 1994 година и досега има продадено повеќе од 12 милиони албуми. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Брајан Молко, „Пласибо“ доби статус на апсолутен миленик на алтернативната рок-популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот Дејвид Боуви.

Влезниците за настанот ќе бидат пуштени во продажба утре (петок) во 9 часот наутро по цена од 1.500 денари за партер и 1.990 денари за фан-питот, за каде се предвидени вкупно 1.000 места.

Истите ќе може да се набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на „Авалон“ низ земјава и онлајн на avalon.mk.

АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6.000 посетители, а специјалните гости на „Пласибо“ ќе бидат дополнително објавени.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа11 час

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија12 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија14 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија16 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија17 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија17 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија17 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија18 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија19 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ19 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија19 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија20 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион20 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет20 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет21 час

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа21 час

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија21 час

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија1 ден

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Досие