Култура
Месец на детски филмови во Центарот за култура во Кичево
Од 14 до 28 октомври, во центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, секоја сабота ќе се прикажуваат детски европски филмови во рамки на настанот Месец на детските филмови.
Настанот го организира Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево и почнува од оваа сабота со почеток од 14 часот, со проекција на детскиот јапонски филм „Мираи“, во режија на Маморо Хосода, со превод на македонски, а истиот ден следува филмот „Патешествието на принцот“, со превод на албански јазик од 16 часот и со превод на македонски јазик од 18 часот. Филмовите се наменети за деца над 8 години.
Предвидено е да бидат прикажани вкупно шест детски филма според следниот распоред:
14.10.2023 (сабота) – детски филмови, возраст 8-14 год.
/14:00/ „Mираи“ (со превод на македонски јазик)
/16:00/ „Патешествието на принцот“ (со превод на албански јазик)
/18:00/ „Патешествието на принцот“ ( со превод на македонски јазик)
21.10.2023 (сабота) – детски филмови, возраст 8-14 год.
/14:00/ „Рока го менува светот“ (со превод на македонски јазик)
/16:00/ РАФИ (со превод на албански јазик)
/18:00/ РАФИ (со превод на македонски јазик)
28.10.2023 (сабота) – детски филмови, возраст 8-14 год.
/14:00/ „Макс и бесната дружина“ (превод на македонски јазик)
/16:00/ „Неверојатната приказна за џиновската круша“ (синхронизиран на албански јазик)
/18:00/ „Неверојатната приказна за циновската круша“ (синхронизиран на македонски јазик)
Цената на билетите ќе бидат 100 денари и тие ќе може да се резервираат или купат директно во центарот за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
