Контакт

Актуелно

Меѓународен поетски конкурс „Антево слово“

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ годинава вторпат го распишува конкурсот за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски, – „Антево слово“.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија, кои ќе испратат една своја необјавена песна на адресата [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс тие ќе може да бидат дел од авторите што конкурираат за носечката награда на манифестацијата – „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 15 ноември 2018 година.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослават и овековечат преку „Возвишената поезија“ духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат на Сицилија и на територијата на Италија со својата работа како поет, драмски писател, историчар и професор, и наградата „Антево слово“, која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Актуелно

Се финализира проектот за конзервација на црквата во Курбиново

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Битола оствари работна посета на институциите од областа на културата во овој град.

На неговата агенда беа Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, Народниот театар, Центарот за култура, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Музеј на албанската азбука, при што минисерот се запозна со реализираните активности, но и со проектите што се реализираат.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата со директорите во овие институции, Исмаили истакнал дека во рамки на годишните конкурси континуирано се дава поддршка за реализација на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата – драмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската и заштитата на културното наследство.

Во рамките на министерската посета на Битола една од темите била и проектот за конзервација на црквата Свети Ѓорѓи во селото Курбиново. Меѓу фреските во оваа црква е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој е пресликан на банкнотите од 50 денари.

Од министерството информираат дека во однос на оваа црква, надлежната установа Завод и Музеј Битола работи на финалниот извештај од сите предвидени и преземени истражувања и финално конципирање на предлог-проектната програма и финализирање на Проектот за конзервација.

Министерот за култура го посетил и Сарајот во Ресен, кој претставува еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во нашата земја.

Денес зградата на Сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Рено“ – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Објавено пред

Францускиот производител „Рено“ е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното 40. издание на Браќа Манаки.

Најновите модели од гамата на брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.

„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата, заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал ‘Браќа Манаки’ и Аутомотив Груп трае со години.

За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот ‘рено клио’ и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија која е закажана за месец октомври годинавa“, изјави Симона Николовска, лице за односи со јавност на Аутомотив Груп.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Актуелно

Отворена изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“

Објавено пред

Во Уметничката галерија во Куманово свечено е отворена изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“.

Министерот за култура, Хусни Исмаили, истакна дека Куманово – градот на културата за 2019 година – може да се гордее со богатото културно наследство од над 40-ина средновековни храмови.

„Куманово и Кумановско можат да се гордеат со сакралните споменици, односно сите цркви и манастири од византискиот и поствизантискиот период, како и двете џамии од османлискиот период, кои се дел од богатото културно наследство на овој крај“, рече Исмаили.

Тој додаде дека посетителите во наредните денови ќе можат да уживаат во уметноста на сакралната архитектура, дополнета со цртежи од значајни композиции од фрескосликарството, како и од арабеските на џамиите и фрескокопиите од старонагоричкиот храм.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура2 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија3 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт5 часа

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа5 часа

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ8 часа

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија9 часа

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија11 час

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет12 часа

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт13 часа

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет14 часа

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет14 часа

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет15 часа

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Македонија15 часа

Локализиран пожарот кај Плетвар, по седум часа пуштен во сообраќај патот Прилеп – Росоман

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски...

Македонија15 часа

Собранието ќе одржи седница за разрешување на Катица Јанева

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица...

Спорт1 ден

Де Хеа стана најплатениот фудбалер на Манчестер јунајтед

Давид де Хеа потпишал нов договор со Манчестер јунајтед по преговори кои траеја (пре)долго, откако клубот „потклекнал“ и се согласил...

Регион1 ден

Во Мостар отворен првиот ресторан во кој работат само лица со посебни потреби

Во Мостар е отворен ресторанот „Лонато“ како дел од Центарот за деца и млади Los Rosales, во кој ќе работат...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Има поважни работи во животот од тениските рекорди

Новак Ѓоковиќ го очекува неизвесен крај на сезоната кога поради повредата на рамото (која придонесе да се повлече од САД...

Македонија1 ден

(Видео) Ивановска: Го викнавме Кочо Анѓушев на отчет за „Тополки“

За неколку актуелни случаи на сомнежи за корупција пријавени во Државната комисија за спречување на корупцијата, многу набргу ќе има...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Боки 13 и Кичеец

Судот им го продолжи притворот за уште 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец,...

Македонија2 дена

Љупчо Палевски приведен во Белград, сакал да замине во Русија

Во Белград е уапсен бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо. Според тековните информации, апсењето се случило вчера кога Палевски сакал да...

Досие