Култура
Меѓународен симопзиум за Плевнеш во Париз

По повод излегувањето на книгата „Избрани драми“ од Јордан Плевнеш, со предговор на Жак Лакариер, едно од врвните имиња на француската литература и извадоци од светскиот печат , од познатиот издавач Le Temps des Cerises,во големиот аудиториум на Институтот за ориентални јазици и цивилизации, INALCO Paris –Cite-Sorbonne, денеска ќе се одржи меѓународен симпозиум посветен на делото на Плевнеш, „Јордан Плевнеш – обединител на културите“.
На симпозиумот ќе земат учество триесетина професори и истражувачи на делото на Плевнеш од повеќе европски и светски универзитети. Уводни излагања за делото на Плевнеш и неговата појава во македонскиот и францускиот културен простор ќе поднесат Жорж Бани, професор од Сорбона и член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, и Влада Урошевиќ, член на МАНУ и Академијата „Маларме“.
Меѓу значајните имиња што ќе учествуваат на симпозиумот се: Карен Малпед, критичака на „Њујорк тајмс“, Хеди Бурауи од Универзитетот „Јорк“ од Торонто, Канада, Весна Цидилко од Универзитетот „Хумболт“ од Берлин, Терумо Јамазаки од Универзитетот од Токио, како и професори од универзитети од Русија, Кина, Чешка, Словачка, Полска, Хрватска, Романија, Унгарија итн., кои ќе ги опишат референците на интернационалнито ехо на поетските, драмските и романескните остварувања на Плевнеш, играни и прикажувани на повеќе од 30 светски јазици.
Најмногубројни на симпозиумот се француските познавачи на делото на Плевнеш, предводени од професорката Фроса Пејоска-Бушро, која воедно ќе биде модератот на настанот. Нивното потесно поле на интерес ќе биде т.н. балканска трилогија – „Гробница за Борис Давидович“ од Данило Киш, „Казна за Малвина“ од Мирко Ковач и „Среќата е нова идеја во Европа“ од Ј. Плевнеш, играна во повеќе од 120 театри во целата Франција.
Од Македонија свои излагања на симпозиумот ќе поднесат Маја Јакимовска-Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература при УКИМ, и Соња Стојменска-Елзесер, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
За време на симпозиумот ќе бидат прикажани извадоци од документарните филмови на Плевнеш посветтени на Никола Бувие, Питер Брук, Клод Лелуш, Ив Бонфуа, Пјер Беарне, Алберт Кан, инсерти од „Портрет на Плевнеш во театарот ‘Молиер’“, од Жак Лакариер, како и извадоци од француско-македонскиот долгометражен филм „Тајната книга“, посветен на првата интелектуална револуција во Европа, во режија на Владо Цветановски, за кој пред присутните ќе се обрати Жан-Клод Кариер, главен протагонист во филмот и сценарист на Луис Буњуел и Милош Форман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и од Хрватска својата заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ.
OneBeat Balkans е програма за културна размена и за соработка на 15 музичари од регионот, односно од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и од Србија, како и од САД. Музичарите соработуваат создавајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарни активности, организираат јавни работилници, а преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример, да охрабрат подобар економски развој во овој регион. Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја во Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска).
Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период учесниците ги споделуваат своите размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музиката ќе патуваат во сите земји од регионот – Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска.
OneBeat доаѓа во Скопје на 17 февруари 2019 во Младинскиот културен центар со почеток од 20 часот. Во киното „Фросина“ заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.
OneBeat е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на Bang on a Can’s Found Sound Nation и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и во Србија.
Култура
Петрунија со две престижни награди на Берлинале

На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, беше соопштено дека престижната награда од жири комисијата “Ecumenical” ја добива нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.
Нашиот филм дополнително се закити и со уште една фантастична награда специфична за берлинскиот фестивал; наградата “Guild Film Prize”.
„Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на Златната мечка, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска.
Инаку, “Ecumenical Award” е независна филмска награда која се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали уште од 1973 година, како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари, а целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот.
Во Берлин оваа награда се доделува од 1992 г., а “Ecumenical” жири комисијата ја претставуваат меѓународните филмски организации на протестантските и католичките цркви, “INTERFILM” и “SIGNIS”. Сочинета е од 6-члена жири комисија, а главната награда се доделува на филм од главната конкуренција на Берлинале за режисери кои успеале да ги претстават дејствијата или човечките искуства кои се во согласност со Евангелијата или да ги поттикнат гледачите на духовни, човекови или општествени вредности.
Низ историјата, почнувајќи од 1974 во Кан, бројни реномирани и звучни филмски имиња се имаат закитено со наградата на “Ecumenical” жири комисијата, меѓу кои и Андреи Траковски, Вим Вендерс, Кристоф Кишловски, Мајкл Винтерботом, Браќата Тавијани, Михаел Ханеке и многу други, а оваа 2019 година престижната награда оди во рацете на Теона Стругар Митевска, за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Наградата “Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири комисија, чии членови се управители на арт кина, а се исто така членови на Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија “AG Kino – Gilde e.V.”. Оваа Асоцијација денес брои повеќе од 300 независни филмски арт кино сали ширум Германија. Истата е поддржана од повеќе од 40 дистрибутери, здруженија и компании, а Асоцијацијата е дел и од европската кино мрежа “CICAE”.
Жири комисијата на “Guild Film Prize” наградата ја доделува исто така на филмови од главната компетиција на Берлинале и е огромна препорака за гледачите и дистрибутерите, што ќе помогне за уште подобра дистрибуција на филмот кој наиде на неверојатен прием кај фестивалската публика.
Инаку гала церемонијата за доделување на главните награди на 69-тото издание на Берлинале се одржува вечерва со почеток од 19 часот, на што претходи церемонијата на црвениот тепих, а пак околу 20.30 часот се одржува и последната прес-конференција на која ќе се соопштат добитниците на „мечките“ во повеќе категории.
Култура
Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари 2019, со почеток во 20 часот.
Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.
Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот и емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења на Марија Кичевска-Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Моќна, динамична, емотивна…!
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал