Контакт

Актуелно

Меѓународен симпозиум „Српската драма и театар во Република Македонија“

Објавено пред

Во рамките на истражувачкиот мегапроект „Европската драма и театар во Македонија“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје-Париз-Есен-Ротердам, на 25 и 26 месецов, со почеток во 12 часот, во големата аула, ќе се одржи симпозиум на тема: „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“.

На симпозиумот ќе земат учество триесеттина универзитетски професори, научни работници, театролози и театарски критичари од земјата и странство, кои ќе го сублимираат седумдецениското присуство на српскта драма и театар на професионалните театарски сцени и фестивали.

Досега се одржани два симпозиума посветени на германската и бугарската драма и театар и објавени се зборници од поднесените реферати во издание на Институтот за сценски уметности. Наесен проектот продолжува со симпозиумот посветен на италијанската драма и театар, во соработка со Фондацијата „Чини“ од Венеција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Во Скопје отворена изложба на свечена црногорска облека од 19 и 20 век

Објавено пред

Во присуство на многубројни гости, меѓу кои и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и премиерот Заев, министерот за култура, Асаф Адеми, и неговиот црногорски колега Александар Богдановиќ, вчера во Музејот на македонската борба свечено беше отворена изложбата „Европската мода на црногорскиот двор – рефлексии“.

Како што информираат од надлежното министерство, на оваа ексклузивна изложба е изложена свечена облека од колекцијата на Народниот музеј на Црна Гора, карактеристична за црногорскиот двор во 19 и во 20 век, а поставката се реализира со поддршка од Министерствата за култура на двете земји, како и со поддршка од црногорската амбасада во Скопје.

Министерот Адеми во своето обраќање истакна дека изложбата е убав пример за успешна културна соработка меѓу две пријателски земји, која на непосреден начин ги унапредува и ги збогатува културните врски во областа на уметноста, историјата и музеологијата.

„Верувам дека оваа изложба ќе биде и голема провокација за научната и за стручната јавност кај нас, кои преку студиозниот пристап на изложените експонати ќе имаат можност да дадат ново толкување на веќе познати историски настани и ликови од минатото, со што ќе предизвикаат голем интерес кај музејските посетители во земјава“, кажа Адеми.

Министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, пред присутните посочи дека изложбата ќе овозможи увид во еден помалку познат сегмент од црногорската традиција и култура.

„Сигурен сум дека оваа изложба претставува чекор напред во културното поврзување на нашите две држави, од чие потврдено пријателство произлегоа многубројни примери на партнерство и соработка. Од таа причина, мило ми е што во Скопје претставуваме поставка која по многу нешта е единствена, чиј концепт е фокусиран на оние содржини од нашето минато на кои е посветувано помало внимание во историографските и уметничките осврти на црногорското наследство“, истакна црногорскиот министер за култура.

За изложбата зборуваше и Анастазија Мирановиќ, директорка на Народниот музеј на Црна Гора, која се осврна на конкретните аспекти од конципирањето на оваа изложба, како и за можностите за нови проекти и соработка меѓу музеите во двете земји.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Арета Френклин постхумно наградена со Пулицерова награда

Објавено пред

Пулицеровите награди за најголем придонес во новинарството и уметноста вчера беа доделени на Универзитетот Колумбија во Њујорк, а меѓу лауреатите се новинските агенции „Асоишиејтед прес“ и „Ројтерс“, како и новинари од весниците „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“. Неодамна починатата соул-легенда Арета Френклин постхумно доби специјална награда за неизбришлив петдецениски придонес во американската музика и култура.

„Вашингтон пост“ е награден за истражувачките текстови за поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој наводно подмитувал, односно им давал пари за да замолчат на жените кои тврдеа дека имале афера со Трамп пред да биде избран за претседател.

South Florida Sun Sentinel (Фото: ЕПА)

„Њујорк тајмс“ освои награда за текстовите за семејното богатство на Трамп и аферата со обидите да го заобиколат законот за наследство со цел да избегнат даноци.

Три Пулицерови награди беа доделени за известување за проблемите со контролата за користење оружје, вклучувајќи ја и наградата за „Саут Флорида Сан Сентинел“ за известувањето за пукањето во средното училиште во Паркланд што се случи лани во февруари, а во кое беа убиени 17 студенти и вработени.

Пулицерова награда добија и тројца репортери од „Лос Анџелес тајмс“ за истражувачките текстови за Џорџ Тиндал, гинеколог кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици студенти на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Сите наградени добија по 15.000 долари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Динамичната драма „Ноќ на боговите“ на сцената во МНТ

Објавено пред

„Ноќ на боговите“ е динамична драма по текст на Миро Гавран, која се однесува на љубовта, пријателството и владеењето, полна е со неочекувани пресврти, кои на театарската публика ѝ го задржуваат здивот, информираат од МНТ.

Во изминатите 25 години таа имала дури 19 театарски премиери во светот, од Сараево, Марибор, Подгорица и Мостар, до Вашингтон, Мелбурн, Софија, Прага.

Претставата е во режија на Марко Манојловиќ, а на големата сцена во МНТ ќе биде одиграна на 10 мај со почеток во 20 часот. Во оваа трагикомедија со елементи на фарса или како што обично велат актерите – животна претстава, играат: Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на познатиот драмски писател Молиер.

Германската издавачка куќа Anton Hiersemann Struttgard во последните педесет години секоја трета година објавува избор на најдобри светски драматичари, а во 2007 година на листата се и трите драмски текста од авторот Миро Гавран – „Креонтовата Антигона“, „Љубовите на Џорџ Вашингтон“ и „Ноќ на боговите“.

Миро Гавран за оваа претстава вели: „Во оваа необична фарса полна со неочекувани фабулативни пресврти се дава изобилство на материјал за изградување уверливи улоги. Кога пишувам нов драмски текст, секогаш имам желба и актерите и публиката да уживаат кога претставата ќе заврши. Се надевам дека тоа ќе се случи и со оваа изведба“.

„Ноќ на боговите“ гостува во Скопје благодарение на желбата на Ќетковиќ, Луткиќ и Илиќ да ги оживеат „карактерите што се архетипски, но и денес ги пронаоѓаме во секојдневниот живот“.

Луткиќ за претставата вели: „Таа нè спои. Сите тројца почувствувавме возбуда, прво како читатели на драмата, а подоцна се јави и потреба да се обидеме како уметници да ја пренесеме таа возбуда до публиката. Поделбата произлезе од желба да играме ликови какви што не сме играле досега. Да излеземе од нашата удобна зона и да ѝ се претставиме на публиката во ново светло“.

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку веб-страницата на МНТ и на билетарницата во МНТ, a oнлајн-билетите може да се купат исклучиво во партер по цена од 600 ден.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20198 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија14 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија15 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија17 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија17 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток18 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија19 часа

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа19 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие