Контакт

Култура

Меѓународен симпозиум: „Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа”

Објавено пред

„Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа е насловот на Интернационален симпозиум во организација на Унесковата асоцијација АИЕСЕЕ и МАНУ, а истиот се одржува во „Куќата на Уранија”- МАНУ во Охрид, започна денеска претпладне, а ќе трае до 8 септември, соопштија од МАНУ.

Академик Таки Фити, кој одржа говор на свечениот почеток, рече дека една од целите на ваквите собири е да се сообразиме со новото време и меѓусебно да се почитуваме, како граѓани на обединета Европа и припадници на општества со европски вредности и стандарди.

„Македонија е модел за мултиетничко општество за Балканот и пошироко. Нашата земја, наспроти војните за прекројување на граници и размена на територии и население, се определи за соживот, за рамноправност, за мултикултура, отворено општество и инкузивност. Со таква определба Македонија чекори кон НАТО и ЕУ, од каде очекува сестрана поддршка за стабилна внатрешност, неповредиви граници, стопански развој и европско образование. Македонија, посебно Охрид се препознаени како земја на културата и на универзалните вредности, затоа веруваме во брз прием во евро-атланските структури“, изјави заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, кој говор одржа заедно со претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, на свечениот почекот.

Учесниците ги поздравија уште и генералниот секретар на АИЕСЕЕ комитетот при Унеско, Разван Теодореску и претседателот на Комитетот, професор Александар Костов. Сторивме многу, на симпозиумот да учествуваат и претставници на Грција, во духот на нововоспоставеното пријателство и соработка, но, за жал, тие не допатуваа во Охрид, забележа генералниот секретар Теодореску.

Култура

„МКЦ за Скопје“ за првпат во паркот на МКЦ

Објавено пред

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нè потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе почне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат промоции на LP-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв том“ која ќе може да се купи по промотивна цена. По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“.

Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во Софија

Објавено пред

Денеска со почеток од 18:30 часот во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена самостојната изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија.

Изложбата е составена од над триесет ликовни дела од областа на сликарството со кои авторот, со внесување на повеќе колорит, се обидува да изгради позитивен поглед кон светот и животот. Посетителите на КИЦ во Софија, на ул. „Обориште“ 7, ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 10 септември 2019 година.

Tасим Кадрија е роден на 1 август 1961 во Слупчане, Северна Македонија. Основното училиште го завршил во ОУ „Јета е ре“, во село Слупчане. Средното образование го завршил 1981 година во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“.

Во 1982 година се запишал на Факултетот за ликовна уметност. Завршил „Ликовна педагогија“ во 1984 година на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски. Во 2006 година се запишал повторно на Факултетот за ликовна уметност и во 2008 година завршил „Сликарство“ на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин.
Од 1984 година е вработен како наставник по ликовно образование во ОУ „Фаик Коница“ во село Слупчане до ден денес.
Свои три самостојни изложби во 2017 година поставил во бугарските градови Варна и Карлово.

Има учества во групни изложби низ градовите на Северна Македонија: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гостивар, како и во с. Слупчане. Исто така, има учества во изложби низ градовите на Бугарија: Софија, Велико Трново, Смолјан, Јамбол, Севлиево и град Елена.

Изложбата е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и е потпомогната од Министерството за култура на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Марвел“ најави нови 10 филмови до 2021 година

Објавено пред

Филмското студио „Марвел“ најави десет нови филмови на годинешната конвенција „Комик-кон“ што се одржа вчера во Сан Диего. Директорот на компанијата, Кевин Фејџ, ја објави листата со филмови што ќе излезат до 2021 година, а се дел од ерата по „Одмаздниците“.

Едно од најголемите изненадувања е дека оскаровецот Махершал Али ќе го глуми ловецот на вампири Блејд, кој во филмот од 1998 година го глумеше Весли Снајпс.

Натали Портман соопшти дека ќе се врати во 4. продолжение на филмот за Тор – „Thor: Love and Thunder“. Таа повторно ќе ја глуми Џејн Фостер, но овој пат со моќта од чеканот на Тор.

Најавен е и филмот „Eternals“ во кој глумат Анџелина Џоли и Селма Хаек. На публиката ѝ беше откриено дека ќе се снима и првиот филм за азиско-американскиот суперхерој Шанг – Чи. Главната улога му е доделена на канадскиот актер Симу Лиу. Шанг-Чи, кој има татко Кинез и мајка Американка, првпат се појави во стриповите на „Марвел“ пред речиси 50 години.

„Марвел“ објави и дека „Црната вдовица“ со Скарлет Јохансон во главната улога се снима веќе 30 дена, а се очекува да почне да се прикажува на 1 мај 2020 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија24 минути

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа38 минути

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија1 час

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија2 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион2 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија16 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија18 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија18 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија19 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија20 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија2 дена

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Досие