Контакт

Изложби

Меѓународна ревија на народни носии во Музејот на македонската борба

Објавено пред

На 2 јуни (недела), со почеток во 20 часот, во НУ Музеј на македонската борба, ќе се одржи меѓународна ревија на народни носии. На настанот, организиран во партнерство со ансамблот „Македонија“, ќе бидат претставени македонски, црногорски и хрватски народни носии од разни региони.

Специјални гости на ревијата ќе бидат работилницата за заштита и изнајмување народни носии од Загреб, Хрватска. Настанот се реализира со поддршка ма Министерството за култура во рамките на годишната програма.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на скулптури во МКЦ на македонскиот скулптор Aлександар Eфтимовски

Објавено пред

Изложба на скулптури „Фрагментум“ на академскиот скулптор Александар Ефтимовски ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на 16-ти ноември со почеток од 19:30 часот.

Името на оваа изложба доаѓа од латинското име „Фрагментум“ што буквално претставува конкретен дел, одделен од една целина. Истиот тој „фрагмент“ е секое едно дело создадено од потребата на авторот од физичка активност и темпераментно дејствување врз материјалот. Секој еден дел или фрагмент е изработен во различно време и околина и е активниран од различни сетилни дразнења, што во тој даден период го обележува и претставува моменталното авторско творештво. Соединувањето на овие скулптурални дела во една целина ја потенцира уметничката имплозија и го објаснува текот на артистичкото создавањето на скулпторот. Искуствата, кои скулпторот ги стекнува со неговите патувања, метафорички ги материјализира или врежува во материјалот и на тој начин ја обележува сегашноста на неговото уметничко творење. Сите стекнати искуства, не се поврзани само со процесот на изработка на една скулптура, туку и со сетилните дразби кои остануваат вмрежани некаде во неговиот ум, за подоцна да бидат исфилтрирани во едно или повеќе дела.

Иако на оваа изложба ќе бидат изложони 10-тина дела, сепак тие се конструирани од повеќе делови или фрагменти. Тие ги симболизираат енергијата, времето на творење и животот на авторот, безмалку кажано тоа се деловите преку кои авторот го опишува творечкиот момент. Авторот ужива во спонтаноста на формата која доаѓа со самата изработка на скулптурата, преку еден своевиден Формалистички приод кој може да се забележи во еден дел од неговите творби. Тој од самото запознавање со тродименизоналната форма на израз од секогаш го возбудувала апстратната скулптура како ликовна творба, и во неа комплетно ги пронаѓал неговите идеи. Почнувајќи од геометриските форми како наједноставен израз, преку аморфните па се до органските форми, авторот наоѓа начин како во ваквите форми да ги интерпретира неговите идеи. Тој во неговото досегашно творештво ги користи традиционалните материјали како дрво, камен и бронза, но особено задоволство му причинува користењето на каменот во сите негови бои, структури и цврстини.

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури и цврстини.  За создавање на неговите скулптури, авторот најмногу ја користи апстракната форма, која преку геометриските и овалните аморфни форми го карактеризира неговото дело. Александар своето ликовно знаење го стекна на Академиите за уметност во Фиренца и Карара (Италија),  каде магистрираше во 2013 година. Во неговото едно децениско творештво, Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајќи на голем број ликовни фестивали. На многуте биеналиња и симпозиуми за скулптура во Европа, Америка и Азија, Александар изработи скулптури во голем формат и учествуваше во голем број ликовни изложби. Тој е добитник на повеќе награди и признанија, но најдраго и особено значајно му е првото место добиено на симпозиумот за скулптура во ОГрове, Шпанија.  Дел од неговите творби се во постојаните колекции на Националниот ликовен музеј на Кина во Пекинг, колекцијата на Шиан како и приватни колекции низ Европа.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ од Емил Солески

Објавено пред

На 15 ноември, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески.

Се работи за збирка од десетина скулптури работени во мермер во периодот од неколку последни години. Изложбата е проект што е поддржан од страна на Министерството за култура, а Солески првпат ќе биде претставен пред кумановската публика со свој самостоен настап.

Емил Солески е роден 1969 година во Прилеп. Студирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство, во класата на професорот Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај професор Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 година ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет дена Крушевска Република“.

За делата од најновата продукција на Емил Солески, Никола Јованоски ќе запише:
…„Каменот и пламенот како симбол на вечноста ги премостуваат времињата за конечно да сфатиме колку сме мали пред минливоста на мигот во споредба со бесконечниот тек на звукот на каменот и пламенот. Искри на животот, темел на постоењето, а можеби и отпор кон минливоста.
Можеби се малку овие зборови за да се одгатне загатнатото од Солески, кој упорно го бара звукот на каменот во неговите постојани напори да се разгатне моментот на соочувањето на величината на нескршливоста на каменот и неговиот опстој во времето и просторот. Овој пат Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои личат на музички инструменти, а од кои некаде во нашата потсвест ѕуни екот на каменот и ни пренесува пораки од дамнини. Солески на еден препознатлив, за него начин, со совршено мазни линии во скулптурата ги слеал размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно пренесување низ просторот и времето. Да, велам и во времето бидејќи неговите безвременски форми во кој било простор и во кое било време ќе го доловуваат звукот на каменот. А пламенот? Да, пламенот во уметниковата душа е оној што постојано нè тера да се нурнуваме кон непознатото и да создаваме за иднината…“

Изложбата во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде поставена до 21 ноември.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Скопје одново” ја раскажува историјата на колекцијата на Музејот на современата уметност

Објавено пред

На 18 ноември, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде отворена изложба со наслов „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција, со посебен фокус на американските уметници.

Изложбата „Скопје одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац (кураторка во Музејот за модерна уметност во Њујорк – МОМА) и Кумјана Новакова (кураторка соработничка на МСУ – Скопје).

Во рамките на постановката ќе бидат изложени повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, првпат МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција на авторите, како Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

Изложбата „Скопје одново“ ја обработува најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластичните уметности, паралелно со глобалната кампања за реконструкција на градот Скопје по земјотресот. Со подароците од автори од целиот свет МСУ – Скопје станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност во земјата. Повеќето од делата ги потпишуваат водечки уметници на глобалната современа сцена во двете децении по земјотресот, што води и до основањето на МСУ во 1964 година. Полската влада во тоа време финансира тим од прогресивни млади архитекти, кои во 1970 година го градат објектот, кој денес е постојан дом за Музејот.

Во таква една атмосфера на транснационална соработка и ентузијазам, преставена во извештајот на ООН од 1966 година со наслов „Скопје воскреснува“, МСУ развива и разновидна програма на изложби, меѓународни соработки и партнерства. „Скопје одново“ ќе изложи и дел од архивскиот материјал, кој сведочи за оваа важна позиција на МСУ – Скопје во тоа време. Со поттикнување исклучителна отвореност и колаборативно работење, колекцијата и програмата на МСУ – Скопје во 60-тите, 70-тите и во 80-тите сведочи за едно радикално космополитско, транснационално наследство на социјалистичка југоисточна Европа.

„Скопје одново“ ќе понуди и отворена јавна програма, која преку филмски проекции, работилници, предавања и водење низ изложбата ќе ги претстави и разните аспекти на изложените дела и архиви.

Јавната програма се развива во соработка со Кара Мејнс (кураторка во Музејот за модерна уметност во Њујорк – МОМА), програмата за уметничка критика со Кет Хариман (новинарка од САД, која пишува за медиуми, како Vice, Cultured), визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска-Зарапчиев, а дизајнот на изложбата е на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков. Постановката во Скопје ќе биде отворена сè до 18 февруари следната година.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија14 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа15 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ18 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ19 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ20 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ22 часа

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт22 часа

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија23 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион23 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион24 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион24 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија1 ден

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие