Контакт

Култура

(Видео) Министерот за култура, Асаф Адеми, поднесе оставка

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, денеска поднесе оставка од функцијата, а ова го соопшти на прес-конференција во партиското седиште на Алтернатива во скопска „Мавровка“.

„Побарав да се повлечам од должноста министер за култура. Оставката ја поднесувам од здравствени причини. За неа се подготвував и пред изборите, но не сакав таа да влијае на изборниот процес и одлучивме дека нејзиното објавување ќе го направам на крајот од процесот. Мојата официјална оставка му ја дадов на премиерот, г. Зоран Заев, на кого исто така му благодарам за добрата соработка и до назначувањето на новиот министер. ќе продолжам да ги исполнувам обврските кон Министерството за култура“, изјави Адеми.

Оставката ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши. Асаф Адеми е втор министер за култура во актуелната Влада. кој се повлекува од функцијата. Пред него Министерството за култура го водеше Роберт Алаѓозовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Културното и книжевно богатство на Тетово собрано на едно место

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска оствари работна посета на повеќе институции од областа на културата во Тетово.

Како што информираат од ресорното министерство, во рамки на посетата Исмаили се запознал и со текот на изградбата на објектот на културно-образовниот центар во кој ќе биде сместена библиотеката и театарот од овој град.

Министерот истакнал дека со реализацијата на проектот граѓаните на Тетово ќе добијат ново репрезентативно место за остварување на културните активности, место во кое љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во творештвото на врвните уметници, а воедно, како што рекол, ќе се овозможи и зачувување на големото културно и книжевно богатство што го поседува градот.

Исмаили го посетил и Музејот на тетовскиот крај, каде од директорот на оваа институција бил информиран за реализацијата на проектите кои се поддржани од Министерството за култура.

Во рамки на посетата министерот направил обиколка и низ симболот на градот, познатото Тетовско Кале – Бал Тепе, каде по завршувањето на административните процедури треба да почнат активности за конзервација на влезниот дел од тврдината.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа

Објавено пред

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа.

Веќе финишираат подготовките за фестивалот „Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.

На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од Театарот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Форми во црно” – изложба на Мице Јанкуловски во Куманово

Објавено пред

Утре, во 20 часот, во Уметничката галерија во Куманово, ќе се отвори изложбата на Мице Јанкуловски.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во земјата. На изложбата ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно, од Форма 3. – најновата фаза од 50-годишното творештво на Јанкуловски. Форма 3 се карактеризира со: монохромност (зашто сите слики се насликани само со една боја – црната), модуларност (сликите се со разни димензии, но сите меѓусебно се во некој однос), мултипликација (создава посебни дела со мултипликација на повеќе дела) и минимализам – создавање на своите дела со минимум елементи.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку. Тој е препознаен од професионалната јавност во светот како најизразит претставник на апстрактната уметност во Македонија.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на Остен-павилјонот Венеција, Италија; галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; Архиви дела Мизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…
Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Сент Петербург, Русија, и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија11 час

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија13 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет13 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа15 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ20 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ20 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија21 час

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија22 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија22 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет23 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија23 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа24 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија2 дена

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија2 дена

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија2 дена

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија2 дена

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Досие