Контакт

Актуелно

Министерот за култура во Париз со осврт за културниот дијалог на национално и на локално ниво

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Париз се обрати на Форумот на министрите за култура, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

Во своето обраќање пред присутните, Исмаили се осврна на механизмите за промоција на културните изразувања во нашата земја и иницијативите кои поттикнуваат вклучување и културен дијалог на национално или на локално ниво.

„Во оваа пригода сакам да изразам благодарност до УНЕСКО за неговите напори, иницијативи и активности, што ја препозна улогата на културата, особено културната различност и културното наследство како витални елементи во современите општества“, рече Исмаили.

Тој во обраќањето ги спомна и актуелната Стратегија за развој на културата (2018-2022) и националното законодавство (Законот за заштита на културното наследство, Законот за културата), кои, како што рече, предвидуваат механизми и активности за да се обезбеди заштита на вредностите на културното наследство.

Во контекст на промоцијата на културната разновидност, Исмаили потсети дека во 2017 година на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото биле впишани мултинационалната апликација „Културни практики поврзани со 1 март – Мартинки“ и „Пролетната прослава Хидрелез“.

На Форумот на министри за култура, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО од 12 до 27 ноември, учествуваат повеќе од 140 министри за култура и други високи претставници, информираат од ресорното министерство.

Главна тема на дискусијата е централното место на културата во јавните политики низ светот и нејзиното влијание врз одржливиот развој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина актерот Данчо Чевревски

Објавено пред

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за драмски актери, а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“…

Добитник е на повеќе награди во текот на својата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Танц фест 2020 – дводневен уметнички спектакл на отворено

Објавено пред

Викендов, под мотото „Потрага по допир“ се одржа шеснаесеттото издание на фестивалот Танц фест Скопје. На отворената сцена кај МКЦ, публиката уживаше во петнаесет авторски кореографии на млади домашни и гостински кореографии кои го одбележаа 30. јубилеј на македонската современа танцова сцена.

„Исклучително е чувството успешно да се реализира настан во овие околности, а особено годинешниот јубилеј од триестгодишното постоење на македонската танцова сцена. Работевме во рестриктивни околности, но публиката ја почувствува и се соживеа со љубовта што ја прикажавме на сцена. Особено се радувам што и покрај сè, имавме и гостински танчери, дел од програмата ФОКУС:САД кои на љубителите на танцот им покажаа една поразлична димензија, во живо и преку танцови филмови. Годинава на Танц фест Скопје дебитираа најголем број македонски кореографи што навистина ветува. Ќе продолжиме посветено да работиме и да ги шириме границите преку она што најмногу го сакаме – танцот“, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на фестивалот и кореограф која оваа година прослави 30 година активно кореографско творештво.

Покрај младата кореографка Адријана Данчевска, која годинава, покрај авторската претстава се потпиша и на истоимениот прв македонски танцов филм „ДОМА“, со свои кореографии се претставија Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Ивана Балабанова, Валентино Апостоловски, како и апсолвентите при УГД – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Како дел од годинешниот репертоар, фестивалот за првпат ја претстави програмата ФОКУС, со кореографи и танчери од Соединетите Американски Држави – Меган Бриџ и Кристин Бонансеа, кои гостуваа на фестивалот, но и Шамел Питс, кој се престави преку својот танцов филм “Lake of Red”.

Традиционално, и оваа година се додели наградата „МЕНАДА за животно дело“, која ѝ припадна на американската танцова легенда, госпоѓата Џоан Мајерс Браун, и „МЕНАДА за млад уметник во областа на танцот“ со која се закити првата македонска балерина со професионален ангажман во рускиот Бољшој – младата Стефанија Гаштарска.

Како дел од дневната програма на фестивалот, се одржаа неколку танцови работилници со кореографките Меган Бриџ и Кристин Бонансеа, а свој настап како дел од програмта „Танцуваме со Виталија“ имаа и танцовите студија „Reverence” од Струмица, „УЛТРА“ од Куманово, „Анабела“ од Велес, „АКВА“ и “Beatrix Crew” од Скопје.

Дел од годинешните поддржувачи на Танц фест беа Министерството за култура, Град Скопје, американската амбасада и организацијата American Dance Abroad.

Покрај публиката која присуствуваше на отворената сцена во парк МКЦ, настанот беше проследен и интернационално, преку јутјуб-каналот на Танц фест Скопје.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Потрагата по допир“ – 16. издание на Танц фест Скопје

Објавено пред

Вечерва и утре, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во парк МКЦ, публиката ќе може да ужива во најголем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Покрај нив, од танцовиот маратон со кој ќе се одбележи 30. јубилеј на македонска современа танцова сцена ќе бидат дел и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите Consent и Morphic Resonance и Кристина Бонансеа со исклучителната GAMER, кои ќе се претстават пред публиката во живо, додека делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамките на фестивалот, за првпат како дел од програмата ФОКУС:САД.

И покрај новиот амбиент и отворена сцена за годинешното издание на Танц фест, заинтересираноста на публиката е исклучителна. Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број нместа, согласно протоколите донесени од страна на надлежните.

На фестивалот за првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „ДОМА“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.

Публиката ќе има можност програмата да ја проследи и онлајн, интернационално, преку јутјуб-каналот на Танц фест, како и преку националната МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и американската амбасада во Скопје.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

934 нови случаи на Ковид- 19, починаa пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на...

Свет10 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија10 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет11 час

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет12 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија12 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион13 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија15 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија15 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија17 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија18 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија19 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион19 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија20 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно20 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа21 час

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа22 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа22 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет1 ден

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија1 ден

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Досие