Контакт

Изложби

Министерот за култура се обрати на изложбата на доајенот на македонското современо вајарство 

Објавено пред

Синоќа во Даутпашиниот амам пред многубројните љубители на уметноста беше отворена ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски – Дада, доајен на македонското современо вајарство, а на отворањето на изложбата се обрати и министерот за култура, Асаф Адеми, соопштуваат од неговиот кабинет.

Адеми во својот говор истакна дека оваа изложба е само уште еден во низата значајни настани со кој Националната галерија на Македонија годинава го одбележува своето седумдецениско постоење и која преку ваквите ретроспективни изложби дава свој придонес во негувањето и презентирањето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашата земја.

„Затоа е чест што вечерва сум опкружен со делата на уметникот кој со својот исклучителен и оригинален творечки израз остави особен печат во развојот и афирмацијата на современата македонска скулптура, но и за промоција на македонската култура во светот“, рече пред присутните министерот за култура.

На изложбата, која ќе биде отворена до 24 ноември, претставени се над стотина дела (скулптури и цртежи) од сите фази од творештвото на Драган Попоски – Дада, кој почна во далечната 1964 година. Делата што се претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции, како и на значаен број приватни сопственици, додаваат од Министерството за култура.

 

Изложби

Изложба на фотографии за проектот ,,Во моите чевли/In my shoes”

Објавено пред

Во рамки на годинешната програма поддржана од Министерство за култура на Република Македонија, на 17 ноември (сабота) 2018 година, во Mултимедијалниот центар „Мала станица” (19 часот) ќе се отвори изложба на модни фотографии, како завршна фаза од проектот со наслов „Во моите чевли”.

Проектот имаше за цел да ги истражи потребите на лица со попрeчен вид, церебрална парализа и Даунов синдром, при процесот на селекција и купување облека. Посетителите на овој настан ќе имаат можност да се запознаат со индивидуалните потреби на секој од учесниците и различни начини како може да се воведат нови инклузивни решенија во текстилната индустрија во Македонија, со фокус на малопродажните канали.

„Инспирацијата за создавање на овој проект дојде од предизвикот со кој се соочуваат лицата со попреченост во процесот на селекција, купување и користење на облеката, времeто што им е потребно да се облечат и подготват наутро, помошта што им е неопходна за селекција на облеката или облекување на истата, информациите за одржување на облеката, постојаната потреба за корекција и адаптација на облеката, како мал дел од предизвиците на лицата со попреченост“ – велат авторите на проектот: Маја Ѓуреска (моден дизајнер), Антонија Гугинска Јорданова (моден дизајнер) и Росица Колева (специјален едукатор).

Благодарение на професионалноста и соработката на учесниците: Јулијана Петковска, Никола Колев, Ема Ананиевска, Игор Петров и Искра Донева, како и соработниците и поддржувачите на овој проект: Fashion Group – Скопје, Музеј на современа уметност, Елена Бојаџиева (автор на фотографија), Мартина Димовска (комуникации), Гораст Цветковски, Ирена Сенокозлиоска (шминка), Јована Соколоски (фризура), Винарница Картал, Винарница Камник, Пиварница – Скопје и сите останати пријатели, овој проект в сабота ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани. Изложбата ќе биде поставена за посетители до 20 ноември  2018 г., а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Изложби

В понеделник самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Во понеделник, 19 ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно почнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега учествувал на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година некои од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјата, како и во странство.

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски – Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинира во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјата и странство. Во неговите дела, покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепија, пастел).

 

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

Објавено пред

На 22 ноември (четврток), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“, како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“.

На настанот ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на „Остен“.

Настанот е под покровителство на премиерот Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата. На отворањето ќе присуствуваат и уметници и карикатуристи од целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Вести3 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија3 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет5 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија6 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски8 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион8 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет10 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Досие