Контакт

Култура

Министерството за култура ги поддржува барањата на вработените

Објавено пред

Министерството за култура ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања и посветено, заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК подолго од една година работи на подготвување на нормативните услови за донесување модерни законски акти кои во што пократок временски период ќе овозможат остварувања на барањата на синдикалните организации.

Од Министерството велат дека предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата е услов за подготовка на Колективниот договор. Додаваат дека предлог-законот е во завршна фаза, и дека работната група ги внесува забелешките доставени преку ЕНЕР и од страна на надлежните органи, како последна фаза, пред да го предаде текстот во Владата на усвојување.

„Укажуваме дека предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата и предлог-текстот на Колективниот договор, во Министерството за култура се подготвени уште од минатата година, но се чекаше усогласување со новите измени на прописите за јавна администрација, кои сега се достапни на јавноста.

Со оглед на тоа дека е утврден концептот на новиот закон, во Министерството за култура засилено и посветено работи со работната група за подготовка на Колективниот договор за културата, во која се вклучени членови на СКРМ и на СОНК. Со КД се очекува, покрај другите прашања од областа на работните односи, да се надминат и присутните проблеми во утврдувањето на платите на вработените во установите во културата. Со КД, заедно со синдикатите ќе се елиминира дисбалансот на платите помеѓу одделни дејности и ќе бидат утврдени објективни коефициенти за висната на платите во културата.

Се очекува во наредниот период Колективниот договор да биде ставен на јавна расправа по основните организации на синдикатите во установите од културата, и дека ќе биде применлив од 1.1. 2020 година“ се наведува од Министерството за култура.

Култура

Речиси 60 основци од Македонија дел од младото жири за избор на најдобар европски филм за млада публика

Објавено пред

Од утре па до недела 60-ина деца од неколку основни училишта од Македонија, на возраст од 12 до 14 години, седми пат ќе бидат во улога на жири-комисија за избор на најдобар европски филм за млада публика.

Поради актуелната ситуација, и оваа година целиот процес ќе се одвива онлајн на веб-платформата на EFA Young Audience Award, а основците филмовите ќе може да ги гледаат со превод на македонски јазик.

По проследувањето на филмовите, учесниците, како дел од европското жири, ќе го дадат својот глас за трите номинирани филма: Pinocchio, The crossing и Wolfwalkers и ќе го изберат својот фаворит.

Во рамките на денот за оценување/гласање основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито од 37 земји од Европа преку платформата International Chat Booth – Hello Europe.

По сумирањето на резултатите од сите 38 земји од Европа, в недела, 25 април, во 19 часот, комплетно онлајн на веб-страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu) ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата за најдобар филм од млада публика.

Оригинални наслови на филмовите, режија, продукција:

PINOCCHIO на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција), 2019

THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN) на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција), 2020

WOLFWALKERS на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција), 2020

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ

Објавено пред

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, денеска ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје којашто љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до крајот на месецов, секој работен ден од 9 до 17 часот.

Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.

Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.

Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.

На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.

На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.

Прикажи повеќе...

Култура

Љубовна приказна за човек и октопод кандидат за „Оскар“ за најдобар документарец

Објавено пред

Домашните миленици лесно можат да се поврзат со луѓето, но кога див октопод ќе се спријатели со нуркач и ќе стане негов животен тренер, таа вистинска приказна постигнува номинација за најдобар документарен филм за „Оскарите“ оваа недела (25 април).

Десет години во фаза на создавање, „Мојата учителка октопод“ започна како личен видеопроект на јужноафриканскиот режисер Крег Фостер со цел да ја обнови врската со природата, набљудувајќи еден љубопитен женски мекотел во водите во близина на Кејптаун.

Таа со него го споделувала својот таен живот во подводна шума со алги секој ден, цела година, пред нејзината смрт по парењето и положувањето јајца, а двајцата развиле длабока врска.

Фостер изјави дека неговата врска со октоподот го научила на кревкоста на животот и нашата поврзаност со природата, па дури и му помогна да стане подобар татко.

Фостер, кој тагувал поради загубата на својата пријателка, му ги покажал своите снимки од 3,000 часа на колегата нуркач и режисер Пипа Ерлих, кој снимил дополнителен материјал од пејзажот под студените води на False Bay во близина на домот на Фостер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија5 часа

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија6 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија7 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет8 часа

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија9 часа

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија9 часа

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија10 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа10 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет11 час

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија13 часа

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија1 ден

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа1 ден

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија1 ден

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа1 ден

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија1 ден

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија1 ден

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија1 ден

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија1 ден

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Досие