Контакт

Култура

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Објавено пред

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови.

„Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош, Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, се вели во соопштението.

Изложби

„Морфолошка дезагрегација“ – изложба на скулптури на Слободан Милошески

Објавено пред

Во Галеријата MЦ во Њујорк, САД, со почеток од 18 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат со наслов „Морфолошка дезагрегација“ од авторот Слободан Милошески.

„Критичарите на уметноста го сметаат еден од најдобрите македонски скулптори Слободан Милошески – Цобе во групата уметници што работат во доменот на апстракно-минималистичкиот концепт поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од разни размери. Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност, која се потпира на однапред спремени постулати и идеи логично артикулирани. Слободан Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли, тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се потпираат, навалуваат и искривуваат во неочекувани позиции. Ваквата конструкција на овие скулптури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност што доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот Милошески ја реализирал својата основна замисла делото да биде спроводник за духовни работи и како целта да му е скулптурата да биде на работ од соништата.

Од друга страна, Милошески ја брани идејата дека уметноста е чисто објективна и владеат закони што ја третираат уметноста не како чин на имагинација, туку чин на набљудување, перцепција и манипулација со формата. Во контекст на оваа филозофија неговото разбирање на скулптурата е чисто субјективно, но управувано со закони што владеат во релацијата маса – простор. Аксиомите, кои се нагласени во неговата уметничка постава, акцентираат идеја дека скулптурата е покажување на точност и игра на закони во простор. Од овие премиси се развива неговата лична теорија за геометрија базирана на рационална естетика во рамките на интуитивна уметност, која побарува апсолутна математичка ригорозност, каде што ништо не треба да се додава, ниту да се отстрани. Чувството на целосна точност“, вели историчарот на уметност проф. др Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Милошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р. Бугарија, на катедра та Скулптура.

Досега има реализирано 20 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 60 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовните уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во простор, меѓу кои: скулптурата на Живо Чинко, Ристо Шишков, спомен-облежјето на Првото заседание на АСНОМ, скулптурата на Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Муза (наменета за фасадата на објектот „Стар театар“), како и две скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР. Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Изложбата ќе биде отворена до 30.11.2019 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на „Проект Жлуст“ во мултимедијалниот простор „Кафе и филм котур“

Објавено пред

По 10 години пауза, „Проект Жлуст“ ќе одржи концерт в среда, 27 номеври, од 21 часот во „Котур кафе и филм“.

Ќе настапи со композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир. Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот, кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави многубројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Премиера во „Театар комедија“: „Вечера на глупаци“ на Стеријовска е несекојдневно театарско доживување

Објавено пред

На сцената на „Театар комедија“ утревечер во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата „Вечера на глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска. Станува збор за претстава која ќе направи деконструкција на четвртиот ѕид, односно публиката ќе може да ја гледа актерската игра несекојдневно блиску.

„Со сценаскиот израз инспириран од филозофијата на познатиот француски надреалист Рене Магрит во неговата ‘Ова не е луле’ (ѕуку слика од лиле), во оваа претстава истражуваме за начинот на раскажување приказна и експериментираме со деконструкција на класичната физичка дистанца помеѓу гледачот и дејствието на приказната. Имено, гледачите се поставени во воајерска позиција, односно тие се самите обрач на станот во кој се случува дејствието. Тие директно и безмалку однатре го чувствуваат течението на приказната, што, пак, лично нив ги става во воајерска позиција од која ќе може да ги следат невообичаените ситуации што им се случуваат на протагонистите. Со тоа концептот на некој начин го коментира, па и го казнува ликот кој решава воејерски да им се исмејува на послабите од него, со тоа што му конструира ситуација во која и тој самиот е жртва на воејеризмот на публиката. Сметам дека театарот мора да станува сè повеќе иновантен и атрактивен за публиката за истата да има мотив да стане од своите домашни фотелји и да има желба да дојде во театар“, рече режисерката Стеријовска на денешната прес-конференција.

Претставата е подготвувана два месеца, а креативниот тим го сочинуваат: Ана Кркулевска-Попоски, сценографија и костимографија, Дарко Ристески – асистент на сценограф, Алаксандар Јорданов – избор на музика и Владимир Димоски – дизајн на светло.

„Вечера на глупаци“ е приказна која го коментира високото француско општество, кое презаситено од сè што може да се овозможи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните.

„Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и персpективата од која тоа се доживува. Во дејствието се раскажува за еден претставник на високото општество, кој по серија случајни несреќи што му се случуваат, заглавува на вечера со претставник на онаа група што планирал да ја исмева. Низ таа фарса од ситуации се отвора прашањето за тоа кои се вредностите што креираат квалитетен живот: дали тоа може материјално да се поседува и општествен сталеж, или способноста да се сочуствува и да се биде искрен? Земајќи ја предвид сè поголемата поделеност на општеството на богати и сиромашни, на социјално прифатени и социјално несоодветни, оваа приказна ги открива и другите нијанси меѓу крајностите, во кои може да се види дека среќата е апстрактен концепт, чија предвидливост и контрола порано или подоцна стануваат мит“, вели Стеријовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Свет5 часа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинет за корупција

Израелски јавен обвинител го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за мито, измама и кршење на довербата во три одделни случаи. За...

Македонија6 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија6 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија8 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија9 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија12 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија13 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија14 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија15 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија15 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет16 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет16 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија16 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија1 ден

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија1 ден

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа1 ден

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија1 ден

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Досие