Контакт

Актуелно

Министерството за култура отвотено за барањата на синдикатот на културни работници

Објавено пред

Од министерството за култура велат дека во неодамнешниот процес на нивелација на платите во сферата на културата, учество земале сите релевантни фактори меѓу кои биле и репрезентативните синдикати од областа на културата.

„Во оваа смисла, а во врска со соопштението на Синдикатот на културни работници на Македонија (СКРМ) во кое се бара ревизија на спроведената нивелација со вклучување на претставници на СКРМ, итно усвојување на новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата, како и потпишување на колективен договор до 30 септември годинава, Министерството за култура информира дека ги почитува барањата од културната јавност и од СКРМ и дека во заедничка спрега со институционалната култура, со граѓанските здруженија и поединци од областа на културата како и со репрезентативните синдикати во културата посветено работи за донесување на правна рамка и колективен договор со коишто ќе се решат покрај другите отворени прашања како финансирањето на јавниот интерес во културата, така и негативните состојби со платите и ќе се регулираат сите досега отворени прашања во врска со работниот однос на вработените во културата“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Во него се додава дека рокот за потпишување на колективен договор до 30 септември годинава со почеток на спроведување од 1 јануари 2020 година, истакнат во барањата на СКРМ е прифатлив рок и дека како надлежна институција министерството ќе работи посветено, конструктивно и ангажирано за подобри услови за работа во сферата на културата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Хуманитарен концерт и донаторска акција за лекување на Јана Арсовска

Објавено пред

Во рамките хуманитарната акција за лекување на Јана Арсовска (33) од Охрид, која боледува од многу редок карцином, во сабота 12 октомври од 19:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одржан хуманитарен концерт под мотото „ЗАЕДНО ЗА ЈАНА“ на кој ќе настапат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Танески и Владимир Четкар.

Цената на влезницата е 300 денари, а сите собрани средства ќе одат на сметката за лекување на Јана.

Во рамките на првиот месец од кампањата за собирање средства за лекување на Јана, на сите сметки (банкарските денарска и девизна, броевите за донации преку телеком операторите и интернет донирањето на gofundme.com/hopeforjana) собрани се речиси 80.000 евра, додека пак цената на целокупниот третман во Барселона чини 213.329 евра.

Болницата во Барселона, која се согласи да ја лекува Јана, не прифаќа аванс за почеток на терапија, туку бара истата да биде исплатена во целост пред почетокот на лекувањето. Токму затоа акциите за донации мора да зачестат и да добијат на поголем обем.

Охриѓанката  Јана Арсовска (33) е болна од многу редок карцином, адултен неуробластом во рамките на чие лекување двапати беше трансплатирана со коскена срж (2016 и 2018 година) со поддршка од ФЗО на Република Македонија.

По втората трансплатација специјалистите од клиниката во Фленсбург, Германија, каде Јана била лекувана препорачале итно продолжување на лекувањето со имунотерапија, нешто што беше одбиено од Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително, од страна на ФЗО не и била понудена алтернатива за третман на болеста и покрај одбивањето на итното барање на германските специјалисти, кои неколку пати нагласиле дека без имунотерапија животот на Јана е сериозно загрозен.

Јана е веќе 10-ти месец без терапија, а донаторската акција во моментов е единствената надеж дека ќе успее да ги собере парите за терапијата која е докажана со децениски истражувања и е дел од стандардните протоколи за лекување на оваа болест во сите развиени земји во светот.

Хуманитарниот концерт во Охрид е само еден од настаните преку кои одговорните граѓани во Македонија наоѓаат начин како што побргу да и помогнат на Јана да ја добие шансата која ја заслужува.

„Изминатите 10 месеци поминаа во чекање на човечност, хуманост и почитување на законите од институциите кои потфрлија и ја оставија на немилостa на опасниот и редок канцер, односно на милоста на хуманите и одговорни граѓани, индивидуалци, групи и компании. Останатите начини за донирање во секој еден момент се преку мобилните оператори Т-Мобиле на 143 -143 и преку А1 на 143-467. Донации преку денарска жиро сметка може да се уплатат на 5305-0001-0490-410, Охридска Банка а сметката за банкарски уплати од странство е IBAN:MK07530280003077681 , SWIFT: OHRDMK22. Преку интернет може да се донира на страницата gofundme.com/hopeforjana“, информираат од тимот кој се бори Јана да добие соодветен медицински третман.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Започна 34. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Објавено пред

Со препознатливата макфестовска химна, синоќа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип започна 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест”.

„Задоволство е да се биде на еден фестивал, кој долги години, почнувајќи од далечната 1986 година во контиунитет е бренд на градот Штип, но истовремено е и симбол на препознатливост на нашата музичка култура и во многу пошироки рамки“, истакна Министерот за култура Хусни Исмаили пред почетокот на првата фестивалска вечер на „Макфест“.

Тој додаде дека овој фестивал на забавната музика, кој опстојува 34 години стана бренд не само на градот Штип, туку е и манифестација која овозможи бројни сегашни музички ѕвезди да блеснат на сцената за прв пат.

„Овој фестивал можеби е и повеќе на текстописците, на композиторите и на многу луѓе коишто работат позади сцената, вклучувајќи ги и новинарите. Со еден збор сакам да кажам дека поради значењето на овој фестивал, ние како Министерство за култура и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме, а како што и оваа година беше и нашата најголема поддршка во однос на минатите години“, вели Исмаили.

Во рамки на 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени 30 композиции, а финалната вечер е во сабота.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ од Хрватска на „Словорум“ во Струмица

Објавено пред

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во петок (11 октомври), во коктел бар South side со почеток во 19:30 часот, организира Балканско поетско читање и разговор (Словорум) со поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ (Хрватска). Разговорот ќе го води и модерира Митко Гогов.

„Секојдневно сме сведоци на огромната книжевна продукција и во овие брзи времиња навистина е важно да бидеме во тек со современите пристапи во литературата, односно поезијата. Танос Гогос и Марија Дејановиќ се пример за тоа како патувањата, флексибилноста, адаптацијата во различни простори, номадството, ослободувањето од наметнатите стандарди и норми во општеството можат да бидат круцијален елемент, инспирација за творење, преиспитување на познатите светогледи и аспекти на животот, но истовремено и откривање на пространства кои дополнително не мотивираат за истражување“, велат од здружението „Контекст – Струмица“ во најавата за настанот.

Од таму објснуваат дека „Словорум“ има за цел да направи простор за словото кое доаѓа од различна дирекција и има за цел да облагороди онаму каде што се слуша и да продолжи понатаму во насока полезна како за постоењето на мислата сама по себе, но и на зборот, речта и делото како патоказ кон правото поетско реализирање.

Гостувањето на Гогос и Дејановиќ е прво во низата гостувањата на меѓународни автори предвидени со проектот „Словорум“ кои треба да се претстават пред струмичката публика.

До крајот на месецот „Контекст – Струмица“ ќе ја претстави творечката работа и граѓанскиот активизам со помош на женското писмо на поетесата Дорит Вајсман од Израел.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Објавен идентитетот на возачот на камионот во кој беа пронајдени 39 лешeви

Возачот на камионот кој беше уапсен откако во приколката на товарното возило во Есекс, Англија беа пронајдени 39 безживотни тела...

Европа5 часа

Борисов: Камионот со 39 безживотни тела не бил во Бугарија од 2017

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во...

Топ6 часа

Скопјанец тешко повреден откако паднал од петтиот кат на зграда во Аеродром

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во раните утрински часови на 22. октомври во полиција...

Македонија7 часа

Заев: Јас ќе бидам кандидат за премиер и ќе ја водам кампањата

Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам канидидат за премиер, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев. Одговарајќи на...

Македонија9 часа

Европскиот Парламент утре ќе гласа за резолуцијата со која го поддржува проширувањето на ЕУ

Европскиот Парламент ќе гласа утре за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија...

Македонија11 час

Мицотакис: Преспанскиот договор е нагативен за нас, но ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност...

Европа12 часа

Јункер во последниот говор: Чувај се Европо и бори се против национализмот

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод-Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата...

Македонија13 часа

Уште четири земји треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение информира дека преостануваат ратификации од уште четири земји членки, до официјално пристапување во НАТО....

Македонија14 часа

Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Македонија14 часа

Европарламентот со вонредна резолуција повторно ќе бара преговори со Македонија

Европскиот Парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за...

Македонија14 часа

Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 1...

Свет1 ден

Пропадна планот на Џонсон за брегзитот

Британските законодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот, но одбија да биде усвоен во рок од три...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Ердоган го објавија планот за Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, која траеше повеќе од шест часа, соопшти...

Македонија1 ден

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување 60.000.000 денари од буџетот за 2019 година за чистење на...

Македонија1 ден

САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца...

Топ1 ден

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија1 ден

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија1 ден

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија1 ден

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија1 ден

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Досие