Контакт

Култура

Министерството за култура: Почна процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти

Објавено пред

Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и заклучокот на Владата,  со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто-плата за 10 отсто.

„Владата обезбеди Општ колективен договор со кој сите добиваат повисоки плати за 10 % и праведно е и во ресорот култура вработените да ги добијат еднакво правата што се овозможуваат со Општиот колективен договор, што Министерството за култура го спроведува. По преговорите со синдикатите, СКРМ и СОНК, за наоѓање најсоодветно правно решение за почитување на заклучокот и за спроведување на Општиот колективен договор, платите почнаа да се исплатуваат по претходно добиените акти и пресметки од страна на директорите на установите“, велат од Министерството.

Од тука ги уверуваат синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за, како што велат тие, „злоупотреба на заклучокот на Владата за доследна примена на Општиот колективен договор обидувајќи се преку наводно постапување по него да ја ограничи основната бруто-плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со колективните договори“.

Синдикатите што ги претставуваат вработените во областа на културата не го прифатија предлогот кон анексот на колективен договор за култура за регулирање на начинот на исплата на плата. Во целиот процес, велат од Министерството, беа одржани неколку состаноци, вклучувајќи го и последниот, на кој присуствуваа и претставници од Министерството за финансии и од Државниот инспекторат за труд, при што синдикатите беа известени дека поединечните решенија се единствениот законски начин за исплата на плата. Министерството за култура потенцира дека воопшто не се работи за носење едностран акт за права од работен однос, туку исклучиво за постапување во согласност со закон и носење решение за плата како поединечен акт од индивидуално правен карактер на работникот.

Временското ограничување до февруари 2024 година, како што објаснуваат од Министерството, е поради фактот што во март 2024 година ќе има ново усогласување на постојната минимална плата и ќе се применува колективниот договор што е поповолен за вработените во јавниот сектор, при што по овој период вработените лица ќе добијат нови решенија за исплата на плата.

„Нема никаква заднина во спроведувањето на заклучокот на Владата за покачување на основната плата во јавниот сектор за 10 проценти, што важи за целата држава. Имено, начинот на утврдување на основната бруто-плата е дефиниран во колективниот договор за култура, а со поединечните решенија за плата само се констатира износот, се разбира зголемен за 10 % во согласност со член 14 од Општиот колективен договор“, велат од Министерството.

 

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт3 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава5 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава5 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...