Контакт

Култура

Министерството за култура со реакција за финансирањето на филмот „Ругање со Христос“

Објавено пред

Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура и заедно ги осудуваме решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството во врска со, како што велат, скандалозниот филм „Ругање со Христос“, финансиран од Aгенцијата за филм во 2015. година.

Од Министерството информираат дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото.

Култура

Изложба на современ накит „Флора vs фауна“

Објавено пред

Од

Во организација на KAPKA Jewelry, на 26 септември (среда), со почеток во 20 часот во еден од најстарите музеи во Македонија, Природно-научниот музеј во Скопје ќе биде отворена групна (меѓународна) изложба на современ накит насловена „Флора vs фауна“.

Петмина извонредни дизајнери ги здружија своите креативни сили и создадоа прекрасни парчиња под заедничко име „Флора vs фауна“.

Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката за флората и фауната, направија единствени парчиња накит, кои можат да се погледнат во необичните простории на Природно-научниот музеј.

Постановката ќе биде отворена до 30 септември и посетителите ќе можат да ја погледнат во овој период од 9 до 16 часот.

„Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно нè воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас… Инспирација која нè понесе нас петмина и нè донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со вас“, велат дизајнерите на накит.

Прикажи повеќе...

Култура

Легендарната Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Објавено пред

Од

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска, во попладневните часови, пристигнаа во Македонија.

Актерката, која е придружувана од својата ќерка, изрази заинтересираност да ја запознае земјата што ѝ оддава почест со наградата „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија.

Веднаш по пристигнувањето, таа рече дека ѝ се допаѓа што кај нас е топло и сончево и дека првите впечатоци ѝ се позитивни.

По кусиот одмор во Скопје, Кардинале продолжува кон Битола, каде што утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ќе ѝ биде врачена наградата.

Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на „Златна камера 300“ за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија со својата сопруга Изабела.

Тој веќе пристигна во Битола, каде што го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а в понеделник (24 септември) тој ќе одржи мастер-клас во рамките на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Почна 13-тото издание на „Модерен Истанбул“

Објавено пред

Тринаесеттото издание на „Модерен Истанбул“ ќе им посака добредојде на повеќе од 80 галерии од 22 земји од светот. Уметничкото случување ќе трае од 20 до 23 септември.

Камијар Малеки, директорот на настанот „Модерен Истанбул“, вели дека учествуваат 54 меѓународни и 29 локални галерии. Малеки додава дека Програмата за поддршка на галериите била од голема помош во финансискиот дел.

„Сакаме да ги отвориме изложбите, без уметниците премногу да потрошат“, вели тој.

Најмалку 650 уметници со повеќе од 2.000 дела ќе земат учество во настанот, а изложбите ќе бидат збогатени со учеството на светски познати и реномирани галерии, но и посетени од страсни колекционери и вљубеници во уметноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток10 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток12 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија17 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ19 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија19 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија21 час

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија22 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија23 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија23 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија23 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет24 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија1 ден

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести2 дена

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион2 дена

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија2 дена

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 дена

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 дена

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие