Контакт

Култура

Министерството за култура ги повлече и проектите за промоција на сунетот и за гостиварската кујна

Објавено пред

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, информирше дека од спорните проекти што беа дискутирани во јавноста од годинашниот конкурс на Министерството, 10 од нив се повлечени од самите учесници.

Станува збор за проектите „Фестивал на албанската песна ‘Евент’ на Културно-уметничкото здружение ‘Евент 2012’ од Тетово, ‘Поетски бриз’ на здружението ‘Иновацион’, детскиот фолклорен фестивал на здружението ‘Бле АНД’ од Тетово, ‘Запознавајќи ги нашите вредности’ на Сојузот на албанските артисти АРТ – Тетово,  ‘Афирмација на албанската култура преку промоција на гостиварската кујна во Франција’ на Здружението „Дрита АГВ“ од Гостивар, ‘Афирмација и одржливост на албанската култура преку промоција на традиционалните обичаи на албанскиот сунет во Македонија’ на здружението „Дрита АГВ“ од Гостивар,  ‘Учество на 19. меѓународен фестивал’ на ансамблот ‘Звуците на Каршијака’, како и два проекта за реализација на концерти на културно -уметничкото здружение ‘Алегретто’“.

Вкупната сума на одобрени средства за овие повлечени проекти е 8.519.000,00 денари.

Актуелно

(Видео) Во август ќе биде објавен првиот филм на Кевин Спејси по секс-скандалот

Објавено пред

Од

Актерот Кевин Спејси се враќа на големото платно во филмот Billionaire Boys Club, што ќе биде негово прво појавување на филм по обвинувањата против него за сексуално вознемирување и признанието дека е хомосексуалец. Billionaire Boys Club е снимен пред скандалот, а во киносалите во светот ќе почне да се прикажува во август.

„Се надеваме дека обвинувањата што се однесуваат на еден од нашите актери, а кои не беа јавно познати кога филмот беше сниман, нема да му смета на ова остварување. Одлуката за пуштање на овој филм не беше воопшто лесна“, соопштиле дистрибутерите.

Филмот раскажува приказна за група момчиња кои во 80-тите години формирале клуб преку кој требало да се збогатат со измами. Спејси го глуми Рон Левин – измамник и хомосекуалец кој ќе биде убиен кога ќе измами голем број луѓе. Неговото тело никогаш не било пронајдено, па некои мислат дека тој сè уште е жив.

Филмот е во режија на Џејмс Кокс, а освен Спејси во него глумат и Ансел Елгорт, Тарон Егертон, Ема Робертс, Суки Вотерхаус…

Прикажи повеќе...

Култура

Народниот театар од Ниш со „Госпоѓа министерка“ вечерва на фестивалот „Гола месечина“

Објавено пред

На третата вечер од фестивалот на комедијата „Гола месечина“, вечерва во 21 часот на отворената сцена во спорсткиот центар „Ново Лисиче“ ќе биде изведена претставата „Госпоѓа министерка“, гостување на Народниот театар од Ниш.

Режисер на претставата на текстот од Бранислав Нушиќ е Душан Јовановиќ. Оваа претстава е оценета како моќна, возбудлива, динамична и интензивирана со трагикомична енергија.

„Современ приказ на лудилото од жедта за власт, сочна и смешна критика на менталитетот, но и прецизни урнебесни ситуации. Претставата е освежена со низа нови мотиви во споредба со текстот на Нушиќ, кој ги збогатува значењето на претставата и нејзините комични вредности“, пишува во каталогот за „Госпоѓа министерка“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“

Објавено пред

Од

Интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери“ по 17-ти пат се одржува од 15 до 21 Јуни 2018 во катедралната црква св. Софија во Охрид. На свеченото отворањето настапија Вероника Мона Богиќ – виолина (добитник на гранд при од 2016 г.) со гудачкиот оркестар на МШ „Даворин Јенко“ од Белград под диригентство на Ненад Петковиќ од Србија.

Од 2005 натпреварот станува член на Европската унија на меѓународни натпревари (EMCY), со цел промоција на млади музички таленти на европско ниво. Од какво значење е ова членување за одржувањето и развојот на професионализмот на музичко-педагошката дејност во Република Македонија говорат повеќе факти: EMCY е европска заштитна организација со над 60 Државни и меѓународни музички натпревари за млади музичари, со седиште во Минхен, ЕМСУ е придружен член на WFIMC (Светската организација на натпревари за млади), член на Европската музичка унија (EMC), на Меѓународниот совет на Унеско, соработува со Унијата на музичките училишта на Европа (EMU), како и со Светската организација на Музичката младина (JMM).

Високите професионални стандарди кои се пропишани за учесниците во оваа асоцијација (вклучително и за Охридски бисери) битно влијаат на сериозноста на пропозициите на меѓународните натпревари, како и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито. Овие компоненти од своја страна значајно го подигнуваат европскиот рејтинг на самиот натпревар благодарејќи на ЕMCY, повеќе од триесет млади македонски музичари гостуваа низ цела Европа: во Германија, Словачка, Италија, Австрија, Луксембург, Србија, Словенија… Од друга страна, млади музичари од повеќе земји се присутни во Охрид како учесници на Охридски бисери.

Генералното Собрание на престижната организација ЕMCY, во 2012 се одржа токму во Охрид, Македонија, во организација на музички и балетски педагози на Македонија, во склоп на натпреварот. На годинашниот натпревар пријавени се 81 учесник од повеќе држави: Русија, Германија, Кина, Романија, Чешка, Турција, Полска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија во дисциплините виолина и пијано.
Натпреварот го следи интернационално жири од меѓународно истакнати и признати музички изведувачи и педагози. Завршниот концерт на натпреварот ќе се одржи на 21 јуни 2018 во св. Софија во Охрид со почеток во 20 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

„Излези момче право на тераса“, пејат демонстрантите пред вилата на Иванов

Демонстрантите од пред Собранието вечерва се упатија пред Вила Водно, во знак на поддршка за претседателот Ѓорге Иванов. Интонирајќи ја...

Македонија2 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија4 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија9 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија11 час

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија11 час

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија12 часа

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија14 часа

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет14 часа

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија15 часа

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија1 ден

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија1 ден

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија1 ден

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 ден

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија1 ден

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Досие