Контакт

концерти

Мистериозниот електро поп-бенд Nipplepeople со сценски настап во Скопје

Објавено пред

На 8 октомври, сабота, со почеток во 21 часот ќе се одржи 12. издание на ПМГ Рекордингс фестивал со наслов „Градот ме тера да пеам“. Со квалитетна музичка понуда и на два музички подиуми, фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

На првиот и главен подиум гости и ѕвезди на фестивалот се Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска, еден од најпопуларните електро поп-бендови во регионот. Мистериозното дуо, кое на сцената настапува маскирано во ретро – футуристички костуми, веќе десетина години егзистира на сцената. Вистински куриозитет е што досега имаат дадено само неколку интервјуа за медиуми, а во едното од нив одговориле само со музички броеви. Преферираат публиката првенствено да ја прими нивната музика и сценски перформанс, наместо да говорат за својата музика, која одлично кокетира и со трип-хопот. Музичките критичари ги дефинираат како „перверзно среќен трип-хоп“, а нивниот сценски настап го споредуваат со оној на светски познатите бендови како The Knife и Goldfrapp. Нивната песна „Фрка“ е апсолутен хит во последниве години. Уникатниот сценски настап е нивно главно обележје, а скопската публика веќе има изградено одлична комуникација со бендот.

„Луфтханса“ е еден од македонските водечки бендови на новата генерација, кој носи свежина, автентичност и неисцрпни количества младешка енергија. Периодов го издаваат нивниот нов албум „Давор“ за ПМГ Рекордингс, а на фестивалот ќе се претстават со целовечерен концерт и тоа за првпат во нивната куса, но возбудлива кариера.

„Хајка“ е бендот на годината. Настапија на сите поважни настани низ земјата и патем ги освоија срцата на публиката. За нив се пишува, се зборува, а на ПМГ Рекордингс фестивалот во МКЦ, освен фуриозна свирка, очекуваме и промоција на нивниот нов видеоспот.

Програмата на главната сцена ќе ја надополнат и младите битолчани Cut Your Nipple и феноменалниот скопски електро етно-џез состав „Кантон6“.

Вториот подиум за танц, под името PMG Tanz Digital stage, ќе биде отворен во холот пред киното „Фросина“ и ќе биде целосно посветен на електронската музика. Настап во живо ќе забележи талентираниот кавадарчанец Зоран Веселинов, а со диџеј сетови ќе се претстават некои од најквалитетните имиња кои гравитираат околу ПМГ лејблот: Галатеа, Андреја Салпе и Виолета Качакова.

ПМГ Рекордингс фестивал е годишна смотра на истоимената дискографска куќа, која со повеќе од 200 изданија на современа македонска музика е водечка сила на домашната сцена во последниве децении.

„Градот ме тера да пеам“ е и наслов на компилација, која, како јубилејно 200. издание, наскоро ќе се појави на бенд кемп страната на „ПМГ Рекордингс“ и е достапна за слободен даунлоуд.

Влезниците се пуштени во претпродажба на билетарницата на МКЦ Скопје и онлајн. Цена на билетот во претпродажба е 400 денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа3 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...

Забава5 минути

(Видео) Нејзиниот настап на Светското првенство остана во сенка: Кејти Пери и Џастин Трудо го запалија интернетот со интимни сцени

Откако настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство, Кејти Пери веднаш се стрча боса кон своето момче, Џастин Трудо....

Забава16 минути

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт38 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника46 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника49 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија51 минута

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија54 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...