Контакт

Актуелно

МКЦ воведе специјализирана припејд-картичка

Објавено пред

За првпат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународно реномираните фестивали, Младински културен центар (МКЦ) воведе безготовински, припејд-систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд-картичка.

Во соработка со Шпаркасе банка, МКЦ за првпат на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“ воведе специјализирана припејд-картичка која ќе се користи за безготовинско плаќање на сите услуги во културниот центар. Со оваа картичка, посетителите на МКЦ ќе можат да купуваат пијалаци, работи на штандовите за продажба од изведувачите за време на фестивалите, како и производи од концептуалната продавница АП(O)ТЕКА, а наскоро истата ќе може да се користи и за градското кино „Милениум“.

„Со МКЦ-картичката се унапредува и модернизира продажбата на услугите во МКЦ согласно барањата на динамичната и модерна публика. Со користењето на припејд-картичката во голема мера ќе се намали метежот и чекањата, особено за време на големите фестивали и културни настани преку намалување на периодот на купување/плаќање, а истовремено ќе се зголеми ефикасноста на услугите, времето поминато за забава, но и зголемени приходи на оваа јавна установа“, велат од Град Скопје.

Исто така, додаваат од таму, станува збор пред сè за безбеден систем на плаќање кој не дозволува никакви финансиски малверзации.

Припејд-картичката изнесува 30 денари и може да се подигне од просториите на МКЦ и важи исклучиво за настаните во МКЦ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Филхармонијата почна со онлајн-продажба на билети за новата сезона

Објавено пред

Филхармонијата на РСМ со радост најавува дека од денеска почна онлајн-продажба на билети што директно може да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.

Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонијата, може да купат билет преку веб-страницата на Филхармонијата, каде што и може да се информираат и за условите и за начините на купување.

Новата концертна сезона на Филхармонијата се отвора на 26 септември (четврток) во 20 часот со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус.

На концертот со наслов „Моќта на Заратустра“ како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников, кој ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот, во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција што ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела.

Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Град Скопје 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Објавено пред

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19 до 22 септември, 28. пат, го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2019“, кој важи за симбол на пријателство меѓу децата.

Како што информираат од ДКЦ, во досегашното одржување на фестивалот Град Скопје и земајва биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца фолклористи.

„На фестивалот се поканети гости од Србија, Јагодина, Грција, Словачка и од Турција, а покрај гостите од странство, ќе учествуваат и македонски ансамбли“, се наведува во соопштението за „Оро без граници 2019“.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска.

Фестивалот ќе почне со најпознатите македонски игри и ора, кои ќе ги изведат членовите на игроорната секција од ДКЦ „Карпош“.

Децата игроорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и 28. пат ќе формираат едно големо оро без граници.

Покрај официјалниот дел, на странските гости ќе им бидат претставени и атрактивни локации во Скопје: Зоолошката градина, Музејот на илузиите, Старата скопска чаршија и знаменитостите на градот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Несоодветно за на работа“ и настап на „Тајгер лилис“ на петочната програма на МОТ

Објавено пред

Програмата на 44. издание на Млад отворен театар (МОТ) за петок (20 септември) продолжува на сцената на Драмски театар со претставата „Несоодветно за на работа“.

Светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет ја поставува „Несоодветно за на работа“ по текст на Луси Кирквуд.

„Низ серија екстремно луцидни и, за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во ‘Несоодветно за на работа’, Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество, прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација, која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни или амбициозни соучеснички во борбата, чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена“, се вели во најавата за претставата.

Во склоп на придружната програма на МОТ со почеток од 22 часот во МКЦ ќе настапат култните The Tiger Lillies кои за првпат доаѓаат во Скопје.

„За ова посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот, номинираните за Греми, ‘кумови’ на алтернативното кабаре – The Tiger Lillies ќе настапат со новиот албум. Нивниот свет е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел“, наглсуваат од организацијата на МОТ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Бојан Јовановски познат како Боки 13 одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите...

Економија39 минути

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија2 часа

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје...

Македонија3 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија3 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион3 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија4 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија4 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет4 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет5 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет15 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт18 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион22 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија1 ден

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Досие